Па може и по 3 месеци нели,на нас не ни е битно кога ќе добиеме резултат може да го добиеме и откако ќе се породиме.Многу се непрофесионални и неспособни .
Ние онака го правевме тестот, не дека е нешто важно. Барем нека не викаат 7-10 работни дена,нека кажат 1 месец.
Девојки само што ми се јавија од Гинекаликс дека им стигнал мојот резултат,фала Богу се е добро.Ако им стигаат во групи како што ми кажаа можно е да ви се јават во било кое време.
Девојки правев Нифти во Систина 37200 го праќаат во Америка. Резултати за 2-3недели. Ќе видиме овој пат како ќе биде.
Ме чудите за Гинекаликс јас пред 3 г имав убаво искуство. Првото земање крв ми беше околу 10 недела, 7 дена чекав за резултати и испадна нема доволно днк. Истиот ден ме боцнаа по втор пат и имав резултати за 4-5 дена. Ептен беа услужливи и љубезни вработените.
Исто и јас , само што јас правев во Мај оваа година и поминав супер , резултати за 8 дена имав без боцкање дополнително .
Mene mnogu mi kasnea rezultatite id Ginekaliks, dobri se fala bogu, prvo bockanje. Se e vo red, samo neka ne kazuvaat 7-10 dena. Eve vo Sistina fino kazuvaat 2-3 nedeli. Poarno da me iznenadat porano da izleze rezultatot, nego da cekam i da crkam
Basic plus пакетот е оваа цена? Девојки ептен сум на мисла и ми треба помош од вас ако повеќе сте упатени на темава. Димчев ми предложи Панорама тест (кој сакаш пакет избери го) поради 1 мисед и 1 спонтан иако имам 28 години..и баш ме замисли ми стави црв во глава. Скрининг се супер ама вика знаеш во денешно време не може да си сигурна веќе во ништо, па размислуваме со сопругот но не знам кој да го избереме.. има ли некоја членка која правела панорама, кој пакет е доволен...знам секој ќе рече нели најскапиот најмногу опфаќа ама голема разлика во цена не го планиравме а не сакам да се јадам утре....или пак има друга лабораторија со подобри услови, гинекалис авицена не знам..?
Jas go pravev ginekalis nifti i sum zadovolna,ima popust momentalno 620evra,i jas imav prethodno dva missed,taka da za mirna glava bi ti preporacala.
Истово ми го препорачаа и матичниот гинеколог и во Систина, заради 2 абортуси, негативен рх фактор итн. Ги разгледав сите можни опции. Повеќето пријателки правеа Панорама, адвансед пакетот зошто основниот испитува мн малку работи. Јас ги извртев сите можни лабаратории, цената е горе доле од 36000 до 45000 и скоро сите се од 7-10 работни дена. Најбрзи резултати имаат во Генеа лабараторијата, 3-5 работни дена од прием а приемот во Германија е 24 часа од земање на крв, но од тоа што ми го кажа нивната претставничка, имаат два пакета од кои спрема мене многу оскудни,а ме убедуваше дека дополнителните испитувања не биле нај сигурни. не ми е јасно и со овие што праќаат крв низ Европа што ќе им се 10 работни дена а праќаат крв со ДХЛ што е next day delivery, 24hrs. За биотек па што испитуваат во МК да не правиме ни муабет, чекање 7-10 дена..абе ај. Јас минатата недела се јавив секаде, па еве ти инфо: Испитуваат: -Синлаб ( необона тест, 7-10 раб дена од 10гн, праќаат во Германија 36500 фул испитување) -Геномикс (панорама, праќаат во Калифорнија, 7-10раб дена, 9+гн, 4 пакети, mini 30750ден, basic 36800ден, basic plus 40000ден, advanced 45000ден) Генеа (Центонипт 3-5 раб дена 10гн 40000ден basic и уште еден имаше над 40к) Биосејв (Qualified 7-10 раб дена, во Шпанија, цени има на нет 10гн, ) Авицена имаат цени на нет 10гн, праќаат во Кипар, 7-10 работни дена. Нифти и биотек не ги коментирам, во МК не испитувам, немам доверба а и за Нифти ќе прочиташ погоре каков хаос се. Уште во Фармахем немам прашано, имаат и они тест. Се надевам ќе ти се најдат информацииве. Сашка, од Геномикс мене ми го понуди бејсик плус пакетот за тоа што имам јас проблем.
Апропо на муабетов за пренатални, со Центонипт на Генеа има некоја искуство да сподели ? Во однос на која недела сте правеле, дали стварно беа брзи резултатите итн.
Ви благодарам..сакам веќе да го тргнам од глава тоа следна недела па ме интересираа искуства зошто за ова навистина ништо не сум читала.
Димчев не препорачува од ракав пренатални тестови и штом ти рекол поради историја можеби треба да го послушаш ако ти дозволуваат финансиите. Е сега јасно е дека докторите имаат некој процент со направен тест така да и тоа си стои ама мирот што ќе ти го даде тестот вреди секоја пара. Јас бидејќи бев со близначка бременост немав опција за тие сеопфатните тестови и го напраив основниот за синдроми. Правев панорама кој ужива одлична репутација во светот и дава висока стапка на точност на резултатите. За останатите нема да коментирам, немам искуство ама од она што прочитав на претходните страни баш останав без зборови. Тест правен во мк не би правела. Инаку го правев во 9+3 имав доволно фетална фракција и покрај тоа што примав клексани. Резултатите ги изначекав, 12, 13 дена можеби. Ми се јавија во ниедно време 10, 11 вечерта одма штом ги добиле па морав да го будам маж ми да му кажам дека ќе има синови.
Здраво 18 + сум,закажав пренатален за во вторник,приската ја испуштив прокрварев и докторот кажа да одмарам,да не патувам додека не се среди ( несум од ск.) Е сега сакав во авицена овај вера пошто земале брис и од таткото,но матичниот ми закажал кај др.со нив соработувал и демек биле подобри сестрата не знаеше како се вика лаб. Цело време сум со болки докторот вика бебето е ок но имам миоми и од нив ми е болката но сепак сакав да бидеме мирни дека е се во ред со бебе,втора бременост ми е и ептен различна. Дали на резултатите кажуваат целосна состојба на бебе или како приска само статистика . Ви благодарам
Пишав погоре. За биотек и Гинекаликс не коментирам. Кај испитуваат во МК па уште 10 работни дена чекаш, глупости. А и сите знаеме дека се што е ново во МК му треба време дур се развие така да ја во МК не би правела.