Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неи Пори - Грција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од DirtyQueen, 29 јуни 2011.

  1. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Некој што бил одприлика да ми каже колку пари е сместувањето во средината или крај на јули? :?:

    Едит: Не во хотел,некое апартманче за 4рица.
     
  2. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Околу 40-50 евра е апартман со две соби ;)
     
    На Lilly8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас мислам може да се најде и поефтино во тој дел од Грција ако сами си барате смештај. 40-50 евра е на краците, а овде е каде каде поефтино
     
    На Lilly8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Само што се вративме од Неи Пори и полни сме само со позитивни впечатоци. Сето она што ми го кажаа за местово се воспостави дека е точно. Мирно место, убава долга песочна плажа и тоа не од оној брашнестиот песок туку песок од кој водата не се заматува, убава чиста вода и доволно плитка вода за да се брцкаш до бесвест. За со мали дечиња е измислено, затоа и беше преполно воглавно со семејства кои имаат мали дечиња но имаше и млади луѓе и парови кои веројатно сакаат помирен одмор, без дискотеки, без гласна музика, одмор во права смисла на зборот. Бевме сместени во централниот дел на градот, во првата линија на вили, плажата ни беше на два чекори, сместувањето ни го најдоа пријатели кои веќе беа таму, и навистина бевме презадоволни. Но, и да се отиде на лице место не е проблем да се најде сместување, имаше доста празни студија, но веројатно и така беше поради тоа што сеуште не беше премногу висока сезона. Од туристи, претежно се македонци или срби, тук таму нешто поинакво. Нашите газди беа многу фини луѓе, комунициравме на српски и имавме ептен пријателски однос. За јадење воглавно носевме од дома, но и таму си купувавме гиро, и слични работи. Маркетите имаат доста поскапи цени од тука, па ако сте во можност носете од тука барем малку храна затоа што и рестораните се поскапи. Гирото не е скапо а убаво е секаде каде што ќе го купите. Ако некој има прашања, слободно, додека имам тазе впечатоци. :)
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Овој период е околу 30е ваков смештај. За стандардно студио во вила.
     
    На Lilly8 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Во сезона цената на двособен апартман е таа ;)
    Можеби поевтино чини 4 креветно студио.
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Досега имаме одено во НП неколкупати-преку агенција.Местото е сон-затоа решивме и оваа година да одиме .Е сега,сакаме во приватна режија,значи сами да си најдеме сместување.Можеш да ми кажеш колку плативте,контакт телефон акоимаш од газдите и локацијата на вилата отприлика?
    Благодарам.
     
  8. dekce

    dekce Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    ме интересира , како е во неи пори ноќниот живот да одиш со другарки ...?
     
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Нема нешто такво, подобро барајте друго место. Т.е. има неколку кафичи ама дефинитивно не е место за провод.
     
  10. igreeneyes

    igreeneyes Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    0
    devojki dali nekoja se sekava koja bese cenata na vovcinjata sto nosat od nei pori do gradot platamona?
     
  11. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    3 евра возрасни, а 2 евра деца.
    Со тоа што со истата карта можеш да се вратиш назад, само доколку не излезеш во Платамона од вовчето.
     
    На igreeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mili4kask

    mili4kask Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Да ако излезеш готово :rofl: Пак три евра за назад. Ние одиме од 21 јули преку Савана во вила Доктор Б. Бевме и прослата година, преубаво место, малата наса има две годинки за неа е таму ко створено. Ако го интересира некој несто нека праша или можеби ке иде некој тоа време?
     
  13. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Ти Маја ќе одиш некаде на одмор оваа година???
    Нема потреба на луѓето кои веќе испланирале и уплатиле да им се квари расположението и да им се ствара нервоза преку вакви линкови.
    Впрочем,ова не е ништо ново,секоја година има вакви случаи,па луѓето пак си летуваат во Гр.меѓу кои и јас со моето семејство.
    Поздравче,одиме да се сончаме и капеме,заслуживме,па и морето си е наше ,нели? :lol: :lol: :lol: :lol:
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    А ако комшијата ми ги издупи гумите треба ли да се преселам од дома?
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Да ќе одам во Црна Гора ;)

    Ако со некој комшија не зборите , те навредува тој , ти го демолирал автомобилот ќе му одиш пак на гости а? :rofl: :wasntme:
     
  17. mili4kask

    mili4kask Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Ние оваа година ке одиме, да ова не е сеедно да се прочита, но ние имавме само пофални зборови за лугето сто беа во Неи пори. Искрено прошла година немавме никаков проблем, дури ако ми верувате луѓето по продавниците беа поуслужливи од нашиве овде хахахахахах :lol: Секаде има поединци, кои не те сакаат. Прост пример пред 3 години во Црна гора кога баравме сместај во Петровац еден од газдите на куќите викасе по нас ви македонци сте најхрдџавији народ и псуеше па нисто. Јас одам да си поминам убаво во местото морето и природата која ја посетувам, заедно со моето семејство. Друго ништо не ме засега
    8)
     
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Па ако има топло море и песочни плажи у двор, ќе му одам ;)
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Ако летово се одлучиме да одиме во Грција на одмор, се двоумиме помеѓу Лептокарија,Неи Пори и Паралија. Па би сакала да ве прашам според вас кое од овие места е најдобро за фамилијарен одмор бидејќи ќе одам со моите што значи кафичи и ноќен живот не ми менуваат ништо. Ги разгледав сите три теми за местава и гледам дека со цените се тука некаде сите, е сега Паралија водата не чинела, Лептокарија во Август се појавувале медузи ( а баш за тогаш е планиран одморот ) :wasntme: и сега незнам што да мислам...една општа споредба меѓу овие три места според вас ?
     
  20. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    За тоа што го барате Неи Пори и не се мислете. Супер плажа и доста чиста вода. А медузите може да ги има секаде и во било кој период, оваа година ги имало крај на јуни дури на краците кај што ретко има медузи. Едноставно зависи како ќе им се погодат струите. Ама во Неи Пори додека одев како помала едно 5-6 па и више пати, ниеднаш не сретнав медузи освен 3-4 на плажа што ги изнела водата во 10 дена, што е малце. Така да мој предлог е Неи Пори.