Неи Пори - Грција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од DirtyQueen, 29 јуни 2011.

  1. mili4kask

    mili4kask Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Дефинитивно не размислувај. Неа Пори. Мој предлог ако е за фамилијарен одмор тоа е совршено место, чиста вода огромна песочна плажа. Прекрасно место
     
  2. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    150
    А за млади како е во Неи Пори? Значи не барам некој бурен ноќен живот ама да има каде да се излезе на кафе на коктел, ресторани за јадење и некоја дискотека има ли. :rofl:
     
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    581
    Нејќам да се курчам и да изигравам строгоќа и да се глупирам затоа што секој може да си пише шо сака и кога сака, ама стварно е 100 пати пишано за тоа и на темава и во другите. Ресторани и кафичи имаш во секое место во Грција, тоа да ти е јасно. Дискотека во Неи Пори мислам има една, а може и ја нема. Не е баш за млади, особено не за друштво.
     
  4. igreeneyes

    igreeneyes Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    0
    3 евра возрасни, а 2 евра деца.
    Со тоа што со истата карта можеш да се вратиш назад, само доколку не излезеш во Платамона од вовчето.[/


    доста скапичко било, машала, 3 навака, 3 натака, 6 евра за едно шеткање :|
     
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.114
    Многу доцна реагирам, срамота :tmi: еве ви бројче од мојата фина газдарица каде радо би отишла и догодина.

    +302352042493 Попи, и знае српски :)
     
    На gorda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolipop.m.pp

    lolipop.m.pp Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    nova sum na forumov.
    temava me zainteresira.
    pred eden mesec se vrativme od nea pori.imam 2 god since i bas za nego bese se ubavo.plazata pesocna,moreto,blizinata na apatrmanite,ima luna parkovi.
    edinstveno nesto za koe drug pat ne bi otisla se komarcite.sin mi fati alergija od niv.gi koristevme site mozni sredstva za zastita autan,citrogala,raid spirala za vo dvorot ama nisto ne pomagase.
    ako doprva treba da odite barajte nekoe pojako sredstvo za zastita i ubavo pominete si.
     
  7. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Само што се вратив од Неи Пори.Од планираните 10 дена,испаднаа само 6.И тоа заради комарците и жешкото време.За една вечер бев искасана повеќе од 80 пати.И заради нив никогаш повеќе не би отишла таму.Пробував со секакви средства и пак цела искасана. :| Инаку плажата беше многу убава,долга и песочна.Исто така ми се допадна тоа што има каде да се шета на вечер,а не само да седиш во апартман.Исто така убаво е што апартманите се сите во близина на плажата.
    Како и да е,преубаво си поминав,без разлика на комарците. 8)
     
  8. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.114
    За комарци следен пат ќе си купиде прво, РАИД за во штекер со 60 дневна трајност (околу 300 денари) ГАРАНТИРАНО ПОМАГА, второ, Аутан фемили кер спреј, и ќе си немате гајле. Ние бевме со бебе и не бевме ниту еднаш каснати.
     
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    148.540
    Ја има дискотеката,ако може така да се нарече,колку само кружевме околу неа со мм,ама кај да влезеш со две деца,неоди....
     
  10. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Јас бев на одмор во Неи Пори и се вратив пред 5/6 дена. Одам таму на одмор веќе 5 години заедно со семјеството. Местото е совршено, плажата, морето, преубаво е! :) Можеби е најпогодно за семеен одмор, но за разлика од претходните години имаше многу повеќе млади. Има две дискотеки, има доста кафичи ама сепак за одмор со друштво подобро е Лептокарија на пример.
    Јас сум многу задоволна и од местото и од луѓето, а да не ги заборавиме згодините момчиња што си престојуваат во сопствените вили и си одат на плажа кај 10 саат, абе милинаа :rofl:
     
  11. NatePet12345

    NatePet12345 Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Кате а како се движат цените за студио за 2чцените на лежалките на плажа и цените на пијалоците во кафичи на пример еве пиво....и дали има многууу комарци ?
     
  12. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    За комарци ние се мачкаме со Аутан и гајле немаме. Цените не се нешто високи, што знам... средни онака како кај нас, а за лежалки не знам не забележувам колку плаќаат :?:
     
  13. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Гледав на Google Earth и Неи Пори, Лептокариа, Олимпик Бич и Паралија се една до друга, само ме интересира дали доволно блиску за да шеткаме пешки од една на друга плажа, не знам за кое место да се одлучам :?: од прилика беа како што ги пишав горе, сега не зборам за шетање од Неи Пори па до Паралиа зашто нормално е далеку имаш 2 места пред да стигнеш до третово, туку милсев на пример пешки од Паралиа до Олимпик бич, некако бликсу ми изгледа ама пак да прашам. Ko pita ne skita :D
     
  14. lejdi001

    lejdi001 Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    10

    Извини, а која е цената од ден и со колку кревети е собата? Оти мене конкретно ме интересира за 4ца... :)
     
  15. kravata

    kravata Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    јас оваа година,на 13 август,со моите планираме да одиме во неи пори. читав што сте напишале за местото и се надевам дека ке си поминам убаво.
     
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.114
    Местата не се така блиску за да се шета по плажа, нема ниту пристап. На пример, Неи Пори е веднаш до платамона, но сепак по плажа не се оди.

    Инаку за сместувањето каде што бев имаше студија 2+1 и имаше за 4ца. Цената варира секако од сезоната и бројот на ноќевања...
     
  17. kravata

    kravata Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    girl1985 , а на пример ние планираме 9 нокевања да седиме ?
    колку отприлика ке биде цената ?
    фала однапред :*
     
  18. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    61
    Јас се вратив вчера од таму и си поминав многу убаво за 9 дена платив 175 евра приватен смештај си бараваме никако преку агенција одете нема да зажалите :)
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.114
    Ние за предсезона (крај на јуни) плативме по 15еур за 10ноќевања. Студиото беше 2+1, ние бевме двајца возрасни со бебе. :)
     
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.934
    Јас ке одам на 17 во Неи Пори, ми кажуваа дека било многу убаво а и ефтино, плативме 280 евра 10 дена :)