Ви благодарам на одговорите Докторите не ми спомнаа за тестот ништо( бев и на матичен и на приватно) само ми кажа се гледаме во 12та недела за скрининг но јас сакам да го направам најмногу заради годините(35) и прва бременост. Ќе одам прво на скрининг ако не па по 2-3 дена крв да ми земат...
I jas sum 35 i prva bremenost i zatoa najmnogu pravev nifty pro. Mi zedoja krv vo sredata a na skrining si bev vo petokot. Ne cekav da pominam skrining pa da go pravam zosto bev sigurna deka ke go pravam. Taka da ako si sigurna deka ke pravis ne mora da cekas po skriningot.
Здраво Дали некој го има направено NIPT/ NIPT Plus во Биотек? Да споделите искуство....ново е кај нас , сега имаат промоција.
Здраво на сите, се обидов да се навратам назад во дискусиите, но не најдов некоја од нас која правела различен пренатален тест од Панорама, за близначка бременост преку ин витро. Дали има некој искуство со Nifty или Qualified за близнаци?
Јас не истражував многу, тој ми рекоа е најсоодветен за близнаци и тој го направив. Цената е скоро иста за сите.
Каде правевте Нифти тест и која цена е. До која недела најкасно се прави? Јас сум сега 9+5 но до сега доктор не ми спомнал да правам. Фала
Најубаво прво скрининг во 11+ недела па одма дента или утредента нифти. Прво на ехо да ти потврдат дека бебето е ок и се развива. Нифти правев во Гинекалис има бр на нет јави се и закажи ама прво закажи прв скрининг. Околу 40.000 види имаа и 10 посто попуст. До 13та недела се прави нифти имаш време. Со лесно
Ова не е точно. Нифти може да се прави и многу подоцна, дури и во 20тите недели, но заради навремена реакција доколку плодот е со аномалија се препорачува како и првиот скрининг, да се направи до 13+6.
А што не е точно?? На тоа и мислев до 13та полна недела за ако има нешто да се реагира затоа и кај нив кога се јавуваш ти викаат најкасно до полна 13та да го направиш.
Не е точно дека до 13та се прави. Слободно може и во 24та да се направи, имало случаеви на форумот што правеле Нифти толку доцна. Значи едно е до кога може да се направи, а друго е до кога е препорачливо да се направи.
Крв за нифти тестот може да се земе во било кој дел од денот или мора од сабајле ? И дали ја препорачувате Генеа лабораторија за правење на истиот ?
Нифти го прави Гинекаликс,а во Генеа е Центонипт.За зимање крв треба да се договориш со нивни претставници ќе ти закажат кога има слободни термини
Мамички ,ајде совет нам ни понудија Qualifed и Panorama пренатални тестови, дали ги правела некоја? инаку сум со инвитро, сопругот е над 35 години , и докторката ни го препорачува, искрено во околината кога споделив со пријатели, повеќето се чудат , зошто да се прави таков тест, и искрено не знам што да мислам, јас сакам да го направам, ама ми ствара исчекувањето на резултатите стрес.
Јас Панорама правев, 7 работни дена чекав за резултат и се излудев точно ама мирот после тоа со никои пари не се купува Исто со инвитро сум и ми препорачаа а и двајцата сме под 35 и се мислев , ама на личност што и верувам ми предложи и го направив. Не дека е нешто неопходно ама кога ќе ти речат така шо да прајш
Кој пакет ? Гледам panorama го прават повише за близначка бременост, инаку да кога ке ти уфрлат од страна као убаво е да се направи биди мирен после. Ништо само да одлучиме кој и ние ке го правиме.
Исто и јас панорама правев чекав 5 работни дена го одбрав пакетот со микроделиципни синдроми и така е мирот со ништо не се купува