Убаво да си поминете, не сте згрешиле. Сааамо уживајте вие. Убаво е шеткањето по кеј, задолжително понесете Аутан и Раид за во струја (оној со течност за 60 дена), ви го препорачувам Исла бич бар, гирото е секаде убаво. Прошетајте во соседното градче Платамона. Сосема поинаков тип на град од Неа Пори. Вреди да се види и прошета!
Ах пак да бев таму.Преубаво си поминав.И да напоменам немаше баш мнгоу млади повеќето беа фамилијарни луѓе.Но местото е прекрасно.Особено плажата,рај е,и прмногу е широка има и места за играње одбојка/бадминтон..За шетање има за првите денови но бидејки на нас ни здодеа истото,ние отидовме до Платамона која е на 5 минути со кола(и не треба да се поминува преку автопат)и се испазаривме од таму,бидејки имаше многу бутици.Многу ви го препорачувам местово прекрасно е. И сите викаа дека имало многу комарци ама јас не забележав воопшто нитуеден не ме касна,и неморате да се преоптеретувате со апарати против комапрци,бидејки на моето семејство ни беше доволен еден аутан кој ретко го користевме
И заборавив да кажам дека не е нешто многу скапо едно 10/20 % поскапо од кај нас,а е туристичко место..
Од Олимпик Бич до Паралија е 2км, блуску е, значи се оди пешки. До Лептокарија се оди со кола и Неа Пори е подалеку.
Ете колку сум глупа. Нема да одиме во Неа Пори туку во Неа Врасна, ама минатата година бевме па не ми е криво, иначе да ви кажам на сите што ке одите - Се е прекрасно, има многу убаво шеталиште, не сте згрешиле, а за ова, извинете, сум се збунила А да, се секавам, бевме во Платамона, планираме и од Неа Врасна пак да одиме до Платамона со кола пошто сме, а за комарците брат ми лом беше, се сеќавам едно апаратче купивме и уште го имаме, а што се однесува до Платамона, да, стварно е поразлично од Неа Пори. Ми текнува и дека еден психопат ми плесна гиро на глава, абе ми идеше тоа тиквата да му ја скинам
Бев-не ми се враќаше.Преубаво беше се.Мало местенце за фамилијарни луѓе.Екстра беше и се надевам до година пак
Толку го испофалиле местово, сакам да одиме таму со дечиња, може ли некој да ми каже, отприлика, цени за гиро, пица и лежалки и чадори, т'нок ни е буџетот, морам се да испланирам...
Какви се цените во Платамона,дали има голем избор на гардероба или?Колку време се оди пешки од Неи Пори до Платамона/И какви се цените на основните прехрамбени производи?
Ако има некој задоволен да препорача смештај и да остави контакт,и мене ме интересира како се движат цените сакаме да патуваме на 15 јуни ама гледам по агенцииве се е зафатено ,ама како и да е ние сакавме да одиме приватен смештај ,но со бебе да лутам не ми оди некако,па затоа секоја информација ми е добредојдена .
Еве лани girl1985 има оставено број. Инаку местово го паметам по комарците. Благодарение на младоста и авантуристичкиот дух со мм (тогаш дечко) тргнавме по олимписката ривиера, и преспавме, односно не преспавме во кола во Неа Пори. Мислам толку бучни комарци не сум сретнала, како хеликоптери да кружеа над нас. Плажата е убава, долга и широка, ми оставија впечаток широките улици, колку што разбрав порано местото било воена база. Убаво место за фамилијарен одмор. И сега со бебе сум во потрага по дестинација за неколкудневен одмор, Неа Пори би го прескокнала за прво летување со бебе поради комарците, гледам и други се жалат.
Да го видов бројчето но си мислев некој сега да не бил ,па да каже како е ,а за комарци мислам дека секаде ги има и во Паралиа и Олимпик исто ги има мене лично не ме касаат ама мм си има мака ,да се надеваме малиов ке го изостават. И јас се мислев каде со бебе на одмор освен грција најблиску друго сега за сега не доаѓа во предвид.
се што ве интересита прашајте 7 години по ред идам за комарци има ама ќе си купиш спреј од зегин.Ако идете во август не е баш добро зашто има медузи.Скоро секој ден има бранови,а за плажата да не правиме муабет ПРЕУБАВА ее многу е голема-што значи нема да се туткаш како на други места
Во Неи Пори бевме пред две години на одмор и навистина многу ми се допадна. Водата и плажата чисти, навечер има кај да се прошеташ и се нај нај на мене многу ми се допадна би сакала пак да одам.
Се приклучувам кон фанот на Неи Пори,преубаво за со деца топ,плажата песочна,морето и водата чисто,за деца занимација колку сакаш само пари во џеп повеќе.
Добро, ме убедивте за со дете и бебе дека е супер! Ај сега ако има некој други контакти за сместување нека пише или во пп нека ми прати... Не сум авантуристички тип во шпиц со две деца да застанувам на секоја бандера и да барам сместување, би сакала на готово да отидам... А да, и за на плажа со деца (дете+бебе) што би ми советувале - слободна плажа или изнајмуување чадор (и колку чини) или со лежалки (и колку чини), што е попрактично? Извинете што гњавам, ама прв одмор ќе ни биде со децата и затоа прашувам... ако има некој совети, може и пп, да не бидеме оф топик. Поздрав
Со мали деца најубаво ти е да одите организирано преку агенција,а местото е сон баш за фамилијарен одмор,не премногу бучно и раздвижено,али онака ептен релаксирано. Плажата е прекрасна голема и долга,можете да си изнајмите и лежалка,заедно со кафе е 3 евра,но ако не сакаш можеш со сопствен чадор нема никаков проблем.
Гледам сите имате убави впечатици од местово, освен јас. Во 2003 година решивме да прошетаме од Лептокарија (каде бевме сместени) до Платамона и Неи Пори со моите... Комшивката на газдарицата која беше цела во црно пробуваше да не предупреди нешто, но дури потоа разбравме дека син и се удавил таму. Морето го паметам како плитко, плитко, плитко и бам дупка. Беше црно на тоа место, ама само од плажа се гледаше. Брат ми запливал натаму и за малку ќе си настрадаше тогаш. Не знам што точно имало на тоа место, ама те влече надолу. Сепак, навистина е изненадувачко тоа што никој друг нема вакво искуство. Тоа беше пред 10 години, можеби сега е сменето нешто, не знам. А, да, плажата ја паметам по тоа што е огромна и песочна и водата бистра. Фативме огромен црвен рак, дури и слики имам!
ако може некој да ми даде некој број за сместување и да ми каже како се движат цените за сместување за да знам дали да идам преку агениција или приватно да си барам смештај. На пример дали за 5 луѓе може да се најде смештај од 20-30 евра.