i ja tamu ke idam ...preku savana taka ?? koj period ?? i ja isto barav da ja najdam nekako vilata na net ja nema ???? ama eve i ja citav po srpski forumi kao ok e ..mene mi e da ne e mn dalku. ps. srbive vikaat imalo mrezi protiv komarci i na vrati i na prozori
ќе одам сега на 9ти јули, една недела ќе останам иначе 150 метри е оддалечена вилата од плажа, океј е
Aврил каков впечаток си добила како местото да е стварно пустина Нормално тој е туристички град добро снабден со многубројни туристи, продавнички, маркети како и сите други. Сиигурно ќе ти се допадне, мене водата ми е сепак незаменлива. Шеталиштето е покрај плажата, а зад првите вили некаде има нешто ко долг булевар вака И не е баш мало место ако си решил да го шеташ
Јас бев од 13 до 22 јуни и местото воопшто е преубаво, плажата цела песок ситен преубав. А цените можам да кажам дека се поскапи од кај нас, но може да се најдат и ефтини места.
Се вратив и јас па да ви кажам импресии. Кога стигнавме, се што гледавме околу нас беа згради! Уште не ја бевме нашле плажата па затоа. Цените беа премногу високи, можеби затоа што беше викенд. Ама ај што беа скапи хотелите, мене ми беа скапи и сувенирите, накитот и сл. Гардеробата така-така. Може да пројде. Храна и не сме купувале многу, по едно парче пица и вода, така да прифатливи цени. А шеталиштето како што кажавте е многу убаво, интересно. Е за плажата немам зборови! Водата бистра, се се гледа од долу, дури топла! Многу е убава, навистина. :up: Инаку вриеше од Македонци и Срби! Јас освен газдите, други не слушнав да зборуваат грчки! Особено се сретнавме со многу Паланчани. Убав град се на се, ама може уште некои новитети да внесат. Еве некои слики од плажата. Спојлер А еве ја и белата
супер !!!!!!!! мене тоа ми треба ...плажа...песок.....убавини . Ја одам во август ! е сега уште некој што бил во вила докор да каже како е ке имам потполни информации ама се надевам ке биде добро ......само во август се плашам од медузи
Јас од кога сумм родена одам во Неа Пори значи 14 години одам таму и годинава ке одам.Местото е мирно.Прекрасно е има шеталиште местото е големо неможе да се дооди има и продавници,луна парк за мали деца и за повозрасни,има една црква и окулу неа мало паркче со клупи,могу ресторани,кафичи, неколку дискотеки и слаткарници.Гирото не е секаде убаво само на две три места(бар за мене оти ја сум манаџика).Плажата е прекрасна со песок и е многу широка и долга.Морето ептен е убаво нема многу тревки,водата не е матна и внатре во морето е со песок не е како на некој места со камења,кога влегуваш во водата е плитко и постепено се зголемува длабочината и после има место во морето каде што е до коленици е таму веќе е за играње одбојка и ред други работи.Интересно е местото и не е претерано скапо.Во Неа Пори нема многу македонци скоро ич повеќе се Срби и Грци,а нашиве македонци повеќето одат во Неа Врасна и таму имам отидено ама не е убаво според мене.Неа Пори скоро е поврзана со Петемона и таму е убаво за шетање навечер.Биску е и Лептокарија каде што е поразвиен ноќниот живот,поевтино е овошјето таму и има многу продавници,но имам јас една мана само плажата е со камчиња и е мн мала на првиот ред се хотелите ако одите преку туристичка агенција ама претпоставувам дека е многу скапо,а апартманите се тек над пругата и е малце подалеку од морето треба баѓи да се оди.Надвор од лептокарија има и Лидл маркет каде што е многу евтино .Кој ќе одат годинава во Неа Пори убаво да си поминат ние дома планираме да одиме овој петок,а тие што биле Наздравие одморот.
eki4k2 ние одиме оваа недела за Неи Пори прв пат..ако може информација за цените какви се на пример лежалки на плажа..во маркетите.. и секако каква е ситуацијата со комарците
Па цените на првиот ред се движат од 30 до 65 евра а за другите редови незнам бидејќи ние стално сме на првиот ред.Лежалките некаде се наклаќаат(пиј една вода или едно фрапе и ќе лежиш цел ден) а некаде не се наплаќаат.Цените во маркетите се прифатни,ако одите со сопствен превоз можете да отидете до Лептокарија каде што има Лидл(германски маркет) и е многу поевтино за разлика од маркетите во Неа Пори.Има комарци но лани кога бев немаше многу и не бев толку искасана за разлика од другите години кога бев цела искасана,навечер ако седите на тараса или излегувате да се шетате намачкај се со алтан помага .Поздрав и убаво да си поминеш
Луѓе супер е во неи пори, човек да седне на плажа и само гиро да јаде.. Не, озбилно. Мислам дека се здебелив 3 кила од тоа. По цели денови само тоа јадев. уфф, неможе да се спореди со нашето, нивното е најубаво гиро ! Највеќе ми беше жал кога си одев ради него, ми доаѓаа солзички во очите.
леле........уште ова ми требаше и да имам прекрасна слика за одморот што ми следува. обожавам гиро....а кога е убаво можам и секој ден да јадам , значи имам обезбедени 10оброка на одмор хахахахха
Неи Пори - гратчето од моето детство Одев кога бев мала и баш не ми текнува какво беше, само знам дека имаше многу убава песочна плажа и дека беше фино гратче. Би се вратила пак
Уште од сега ги гледам понудите на нашиве агенции за летување.Некако полесно ја поминувам зимава и снего така.Минатово лето 2011 бев во Неи Пори во Елвира ин.Местото било американска воена база и јас пошироки улици во живот немам видено.Бевме во средината на јуни и беше супер топло-не прежешко.Е што би дала сега да сум таму и да е лето а не снег до колена и -7.(само да ги нема комарците)