Ајде батка... еве ти ако сакаш шаблон... Немој веднаш на првиот состанок да и се тутнеш за да не изгледаш нападен. На никој не му се брза за бакнување, прво малку „цмок-цмок“ па тек по неколку дена ќе сватиш дека можеш и повеќе. Јас така веднаш да и се фрлав на девојка ми - сега веројатно ќе седев сам сам осамен со 489698 мачки Иако сите кажаа дека само ќе си дојди - тоа не значи дека точно во мигот тебе ќе ти светни сијалица „ахааа ... вака требало...“ Само немој да се откажуваш и биди силен во намерата. Па и да примети дека не знаеш... страшно е тоа? Зарем мислиш дека ќе ти речи нешто? Ајде бе... уживај... со среќа нека ти е И КАЖИ ШТО СИ СТОРИЛ
Нема потреба од разочарување. Па што ако до сега си немал девојка, да не е крај на светот? Што е твое ќе си дојде. Некогаш ќе мора да се случи и тој прв пат. Неизбежно е. А понекогаш ваквите нешта ни се случуваат кога најмалку очекуваме, а тоа ги прави уште поубави. Со брзање и форсирање ништо не се добива. Биди храбар и самоуверен, девојката што ти се допаѓа покани ја да излезете, биди свој пред неа... Верувај дека шансата постои, само треба да ја искористиме.
Прво, ви благодарам на сите што одвојувате време за мене. Второ, се што ми кажавте е корисно и е вистина, меѓутоа никој не ми кажува што да правам конкретно, туку само охрабрувања. Трето, реков дека зборуваме веќе една година, но не и дека сме многу блиски. Всушност и не се гледаме во живо многу често, само понекогаш. Најчесто разговараме на фејсбук (лејм е, знам, но тоа е тоа) Ете, би можел некако да се стегнам и да ја прашам дали сака да се видиме. Не сакам на кафе, премногу ми е клише. За што би можел да ја побарам? А за бакнување, никогаш не сум бил во ситуација тоа да го направам нити знам како ќе се чувствувам во моментот кога тоа би требало да се случи, т.е. не знам дали ќе имам храброст да пробам да ја бакнам... Во текот на средношколските денови сум бил во добри односи со неколку девојчиња кои ми се допаѓале, но поради мојата срамежливост и многу колебање и чекање сите тие си фатиле дечковци и јас сум останал разочаран, не сакам истото да се случи и со оваа...
Да ти кажам што конкретно да правиш не можам, пошо и ја врска си немам, али молим ти се било што нека се деси, прај шо ќе прајш се нервирам , не е фер за нас 'forever alone' да останеме стварно forever alone!!! И се зачленувам ради тебе да ти кажам дека навивам за вашата врска поише од шо ќе навивам вечер за Македонија!!!!!
И јас пред првиот бакнеж и состанок бев многу вознемирена и не знаев што ќе биде и како. Детето зборуваше повеќе од мене и ме бакна. Убав беше бакнежот не велам не, но чуден зошто за прв пат дознав какво е чувството да осетиш друг јазик во твојата уста. Веќе од третиот пат бакнежите почнаа да ми стануваат се поубави и поубави. Затоа ти само пробај да изгледаш смирено кога ќе ја повикаш да излезете... почни да правиш некој најобичен муабет и прво бакни ја на устата, немој одма со јазикот да почнеш. Остави таа да води и самото тоа од внатре ќе ти дојде да ја следиш неа со потезите што ги прави со јазикот. Не е ништо страшно како што изгледа. Ти само собери храброст да ја викнеш на кафе, а бакнежот сам по себе ќе си дојде, би рекла во рок од 30 минути Со среќа
Нема да ти давам совети, сите пред мене ти кажаа се, јас ти пишувам само да те потсетам кој датум сме.... знаеш зошто , ај на прилепски за поубо да ме разбериш --- значи темава си ја отворил на 4.01 а сега уште малку февруари фати детеееее! И тогаш прочитав шо мака си имаш ама сега ја отворив да видам до кај дошла работава а ти ми тапкаш в место.... ако чекаш да пукни лето и да ја викниш на пиво фест касно е .... сериозно извини вака шо те карам ама да можам јас ќе ви закажам состанок без да знаете дека ќе се сретнете и двајцата ...и после ќе исчезнам Сакам да кажам stend up , get up and do something немој да ме нервираш
Лелее епа вака.Пиши и порака преку телефон или пиши и на фб порака и речи и. Во толку и толку часот сакам да се најдиме таму и таму.Дали прифаќаш?И така! И искрено ова ми мириса на 12годишник а не 19годишник Ти се зафркаваш со нас или така ми се чини?
Епа ете сите ти кажаа што да правиш. Покани ја да излезете. Собери храброст веќе глеј колку време поминало одкако си ја отворил темата. Инаку кафе можеби ти е клише, ама каде на друго место? Да е поубаво времето можеш да ја поканиш едноставно да прошетате, ама вака кафе, пица, пијачка...нема друго. Евентуално ако имате снег викни ја демек да се забавувате на снегот. Е после... немора веднаш на првиот состанок да се бакнете. Значи дружете се малку, забавувајте се, муабетете, дознај што сака, што не сака, каква личност е-така од околу немој па ти да ја потрупаш со прашања. Биди свој, не биди премногу нападен, дај и по некој комплимент, погледни ја во очи и дај и само насмевка без да кажеш ништо, кажи и дека убаво и стои сината боја(или розева зависи што носи), дека ти се допаѓа како размислува, како зборува, дека има убави очи, косата и е убава, такво нешто... На разделба испрати ја до дома, кажи и дека убаво си поминал и дека би сакал да ја повторите средбата и бакни ја во образ. Па после со понатамошните видувања ќе се случи и бакнежот, сам по себе, спонтано. Не е тоа кој знае каква филозофија! А кога подобро ќе се запознаете и ќе знаете кои сте и што сте, нема ни да е толку страшно и да дознае дека досега не си имал девојка. Ти посакувам се најдобро и ајде веќе реагирај!!! Очекувам во најбрзо време да пишеш што си направил јасно?
Имаш 1000 слободни. Искочи во центар, диско, кафич, обична прошетка ќе ја најдеш, тука не. Види на гламстик може ќе си најдеш со овој начин
Ќе ти помине возот , претпоставувам дека и девојката со која се допишуваш очекува да ја прашаш да излезете на состанок , инаку она со тебе не би се допишувала година дена. Барем преку фб не е тешко , прашај ја или едноставно копирај го моево ‘дали си слободна да излеземе на кафе деновиве?‘ и цепај.(можеш и поиновативно да ја прашаш) Ако причекаш уште малку ништо не си направил , размисли дека ова ти е последна шанса да фатиш женска и одма ќе и пишеш Поздрав, и со среќа , барем прифати од овие претходниве совети , не за џабе се мачиме тука.
Само да те потсетам денеска е 30.01 2012 , февруари тропа на врата, а ти крајно време е да смогнеш сили и да се еве иди валентин, трифун ....ајдееееее