Ее среќа што постои форумов, многу работи тука ги дознав, ама и ова инфо е и те како корисно. Бевте ли со сопругот во Авицена? За верагене се одлучи?
Да да, вчера направивме денес рекоа ќе пратат во Кипар па сега чекаме...во билокоја одите без термин, таму попопнуваат формулари за вас ве боцкаат, зимаат примерок од образ на сопругот и толку
Супер. Да споделиш баш искуство за колку време ќе ти стигне резултатот. Јас сум следна недела на боцкање рано наутро
Мене ми рефундираа. Во пакетот на кој сме осигурани имаше 400 еур за испитувања во бременост. И јас не приложив мислење од гинеколог, само во пријавата наведов дека е по препорака на гинеколог, годините и историјата. Имав осигурување преку Халк. Секако зависи и од полисата, мора да прочиташ до колку рефундираат за испитувања во бременост, ако воопшто има.
Хахахахаха ме насмеа, може и да штедат, ништо чудно Јас ќе си побарам. Ако даваат ќе ти кажам, да си побараш и ти, убав спомен е тоа. Јас за втората бременост купив од трудници.мк ама кога се случи немилиот настан, по некое време го фрлив. Сега ништо не купувам, не пополнувам до таму здравје 12гн
Баш да ми кажеш. со среќа нека ти е дај боже кај двете се да е во ред јас добив чорапчиња за бебе во 8ма недела, панично ги скрив под спална од страв не ги вадам до крај
Дај боже мила, само да е се добро, кај мене, кај тебе, кај сите трудници во гупава. Чекам инфо за резултатите, ќе ти кажам баш за дневникот
Другарка кога правеше таму дневникот и го дадоа со пенкалце кога отиде да го земе резултатот. Во кеса папка со резултатот дневник и пенкалце и плус балонот на домашна адреса
Здраво женски. Пред два дена правев скрининг во 12та недела за нухален набор, носна коска, органи. Се беше во ред, носна коска присутна, нухален набор нормален. Правев и приска, денес ми се јави матичнаѕа да појдам кај незе за резулатите од приската, каде што стои низок ризик, едниствено фри бета хцг и PAPP-A се кренати вредности и дека врз база на тоа голема била веројарноста да има некакви хромозомски аномалии (како што јас ја разбрав сигурно имало некакви аномалии) и ми препорача да правам неинвазивен скрининг. Искрено пред сето ова толку мирно се осеќав, сега се ми е измешано. Паничам и мир немам. Ми ги препорача гинекаликс, нифти и сето ми звучеше како реклама. Многи биле добри, па скринингот бил многу интересен. За наш стандард е прескапо реално. Искуства, совет нешто. Инаку имам 33 години и втора бременост, првата беше хемиска, немам во фамилија ниту јас ниту мм некој со генетско нарушување.
Од разговор со многу пријатели што заминаа на специјализации во Германија, Словачка, Скандинавија.. сите истото ми го рекоа, дека, добар доктор, перинатолог на ехо може во секунда да забележи дали има даун или не. Затоа е многу битно кој го прави ехото. Јас на матичен НЕ верувам за такви работи, си има гинеколози специјалисти кои дополнително ја до студирале оваа гранка, ќе прежалам 100€ за скрининг. Приска не би правела пари да ми даваат, такви статистики и софтверски пресметки не ми требаат да ме боли глава кога се неточни. Е сега, тоа дека со пренатален се откриваат и многу други синдроми и хромозомски абнормалности тоа е точно, но и сама кажа, млада си и немате никаков проблем од двете страни, размисли убаво, а за препорака и мене матичната ми го препорача нифти дека биле први вп МК што го вовеле пренаталниот тест ау бау. Сега испитувањето на Нифти е во МК а не во Хонг Конг, јас Нифти не би правела, би одбрала некој друг тест, има повеќе фирми некаде погоре ги пишав и со цена и каде праќаат, можеш да прочиташ.
Жал ми е за стресот кој го преживуваш... јас приската не ја правев поради мислењата на други девојки од формумов дека е тешка глупост, плус кај Димчев на скрининг воопшто не ми ја ни предложи. Мое мислење е да одиш кај Димчев - Систина или Котларова-Ремедика на второ мислење без да кажуваш пред време за прискава... реално докторите имаат процент и ги нудат тестирањава но не на секоја. Пример мене ради историја на абортуси а не испитано за аномалии ми препорача Димчев да направам и панорама преку нив иако беше презадоволен од прв скрининг(Јас одлучив за veraGene во авицена) а потоа уште 3ца доктори рекоа дека веќе во денешно време нема правила, ни години ни историја на болести..и кај најздрава млада личност може да се роди бебе со некаква аномалија. Од друга страна моја другарка беше кај Димчев се и измери исто ко мене нормално а не и спомнал воопшто да прави пренатален тест. Така што јави се закажи прежали 100еур и чуј второ мислење
Искрено се каам што не се информирав повеќе околу скринингот и приската. Скрининг ми правеше матичната, кошташе околу 70 евра. Дали во скринингот може да се прави во 13та, 14та недела? Матичнава ми препорача нифти поради биохемиски ризик Т21 1:650.
Скрининг се прави до 13+6 еве една убава статија од докторот јас сум презадоволна од него и би ти го препорачала да замолиш за термин од понеделник има доста добри доктори за скрининзи. Не се разбирам во резултатите од приска за да ти помогнам... https://acibademsistinababy.mk/alat...866-ultrazvuchen-skrining-vo-tek-na-bremenost
Прво прашај си дали воопшто рефундира здравственото осигурување...мене не ми покриваше а имав индикации за правење, и возраст и лоши резултати од пруската.
Здраво девојки, прва бременост, 32 год и исплашена идна мама Треба да направам прв скрининг но по препорака на матичната да го направам од 10.08 (кога би била веќе 12 та недела) дали е тоа рано? читајќи по форумите од 18 та недела се препорачува истиот Исто сум во мислење околу пренаталниот тест дали Авицена дали Био Сејв со оглед дека прочитав доста лоши коментари за Гинекаликс. Ве молам за било каква насока
Прв скрининг се прави до 13та недела, втор е веќе во 21ва. Два три коментари погоре баш ставив линк за сите потребни испитувања во бременост. За пренаталниот јас го правев во Авицена матичната ми рече дека е задоволна од нив како лабораторија а по пристапна цена од другиве за поголем пакет, чекам резултати сеуште се надевам ќе бидат како што кажаа 7до10 денови па ќе сподалам како сум задоволна општо.
Здраво девојки, сакам да споделам едно “интересно” искуство што го имав со Гинекаликс на темава. Тестот го правев во 12та гн инаку е спонтана бременост, не примам терапија ниту ме упати матична да го направам, на своја рака сакавме да си го направиме. Во ординацијата ми кажаа само дека резултати ќе имам ДО 7 дена дури да ги рачунам и неработните.. после 7 работни дена ми се јавија да ми кажат дека од Хонг Конг им дале резултати ама сакале уште еден примерок од крв за да бидат сигурни, ова нормално многу ме вознемири и е доста непрофесионално а да не зборам за стресно, дадов повторно крв и за 5 работни дена ми се јавија да ми кажат дека за мене резултати нема да има бидејќи немало доволно ДНК (нешто слично на ова беше изговорот) и каде и да правам на друго место би било исто, ми понудија да ме рефундираат или да направам тест од 15 та до 20та гн амниоцентеза, секако побарав да ми се вратат средствата. Веќе бев во 14та гн не можев да направам приска и со совет од доктор направив Панорама во Геномикс и конечно во 15 та недела (по 6 работни дена откако ми земаа крв) добив добри резултати исто и парите од Гинекаликс ми ги вратија. Не знам што се случува во Геникаликс зошто видов доста слични или исти ситуации и бев екстремно изреволтирана но каде и да правите ваков тест прашајте што да очекувате кои се шансите да нема резултат, или да давате повторно крв и сл. Со среќа на сите и со лесно