ќе одам летово во неи пори, ме интересира какво е местото, дали плажата е песочна како што можам да видам на слики, и дали е многу поскапо од кај нас.
Јас имам одено на еден ден таму,плажата е прекрасна,баш е голема и песочна.А за цените и останатото не сум многу сигурна.Поздрав !
А се сретнуваат ли македонци таму, или повеќето се грци.. (Нормално Грција е..ама слушам дека имало многу македонци.)
Неи Пори-сон во летна ноќ. Прекрасно место,со прекрасна песочна плажа.Значи при влегување во вода има мали ситни каменчиња ,2-3 чекора,а после се ти е ситен песок.Бајаги има додека да стигнеш до длабочина до рамена,што за мене е супер со 2 деца.Водата е чиста,еднаш или 2 пати во неделата ја чистат плажата со тие нивни возила што собираат отпадоци и го мазнат песокот.Има убави хотели,таверни,пицерии.Е сега цените ,Грција како Грција,ама и зависи што планираш да купуваш и со колку пари одиш нели.Имаш Лидл,надвор од градот е,има вовче што те вози на разгледување на градот . Има луна парк,она за скокање со јаже-незнам како се викаше,нешто како трмболина ама врзан си ,кафулиња итн. Седнувавме на вечера,не е нешто мноогу скапо ,ама поскапо е од Мк .што и одсекогаш било,нели. Многу е убаво 2 год.имаме идено,здравје боже за некоја година пак би одела во Н.П.(сега ова год.Ханиоти)да не ни здодее Н.П.да смениме малку.Убаво да си поминеш,нема да се покаеш ако одиш.
Во неи пори бев пред 4 години...убаво местенце,огромна преубава плажа...имаше бутици и кафичи ама со оглед дека бев со моите и немав некој ноќен живот сепак ми се допадна,а прошетавме и до лептокарија,платамона и олимпик бич и од сите тие неи пори ми беше број 1 ради плажата а платамона имаше преубави бутици...инаку на тој одмор бевме и на метеорите си имаше организирано екскурзија ,имаше агенции и си поминав пре пре убаво
Водата е сон... Порано беше ептен бистра и чиста, сега во почетокот малку е загадена. Во последните години ми изгледа како местото да не се одржава толку, нема некои новитети, некако си стои онака во место. Песочна и убава е плажата, е сега пак ќе повторам од половината натака не е одржавана последниот период. За цени незнам да ти кажам, само знам дека тешко тебе ако ја фатиш сезоната место неможеш да најдеш. Или ќе ти најдат некое апартманче, стуткано, збуткано, негде на поткровје и ќе ти бутнат некоја цена. Има многу убаво незаменливо шеталиште покрај плажата. И навооружај се за комарци
И јас ќе одам во сабота во Неи Пори. Мене ме интересира за шеталиштето, за дуќани, за маркети. Има или слабо ? Со сестра ми би сакале како и секоја година, после плажа да си одиме до продавница или да си купиме по едно гиро, би сакале по бутици да прошетаме, сувенири да си купиме... Ќе е можно ли тоа?
Нормално, па местото може е мирно ама не е толку пусто Имаш гиро на секој чекор, има и продавнички, има и шеталиште покрај плажа нормално и на него има на секој чекор по некој што продава сувенири, накит и остали тракатанци. Искрено, последен пат бев многу одамна што знам.. 5-6 години сигурно има, може и се сменило нешто ама не верувам многу. Убаво да си поминете!
офф тие комарци,секаде се проблем иначе за тие што биле во неи пори, да прашам дали слушнале за апартман Докторс, таму ќе бидам сместена а неможам да најдам слики од него на интернет
^ Стандард е за сите апартмани така да не ни барај нешто посебно на нет...кревет,мини кујна,шкаф ,вц,тераса,тоа е тоа
http://www.hotelagent.rs/files/hotelimages/Vila Doctor App kuca.jpg Вилава мислам ја нудат Савана така Ја најдов сликава на нет, како и коментари од Срби што биле лани, пишале дека вилата е сосема пристојна одалечена околу 150м од плажа, нормално исто уредена со wc, кујниче, тераса. Може е малку подалеку од плажа, ама убаво делува на слика. Изгледа е понова, сигурно е убаво На крај краева, најмалце е битен смештајот, не се преоптеретувај со тоа. Не планираш сигурно во соба да седиш, за спиење и јадење е сигурно добра
Во Неи Пори сум била трипати досега и морам да кажам дека според мене е едно од најубавите места во Грција. Јас бев премногу задоволна првиот пат па затоа бев и уште два пати За маркети и продавници ги имаше многу кога јас бев. А за шеталиштето Едноставно прекрасно.Има каде да се шета, има и кафулиња али е мирно онака. Баш да си се одмориш убаво
Сум била еднаш, пред неколку години и најубав впечаток ми остави плажата. Преубава е, немам зборови. Многу голема и песочна. Исто така и водата беше доста чиста. Шеталиштето е супер, има многу маркети, има и ресторани, кафулиња... Се на се, многу ми се допадна местово и одличен впечаток ми остави.
Zdravo, Ve molam ako nekoj bil vo vila Teodoros vo Neipori da me informira za smestajot i za toa kolku e oddalecena od crkvata. Blagodaram