Можно е хотелот да има свои лежалки кои ви следуваат. Плажи приватни нема. Но голема плажа е, има место за сите
Тамава нешто баш и не е активна, но да прашам.Вила Ефтмија во Неи Пори дали бил некој???? Дали да се резервира или да се бара сместување директно таму???
Мирно и пријатно местенце со преубави плажи, за релаксиран одмор. Мислам најчесто го преферираат туристи со мали дечиња.
Само што се вратив од Неи Пори. Бевме преку агенција и сместени бевме во Вила Аронис.Вилата беше чиста но многу тесна и секој спрат има посебен рутер со wifi .Сместувањето беше после 13h што малку не ми се допаѓаше ... Но добро за тоа време цела плажа од почеток до крај ја поминавме и си пикиравме места за посета. Околу вилата има маркети . Спојлер Првиот ден водата воопшто не ми се допадна целата беше со трски низ неа иако немаше многу бранови. Другиот ден беше како да сум на друго место чиста, кристална така и остана се додека не заврна па целата беше повторно гнасна. Плажите се со преубав песок и широки. Спојлер Во Venus , Ammos и GL најмногу бев со нарачка добиваш чадор и лежалки гратис . Спојлер Точно е дека длабочината на водата е различна и во хоризонтала и во вертикала. На крајот од плажата поточно сега најдов податок Sand Dunes Beach се викала плажата водата беше преубава тука имаше најмногу гужвичка и најчесто имаше туристи со мали деца и по некои повоздрасни парови кои беа топлес иако нудистичката плажа беше подолу ... Спојлер Ноќен живот нема. Бевме до Платамонас и Лептокарија. Но сепак најубаво според нас беше во Неи Пори. *Заборавив да напоменам дека има 4 патарини до Неи пори.
Јас бев годинава во Неи Пори.Сите апартмани се блиску до плажа.Плажата е огромна и со песок.За шетање има една долга улица, има рингишпили, за со мали деца, одлично. На 2км е Платамона, мора да се посети, одлично туристичко место, има и вовче до таму. Во Платамона има хотел со аква парк, преубав е, влез 15 евра за возрасен, за деца 20 евра.
Каде е поубаво спеоред вас неи пори или накај пефкохори,ханиоти?уплашена сум од комарци дали ги има во август неи пори? Со мали деца сме.
Комарци има секаде, Неи Пори е познат по комарци, ама не дека на другиве места ги нема. Инаку, зависи што сакате. Пефкохори и Ханиоти барем според мене имаат поубаво море, ама плажите им се потесни, за разлика од Неи Пори каде што имаш огромна плажа. Исто Неи Пори можеби е за нијанса поефтино од Пефкохори и Ханиоти.
да, има различни понуди и секогаш можам да најдам нешти, иако три пати се одлучувам за истиот апп, толку ми е погоден, комотен, голем, а не некаде да нема место да се свртиш.
Ми треба автобуски превоз накај тој дел Неи пори, платамона.. мислам имало редовно секоја сабота на краците а недела на овој дел ама не знам кој вози и неам контакт.
ние одиме во вила бети, мене ми е супер.апп се, одделно куна, спална, купатило, ходник, тераса, и не се тесни да нема место да се свртиш. оваа година пак закажав за таму иста вила иста соба.