Ги гледав и јас понудите, ама не знам каква е вилата Елвира ин. Бидејќи веќе си била сместена во неа, да те замолам да кажеш какво е сместувањето? Колку е далеку од плажа и слично И уште една работа ме интересира бидејќи планирам да одам преку агенција, за оние кои биле Неи пори со агенција дали автобусот застанува во Лидл, на пат кон Неи пори? Знам дека повеќето агенции практикуваат посета на Лидл, па ме интересира доколку може некој да каже
Може некој да ми каже дали уште од сега има понуди за летување во Грција за мај месец, ако може и линк би ви била благодарна?
Има, пуштени се веќе аранжманите за Грција. http://www.falcon.com.mk/index.php/aranzmani/leto-2012.html http://www.iguana.com.mk/ponuda/71--2012-/361--2012- http://www.savana.com.mk/Default.as...68-4e17-afdf-b115eb7d6e2c&ln=3&mID=1&menuID=1 http://www.magelantravel.com.mk/offers.aspx?language=mk&category=oBL/CyhxbZk=
Вилата е нова и доста солидна.Има мини кујна во апартманот која е комплетно опремена(не треба ни ѓезве за кафе да носиш).Топла вода за туширање има нон стоп.Имаше голем брачен кревет и единечен кревет кои беа многу удобни за спиење(маж ми е висок 190 см и баш му беше угодно). Имавме и голема тераса со маса и столици и мерачки беше за пиење кафе.Бевме единствени од Мк сите др беа од Србија па како сме се одмориле што да ви кажам. Нашиот апартман беше на кат а од приземје ми се пожалиа дека нивните кревети не биле баш најдобри ама они имаа дворчиња.Инаку во Неи Пори каде и да си си блиску до плажа(3-5 мин.) Негативност на вилата е што е на крај од местото позади има некаков систем за наводнување па има многу комарци, а нема комарници на прозорците.Климата се наплаќа 5 евра на ден. Малку повеќе ми се допадна вила Доктор која ја има во понудата на Савана а се наоѓа во близина. Другите туристи кои беа со нас беа сместени во стариот дел на градот (викаат дека е поубаво) ама сместувањето било полошо.Во Лидл не застанавме ама во Н.П имаше многу маркети и пекара па нема потреба од лидл а патувањето трае кратко па може да си понесеш и храна. Местово е за одмор за брачни парови со мали деца и пензионери и нема некаква забава освен ресторани и кафичи.Затоа зависи кој што очекува од одморот. Сакам гиро од ГИРОМАНИЈАК. (направено од Марија)
На нет го најдов овој сајт, ги има понудите од повеќето туристички агенции...мене ми се најде и ми заврши работа Гледам имаат и некои понуди за Грчка во делот “приватни сместувања“ http://odmorise.mk/
Вака, се извинувам што се мешам неповикана но и јас сум престојувала во вилата Елвира преку аранжман на агенцијата Магелан и баш сега сметав, пред точно 8 години Што значи дека вилата не е нова, единствено можеби е реновирана. И јас ја гледав во понудата за оваа година но баш тоа ме спречи што знам дека кога бев таму, а тоа било пред како што реков 8 години, ентериерот не беше сјаен, па доколку не е реновирана значи дека сега е екстремно старо Вилите кои ги нуди Савана изгледаат многу поубаво, но не ми се оди само на 7 дена, а 14 ми е скапо. А обврзана сум да земам целосен аранжман со се превоз, бидејќи сопствен немам. А конкретно за местото дефинитивно е за фамилии со мали деца, плажата е песочна и огромна, водата топла и многу плитка. Местото е големо, средено, со маркети, таверни. Убаво шеталиште, но можеби би им било паметно да направат патека до Платамона, како што има од Олимпик Бич до Паралиа, или можеби направиле во овие 8 години И морам да напоменам дека сум била и во јуни и во јули и во август и никогаш немало медузи, за разлика од Олимпик Бич каде во август обавезно има. И водата не е толку прљава( мислам со тревки) како таму. Се на се убаво место за вистински одмор.
прекрасно место за млади брачни парови со деца ......фантазија ! бодата , плажата, се едноставно е идеално за мали деца
Девојки планирам летово да одам да одмор во Неи Пори, па сакам да прашам каков е патот до таму? До Паралија сум била и знам дека се е рамно и без кривини, ама ме загрижува што од Паралија до Неи Пори се вози покрај море. И натака си останува патот ист, или е по планини и нагорнини каде што автобусот вози до ивицата на патот? Ве молам за информации зошто неможам да поднесам возење каде што во секој момент мислам дека ќе падне автобусот во море
Нема воопшто планини и угорници, патот е истиот само Неи Пори е подоле од Паралија. Не знам точно во км, но еве ти мапа да видиш дека се во истата линија, ако може така да се каже Спојлер
Во Неи Пори бев 2 пати до сега и ми е нај место за плажа.Пред 3 год бев во Елвира Ин и ми беше сместување катастрофално, ми се плачеше од одвратното купатило(беше големо 1м-1м со шибер врата и вц шоља залепена до вратата и кадата.Кадата беше мала колку да влезеш со нозе и ако се исправиш удираш во плафон со глава) .куката е обрасната со некое зелено растение и тоа ми беше одвратно зошто слободно мозе да се качуваат гуштери. вториот пат бевме сами со сопствен превоз и смештај и многу се намачивме додека најдовме слободна соба.
Дечки некој што бил и Во Неи Пори и во Паралија да ми даде мислење каде е поубаво, каде би избрале вие да отидете? Знам дека тоа е индивидуално, ама сепак каде има поголемо шеталиште, поубава плажа, пониски цени и сл. ? Јас 2 год. бев во Паралија, па за оваа година се двоумиме дали да смениме за Неи Пори или пак да отидеме до Паралија.
Мене повеќе ми се допаѓа Паралија.Не знам зошто ама Неи Пори ми е многу пусто место,евентуално да одат родители со мали деца.Паралија нуди многу повеќе забава,многу повеќе млади,шеталиштето е доста големо така да Паралија ти е мој совет
неи пори е прекрасно место со мнооогу убава плажа , но нема забава . сепак блиску е платамона и таму е многу убаво ако имате кола уште поубаво. зависи каков одмор барате , ако барате одмор од типот плажа дома плажа ресторан дома идеално е неи пори, ако барате забава е тогаш паралија ама мнооогу македонци има а мене тоа многу ме нервира
Ако се биде како што планираме, сакаме да одиме во Неи Пори оваа година бар едно недела дена. Со малечко бебе сме и ни ја посочија оваа дестинација како убав избор, бидејќи е блиску, местото е мирно, плажата е песочна а водата плитка и топла. Навистина се надевам дека ќе одиме, а се надевам дека ќе бидеме и задоволни и нема да е патот за џабе. Планираме да одиме со автомобил во сопствена режија, а за сместување изгледа ќе ни резервираат пријатели кои веќе ќе бидат таму.
Во Неи Пори отиде дна моја другрка сеа пред неколку дена и какошто се слушнавме на скајп само ми го фали местото.Вика дека имало многуу убави плажи и водата била чиста,па сеа...
^^ И воопшто не ви дале погрешен совет. Памтам кога одев како малечка на мои 6-7-8 годинки секогаш околу мене имаше некое мало бебе или детенце од две-три годинки. Најинтересни ми беа па се со нив си играв место со врсници, па ми ги оставаа да ги чувам, да ги бањам во морето затоа што реално немаше што да се случи. На 50 м од обала водата беше до коленици на мои 1.30-40 цм тогаш. Плажата е ОГРОМНА дури е заморно дур да стигнеш до обалата од што има за одење низ песок Преубаво место. Здравје ако некогаш имам деца, а местово уште си држи иста репутација ќе ми биде дестинација број 1 за семеен одмор. Оваа година се мислев пак да одам после многу години пред се ради морето и плажата, ама сепак дури и за мој вкус за мирен одмор е премногу семејно место, така ми рекоа и во агенцијата. Сигурна сум дека ќе си поминете убаво и дека најмалце уште еднаш ќе се вратите.
бев лани , и на неколку викенди годинава првата слика не е неи пори а другите две се многу стари , многу е поубаво и поуредено од тоа на сликите , прекрасно е другаркати е во право