Мене во понеделник ми земаа крв, во вторник имав резултат, фала богу низок ризик и полот го дознавме. не се секирај ке си биде бебушот супер. Скоро сите ги имаме тие грижи.
Izvinete, od prilika koga ve barale na telefon? Vo sabajle ili popladne.. Cel den ja gledam telefononot deneska. Mnogu mi e strav
За првото околу 13 часот, за второво во 15:55. А ако ти зеле крв подоцна, може да се случи и утре да ти се јават. Ти кажувам за да не се секираш повеќе ако не ти ѕвонат до крај на работно време.
Здраво, дали некоја имала искуство со Гинекалис да добие резултати за Нифти про точно на 10тиот работен ден? Во понеделник правам 10 работни дена, дадов крв претходниот вторник. Денес ги контактирав, ми кажаа резултати можеби утре, ама најверојатно понеделник... Читав постари коментари на темава, скоро сите добиле резултати побрзо од ова. Дали веројатно ова значи дека ќе ме викнат да давам пак крв? Ова ќе биде втор викенд без резултати... Знам дека сите сме во паника додека стигнат резултатите, ама за викенд потешко ме удира бидејќи во работни денови се си мислам дека има некоја шанса да се јават.
Ofofof, jas dadov krv vo Petok. Znaci sigurno jas ke iznacekam do slednata nedelaaaa. Off bre kolku dolg period
Па мислам не мора да значи. Можеби јас сум баксуз, не мора да си и ти! Гледам други на темава имале многу побрзо одговор.
Јас дадов крв во средата, по трет пат ме викнаа за боцкање. Бидејќи примам по два клексани, претходните 2,пати не можеше да се обработи.Ми кажаа ДНК фрагметацијата била ниска. Денес се јавив, сеуште не се готови.
Фала Алек*** за одговоров. Дали поминуваа по 10 дена пред повторно да дадеш крв или порано те контактираа? Ме плаши дека додека добиеме резултати во поодмината недела ќе бидеме, јас утре влегувам во 12та. Со лесно и што побрзо да ти дадат одговор и тебе!
Ради ова што читав со клексаните, кога прашував кој да го направам едино панорама тестот не му сметаше клексанот и дури регуларно си го примив пред земање крв.
Мислам дека различни гинеколози во различна недела препорачуваат да се направат, а исто зависи и за кој тест станува збор. Обично на веб страните од тестовите пишува од која недела може да се направат, ама мислам дека најрано е после 9та недела.
Мене ми се јавија точно на 10ти работен ден. Само што јас си бев мирна, не се секирав многу што како, бидејќи веќе имав потврда од двајца доктори дека сè е добро, кај вториот скрининг правев плус ми кажаа и пол. Инаку те сфаќам како ти е, ама труди се да мислиш позитивно, верувај си дека сè е во ред.