Неи Пори - Грција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од DirtyQueen, 29 јуни 2011.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    3.751

    Па... Имам одено на повеќе различни места во Грција. Од сите тие места-Неи Пори ми беше најкатастрофално. Од многу аспекти... Едноставно, не ми остави впечаток на убаво туристичко место, какво што јас сакам. Ниту имаат фини супермаркети, ми личи на поствоено место, како да објаснам не знам. Одбивно ми е. А надувани цени. Пример, Лептокарија е во близина, Платамона исто... Платамона би ја избрал, ако веќе морам да бирам помеѓу тие 3 места. Иако, не би никаде во тие што ги споменав.
     
  2. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Тука се фамилии Македонци, Срби, Романци исто како на краците, не е за младинтуку за фамилии со мали деца и лежерен одмор. Нема за вечерни прошетки освен една улица, плажата е песочна, плитка… има продавници за сувенири такви работи ама ништо посебно… Сум била оддамна пред 7-8 години можи на фамилијарен одмор ама искрено сега би одбрала на краците отколку тука
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Мене ми е преубаво широки плажи, улици, тоа што нема голем маркет е минус, но многу близу е Лептокарија за Лидл. Цените освен за сместување се многу коректни за разлика од други места. Јас сум тип што не сака бучни места така да затоа ми е топ местото. Опуштена прошетка навечер, во ресторан и дома хахахаха. Платамона не сум била, а Лептокарија не ми се допадна воопшто.
     
    На Alex31, theunforgiven и lovely91 им се допаѓа ова.
  4. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Машки
    Има голем маркет, само не е од познатите ланци :)
     
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.337
    Допаѓања:
    42.645
    Пол:
    Женски
    Кој е тој? Кај се наоѓа?
     
  6. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Машки
    На Alex31 и forumce им се допаѓа ова.
  7. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Старо е мислењево ама ако уште си на форумов може ли да ми кажеш по нешто да се ориентираме каде е поплитка плажата?
     
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.337
    Допаѓања:
    42.645
    Пол:
    Женски
    Секаде е плитко.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Фала ти :) Песок ли е внатре во водата?
     
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.337
    Допаѓања:
    42.645
    Пол:
    Женски
    Ситен песок е
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Mестото е фамилијарно, претежно се фамилии со мали деца.Има многу Срби и пензионери посебно во септември :). Не е за журки и забави ама ја има една од најубавите плажи, не зборувам за водата, иако е кристално чиста и убава, зборувам за широка 100м плажа и долга неколку км. Мене на пример ми пречи плажа од 20-40м со милион лежалки и нон стоп некој да ти дише во грб. Сакам широка пространа плажа.
     
    На christinnn, Трагедијаупмм и Ena05 им се допаѓа ова.
  12. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    906
    Дали дува ветер и има бранови во Неи Пори прашувам за во јуни месец?
     
  13. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Не дува, убаво е и топло во јуни, нема бранови, не е прежешко и може да се седи на плажа цел ден.
     
    На Трагедијаупмм, Ena05 и ija им се допаѓа ова.
  14. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Супер, ние закажавме за крај на јуни, уште да ни кажеш дека нема комарци и се супер :D
    Извинете што ви се умешав:)
     
  15. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.802
    Допаѓања:
    3.788
    Пол:
    Женски
    .
    Го обожавам неи Пори.
    Ние сме отидени два пати и сигурно додека не пораснат децава ќе одиме секоја година (освен годинава ,нема море. Скупо је :D)
    Туку сакав да кажам едниот беше јуни крајот ,другиот септември и немаше комарци иако слушав дека многу има па носев триста спрееви креми и се си вратив. Не е лошо да носиш заштита ама искуството покажа дека немаше потреба.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Ако не врнело претходните денови или не ви заврне, немате гајле од комарци,
    Под врнење мислам да истура цел ден како кај нас во ноември. Комарците идат по влагата.
    Ние обично сме оделе на продолжени викенди за 8ми септ. или една недела средина/крај на јуни и од 7-8 термини само еднаш имало комарци.
    Ако одите прв пат може да прошетате до Платамона, одделечени се 5км и до таму вози туристичко вовче, ако сте со деца ќе им биде интересно.
    Во петок има пазар и може да си купите свежо овошје и зеленчук од локални продавачи.
     
    Последна измена: 27 март 2026
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Тоа дека ќе носам секако, кај 300 тракатанци за дете па и тоа не е проблем :D
    Се надевам ќе погодиме и ние убаво време.
    Веќе сум слушнала за тоа вовче, одиме со дете од 2г кое е опседнато со возови така да тоа возење секако е на листата:D
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.802
    Допаѓања:
    3.788
    Пол:
    Женски
    Пазарот и вовчето никако пропуштање ,во јули местат и луна парк иако е сосем непотребен има количина на струја на кејот секако.
    Ммм за возот ми беше муабетот ќе им земеш тренерчиња на децата дека на отворено вози многу дуваше внатре јас морав да купам блузичка во Платамона за малата среќа ме почека вовчето инаку не застанува туку врти низ Платамона и назад.

    За возрасни ,,пирате бич" е прејако опремена ама таму водата е подлабока и има камчиња во вода.
    Ние кисневме во Албатроз мислам беше ,многу фини дечки.
     
    Последна измена: 28 март 2026
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Фала ти за советот, секако ќе носам долги :) Него јас барам плажа песок и надвор и во вода и плитка да е, нели сегде таква била во Неи Пори а ти сега друго ми кажуваш :?:
     
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.802
    Допаѓања:
    3.788
    Пол:
    Женски
    Сегде е така.
    Освен кај пиратите. И мене ми беше чудно, тоа не се којзнае колкави камења да не можеш да влезеш ама сепак има.
    Леле колку ми се оди пааак.
    Кај ќе сте сместени ?
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.