1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неискусен

Дискусија во 'Сингл' започната од Prilepcanec, 4 јануари 2012.

  1. Prilepcanec

    Prilepcanec Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Имам 20 години. Зборувам со едно девојче веќе година дена и се плашам дека можеби сум веќе навлезен deep in the friend zone. Многу сум несигурен за тоа дали да ја викнам да излеземе затоа што никогаш досега не сум излегол сам со женско на состанок и едноставно не знам како треба да се одвива сето тоа... А и никогаш не сум се бакнувал порано (што многу ми ја намалува самодовербата) и се плашам дека би можела тоа да го забележи и да се посрамотам. Поради тоа имам голема трема која ме спречува да го направам првиот чекор. Што ако не знам да се бакнувам? Што ако не излезе како што треба? Навистина не знам што да правам. Доста ми е од оваа осаменост... Гледам среќни парови насекаде околу мене и станувам се повеќе и повеќе депресивен... I'm going to die alone with 70 cats...
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Ако девојчето разговара со тебе цела година, сигурно е заинтересирана па редно би било да ја поканиш да излезете, дур некој друг не ти ја ќарил. Некаде и со некоја мора да се случи и првиот пат. Мене лично посекси ми е за почеток цмок во уста при испраќање отколку јазик во грло. Спонтано и опуштено, ке се наредат коцките ;)
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Прилепчанец, за се има прв пат. Мораш да си ја зголемеш самодовербата и да го направиш првиот чекор затоа што ти додека размислуваш како, може некој да ти ја земе. И што има лошо во тоа што не знаеш да се бакнуваш? Па никој не е роден знаејќи. :) Викни ја да излезете и прво почни со разговор и види што сака и дали ќе сака со тебе, а потоа оди на бакнување, ако сака. :)
     
  4. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Прилепчанец... убаво ти кажа shana зимај ја додека друг не ја ќарил ... а и + немој да бидеш forever alone level 9765434567, и што се однесува до бакнувањето не сум некоја искусна за тоа али знај дека се спонтано ќе се одвива ... :D со среќа :)
     
  5. Prilepcanec

    Prilepcanec Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Можеби разговора со мене цела година затоа што ме смета за другар, од кај да знаам.
    Точно е дека за се има прв пат, но тој прв пат требало да се случи многу порано и се плашам дека ми избегал возот. Имам веќе 20 години и како врви времето ми се чини дека ќе имам се поголема трема поради возраста. Знам дека морам да си ја зголемам самодовербата, но како? Знам дека нема ништо лошо во тоа што не сум се бакнувал, но сите тие работи како надминувањето на срамот и сл. се нешто очекувано кога тоа го правиш на помала возраст па и тремата би била помала, а вака јас имам чувство дека таа ќе мисли оти знаам што правам, а јас врска си немам. Ме сфаќате?
     
  6. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Да те сваќам сосема. Ти викни ја девојката излезете заедно, зборувајте ова она и не мисли на бакнежот, тој спонтано сам ќе си дојди :) п.с. побрзај дури некој не ти ја земе :D
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека се треба да биде плански и дека ти треба шаблон за тоа?
    Па вие веќе се знаете доволно добро за да приметиш дали таа има симпатии кон тебе, ако има опушти се и не спремај претходни говори за да не се збуниш, покани ја на кино, како демек случајно низ муабет зборувајте за некој нов филм и предложи и да го гледате а за понатаму не мисли многу што и како ќе биде, остави спонтано да се случува. Препушти им се на моментите, дури не мора да биде тоа некој состанок, или кино и сл. Сигурно ако зборувате дека и се гледате, освен ако не мислиш на оние фб муабети? Ако се гледате како другари не ги пропуштај моментите кога сте сами, кога ќе ви се сретнат погледите, кога ќе почувствуваш дека и таа го чувствува истото, допри ја за рака баци ја не нападно, измисли нешто снајди се, демек на зезање ќе ја гушнеш за да и ја разбушавиш косата и веќе кога ќе ја гушнеш не ја пуштај :lol: ако и е на нејзе убаво нема да се тргне и после ако ништо друго па шетајте си така гушнати ;) . Ти зборував за не правење планови а ти планирам :D ама само сакав некој пример да посочам, употреби малку фантазија биди опуштен и цело време зафркавај се, смеј ја, немој да молчиш да мислиш како ќе биде. Само немој да употребуваш некои излитени фрази од типот се изгубив во твоите очи, татко ти терорист да не е бомба си и сл. :D Биди свој! И престани да се измачуваш дека немаш врска, кога е некој заљубен може се, мисли позитивно, дека знаеш и дека можеш, бакнежот да не е некоја посебна техника што треба претходно да се учи? Нема врска, тоа е момент на задоволство и биди сигурен дека нема да погрешиш освен ако не погрешиш па наместо во уста да ја бакнеш во уво (е тогаш си наебал :D се зезам)Немој да мислиш дека само ти си на овој свет што нема девојка и што нема храброст, по убаво така отколку да си поминал пет кои не вредат и ќе ти ја срушат сликата за љубов. Нај убавите работи доаѓаат кога нај малку ги очекуваш, затоа не прави планови, остави тоа самото да се случи, но не стој здрвен, помогни си самиот, ти ќе знаеш кога и како треба. Со среќа па да частиш.
     
    На Name, Prilepcanec и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Не сме се родиле сите искусни. Таа работа е природна, спонтано ќе ти дојди, кога ќе дојди моментот, не му ја мисли многу, опушти се и уживај. ;)
    И зошто мислиш дека последниот воз ти заминал?? :D
    Нема бате тука години кои се диктирани. За секој различно е. Јас имам другар, има 25год. сеуште немал женска (чудно, ама ете сплет на околности, не му се отворила шанса/или сам не ја создал), ама супер си е дечкото, не му се смееме поради тоа, не го провоцираме. Кога-тогаш и тој ќе си најде женска. :)
     
  9. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ах бе сограѓанец..Како во Прилеп се нашло срамежливо дете :rofl:
    Иначе не се страми,повикај ја да излезете,зборувајте на некоја тема за љубовта и после прибижии се и бакни ја.Самиот бакнеж че си оди како што треба.Бидејќи неможиш да се научиш да се бакнуваш ако не го искусиш и доживееш тоа..
    Ај со срејча :D
     
  10. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Немој толку да се затвораш во себе.Никoј не се родил знаејќи.Ајде земи си барем малку, ронка самодоверба и во напад, потоа се само од себе ќе си дојди.
    А за бакнувањето, нема зошто да се секираш, тоа по природа само од себе си иди. :D Нема грди бакнувачи, доброо..освен ако не те лигави по цело лице :)
     
  11. DeckoSkopje

    DeckoSkopje Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    20
    пријателче Господ на секого има дадено само на некого малку порано на некого малку подоцна :)
    ја имав истата ситуација како тебе до пред месец дена...
    НИКОГАШ не очекувај женско да те викне на кафе прво, ти си тој кој дури и ако треба ќе ја напнеш за да излезете, на прва средба не очекувај ништо , на ништо не се надевај , правете си општи муабети , прашај ја како си го поминала денот , и кога ке се сретнете гушни ја и речи и дека многу убаво мириса , можеш и да и подариш црвена роза , ќе остане без зборови -ова ти го кажувам заш кај мене запалило :Р :)
    седнете некаде на некое рилекс место , прајте си муабет и немој да се правиш многу паметен и дека се знаеш....:)))
    поздрав другарче а за друго ако те интересира нешто слободно пиши порака :)
    поздрав од Скопје

    ти сам треба да си ја увидиш ситуацијата дали ќе биде нешто или не , никој тоа не може да ти го каже ...
     
    На Ella.313 и malecka.16 им се допаѓа ова.
  12. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    викни ја девојката да излезете разговарајте и така преку разговорот и начинот на кој таа зборува со тебе ќе сватиш дали те сака или не
     
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Како женско ти кажувам дека од девојче не треба да се очекува да те викне прва да искочите. Посебно ако тоа ќе ви биде прв состанок. Така да, пиши и да излезете, одете некаде на опуштено место каде што мирно ќе разговарате и не очекувај премногу од орвиот пат. Зборувајте за општи теми, е сега можеш и по некој комплимент да и фрлиш ама не претерувај да не изгледа како да се умилкуваш и да изгледа тоа се извештачено. Само биди си свој и така најдобро ќе те запознае. А ако викаш дека толку долго време збворува со тебе, па и не е за џабе ;) Сигурно и таа очекува да ја поканиш да излезете :)
     
    На malecka.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Морам да се надоврзам, се согласувам со напишаниве мислења, се надевам дека и на тебе позитивно влијаат ;)
    Може да одите во некој кафиќ каде што емитуваат од ракометов (тоа е барем актуелно сега) и дури и да запнеш, да не ти текнува што да кажеш, коментирајте го ракометот и ќе биде дефинитивно опуштена атмосферата ;)
     
    На DeckoSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    И јас се согласувам со горните мислења. Значи да чекаш дека девојче ќе те викне на кафе-немој. Машко си и ти треба ги превземеш работите во твои раце. Биди опуштен, како кога разговараш со другар. Биди искрен, нежен спрема неа. Докажи и со постапки дека ти значи. Ем ќе ја опуштиш и неа, а и ти нема да бидеш стегнат. А за бакнувањето - тоа си доаѓа само по себе. Никој не се родил учен и немој да дозволуваш тоа да ти ја намалува самодовербата, бидејќи таа е еден од клучните фактори кои влијаат на твоето однесување.
    Само храбро и ќе успееш ;)
     
  16. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Ајде зошто толку комплекси и страв поради тоа што си немал девојка. За се има првпат. Дури мислам дека ако се случи нешто меѓу вас нема да примети дека ти е прва. Крај на крај може и да и признаеш дека многу ти се допаѓа и дека малку си срамежлив со девојки кои стварно ти се допаѓаат и ти значат па и да добиеш поени плус поради тоа...
    Договори средба што поскоро - ти пуштаме среќа па во скоро време да ни пишеш дека си со девојка (ако не со оваа - тогаш со некоја друга ;) )... :)
     
    На DeckoSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 20062006

    20062006 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Go for it !
    За некои работи се нема втора шанса.. ;)
     
    На srcekrsacka и DeckoSkopje им се допаѓа ова.
  18. JackBrasco

    JackBrasco Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Остави тоа тремата нема од шо да се плашиш. Кој порано почнал кој покасно. И ти со 20 години не си престарен не запаѓај во депресии. Не мисли му ја многу, биди малку спонтан. Сите сакаат спонтаност ;) . Ако се познавате и се дружите подолго време значи се слагате добро не гледам од каде тој страв кај тебе. И бакнувањето не е некоја тешка филозофија само ќе дојде. Опушти се и препушти се. Биди спонтан како што ти реков веќе и уживај во секој момент на женско друштво. Тоа е привилегија за секое машко. Колку и да е честа пак е привилегија.
     
  19. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Почекај уште 10 год па тогаш падни во депресиja
     
  20. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Душичко мила,само напред ,каков јунак ќе ми бидеш ти ако се плашиш.....ич не е страшно,верувај ми....за се постои прв пат,во твојот случај е полесно ,па вие веќе се познавате....Со среќа...Нестрпливи сме да не известиш како си поминал ...... :up: