Неи Пори - Грција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од DirtyQueen, 29 јуни 2011.

  1. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ќе одам летово во неи пори, ме интересира какво е местото, дали плажата е песочна како што можам да видам на слики, и дали е многу поскапо од кај нас. :?:
     
  2. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Јас имам одено на еден ден таму,плажата е прекрасна,баш е голема и песочна.А за цените и останатото не сум многу сигурна.Поздрав ! :)
     
  3. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски

    А се сретнуваат ли македонци таму, или повеќето се грци.. (Нормално Грција е..ама слушам дека имало многу македонци.)
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    148.529
    Неи Пори-сон во летна ноќ.
    Прекрасно место,со прекрасна песочна плажа.Значи при влегување во вода има мали ситни каменчиња ,2-3 чекора,а после се ти е ситен песок.Бајаги има додека да стигнеш до длабочина до рамена,што за мене е супер со 2 деца.Водата е чиста,еднаш или 2 пати во неделата ја чистат плажата со тие нивни возила што собираат отпадоци и го мазнат песокот.Има убави хотели,таверни,пицерии.Е сега цените ,Грција како Грција,ама и зависи што планираш да купуваш и со колку пари одиш нели.Имаш Лидл,надвор од градот е,има вовче што те вози на разгледување на градот .
    Има луна парк,она за скокање со јаже-незнам како се викаше,нешто како трмболина ама врзан си :lol: ,кафулиња итн.
    Седнувавме на вечера,не е нешто мноогу скапо ,ама поскапо е од Мк .што и одсекогаш било,нели.
    Многу е убаво 2 год.имаме идено,здравје боже за некоја година пак би одела во Н.П.(сега ова год.Ханиоти)да не ни здодее Н.П.да смениме малку.Убаво да си поминеш,нема да се покаеш ако одиш.
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Епа супер тогаш, Благодарам за одговорите и вие убаво поминете си на одмор каде и да одите :inlove: Поздрав
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    Во неи пори бев пред 4 години...убаво местенце,огромна преубава плажа...имаше бутици и кафичи ама со оглед дека бев со моите и немав некој ноќен живот :lol: сепак ми се допадна,а прошетавме и до лептокарија,платамона и олимпик бич и од сите тие неи пори ми беше број 1 ради плажата а платамона имаше преубави бутици...инаку на тој одмор бевме и на метеорите си имаше организирано екскурзија ,имаше агенции и си поминав пре пре убаво :inlove:
     
    На DirtyQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    Водата е сон... Порано беше ептен бистра и чиста, сега во почетокот малку е загадена.
    Во последните години ми изгледа како местото да не се одржава толку, нема некои новитети, некако си стои онака во место.
    Песочна и убава е плажата, е сега пак ќе повторам од половината натака не е одржавана последниот период.

    За цени незнам да ти кажам, само знам дека тешко тебе ако ја фатиш сезоната место неможеш да најдеш. Или ќе ти најдат некое апартманче, стуткано, збуткано, негде на поткровје и ќе ти бутнат некоја цена.

    Има многу убаво незаменливо шеталиште покрај плажата.
    И навооружај се за комарци :!:
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    ^ хаха да комарците ги заборавив,како можев :( :lol:
     
  9. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    дали некој бил во Вила Доктор во неи пори, ??????
     
  10. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    891
    И јас ќе одам во сабота во Неи Пори.
    Мене ме интересира за шеталиштето, за дуќани, за маркети.
    Има или слабо ?
    Со сестра ми би сакале како и секоја година, после плажа да си одиме до продавница или да си купиме по едно гиро, би сакале по бутици да прошетаме, сувенири да си купиме...

    Ќе е можно ли тоа? :lol:
     
  11. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    jas sum bila i mnogu e ubavo
     

    Прикачени фајлови:

    • 0.jpg
      0.jpg
      Големина на фајлот:
      11,2 KB
      Прегледи:
      844
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    716
    Нормално, па местото може е мирно ама не е толку пусто :D Имаш гиро на секој чекор, има и продавнички, има и шеталиште покрај плажа нормално и на него има на секој чекор по некој што продава сувенири, накит и остали тракатанци. Искрено, последен пат бев многу одамна што знам.. 5-6 години сигурно има, може и се сменило нешто ама не верувам многу. Убаво да си поминете!
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    офф тие комарци,секаде се проблем :worried:
    иначе за тие што биле во неи пори, да прашам дали слушнале за апартман Докторс, таму ќе бидам сместена а неможам да најдам слики од него на интернет :?:
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    ^ Стандард е за сите апартмани така да не ни барај нешто посебно на нет...кревет,мини кујна,шкаф ,вц,тераса,тоа е тоа :)
     
    На Nine25 и DirtyQueen им се допаѓа ова.
  15. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    so koja agenicija idete ????? ja sakam so safari ko najsigurni nekako mi se ???
     
  16. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    716
    http://www.hotelagent.rs/files/hotelimages/Vila Doctor App kuca.jpg
    Вилава мислам ја нудат Савана така :^) Ја најдов сликава на нет, како и коментари од Срби што биле лани, пишале дека вилата е сосема пристојна одалечена околу 150м од плажа, нормално исто уредена со wc, кујниче, тераса. Може е малку подалеку од плажа, ама убаво делува на слика. Изгледа е понова, сигурно е убаво :) На крај краева, најмалце е битен смештајот, не се преоптеретувај со тоа. Не планираш сигурно во соба да седиш, за спиење и јадење е сигурно добра :D
     
    На DirtyQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски

    супеер,фала многу :*
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  18. The.Rainbow

    The.Rainbow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    31
    Во Неи Пори сум била трипати досега и морам да кажам дека според мене е едно од најубавите места во Грција. Јас бев премногу задоволна првиот пат па затоа бев и уште два пати ;)
    За маркети и продавници ги имаше многу кога јас бев. А за шеталиштето :| :| :| Едноставно прекрасно.Има каде да се шета, има и кафулиња али е мирно онака. Баш да си се одмориш убаво :)
     
    На white.kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Сум била еднаш, пред неколку години и најубав впечаток ми остави плажата. Преубава е, немам зборови. Многу голема и песочна. Исто така и водата беше доста чиста.
    Шеталиштето е супер, има многу маркети, има и ресторани, кафулиња...
    Се на се, многу ми се допадна местово и одличен впечаток ми остави. :)
     
  20. CeceJ

    CeceJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo,
    Ve molam ako nekoj bil vo vila Teodoros vo Neipori da me informira za smestajot i za toa kolku e oddalecena od crkvata.
    Blagodaram