Освен за комарците ,јас немам друга забелешка,смештај по мое иако е мрцварење најдобро е сам да си бараш оти еве имаше две фамилии од скопје преку агенција со деца дојдени и небеа задоволни од смештајот ,мирисало на мувла па и на трет спрат ги ставиле,креветите биле мали , ама тоа е. Смештај од 25 евра па нагоре зависи кога се оди ,и од искуство задолжително е да се ценкате . Храната е поскапа од кај нас што е нормално,па затоа секој може да си се прилагоди според буџетот. За оние со деца поголеми задолжително од одма да си понесат грицки ,сокчиња,бонбони гледајќи ги другиве деца поголеми од моево само на тоа пари трошеа. За на плажа нас лежалка не ни требаше и така малиот цело време или во вода или во песок беше,си носевме чадор а и количката летна беше со нас на плажа па си спиеше во неа. Во однос на морето плитко е и чиста вода и има пловки од каде е длабоко барем ние таму кај што бевме беше така. Спојлер еве контакт кај што бев јас солидна куќа имав соба на втор спрат со поглед на море . 6996074842-Јана газдарицата беше фина ми остави убав впечаток.
не знам стварно што да правам. во една агенција најдовме понуда студиото е 300 евра за 7 дена за 5 луѓе.. и плус автобуска карта. и сеа не знам како би ме фатило поубаво. а и тоа што викате којзнае каков смештај преку агенција кје имам.. пошто нема мали деца најубаво е таму смештај да си барам излеа.
Значи ти имаш фактички кревет за 8 евра на ден и тоа ти е многу или што?? Колку поевтино мислиш дека ќе поминеш? И не знам дали до сега си искусила али шетање со куфери навака натака на 30 и кусур степени не е баш пријатна работа. И смештајот секаде во Грција кога се работи за апартман/студио е ист, кревети, чајна кујничка, тоалет, телевизор, клима (најчесто се доплаќа).
Многу евтина понуда ти е тоа,само распрашај во агенцијата да видиш слики од куќата,креветите дали се за по еден или двајца,на кој спрат ке бидете,на колку одалеченост од плажа ке биде куќата. Инаку стварно е мачно да се бара смештај таму, но предноста е што ке видиш и сам ке процениш дали ти одговара или не.
Ми понудија да одиме во хотел Олимпион Мелатрон меѓу Неи Пори и Платамона... Да не бил некој таму? Искуства? Демек дупло задоволство - кај сакаш ќе одиш на плажа
Неи Пори бев лани ќе одам и годинава,за плажата немам збор препреголема нема шанси да нема место,водата чиста супер е за со фамилија,има и ресторанчиња,за шетање нема нешто посебно едно шеталиште е и тоа но интересно,исто така за тие кои одите таму оваа година,секој петок таму има пазарче пред црквата е некаде ќе се снајдете има се и сешто зборувам и за алишта и обувки нема ништо поскапо од 20 евра вреди да се појде
Вчера дојдов од Неи Пори и еве ги моите први впечатоци..Смештајот беше супер,бевме сместени веднап до Олимпик Бич хотелот.Цените горе доле малку поскапо од кај нас.Ако не ги пробате крофните од почетокот на шеталиште во дуќанот се за 0.80евра,гирото од Волкано и колачите во сокакот позади Марабу исто како и да не сте биле..На пазар може да се најдат сите работи кои сте ги виделе и во Платамона за многу поефтина цена.Јас така се зезнав кпив кошула од Платамона 15 евра на пазарот беше 8
Во Неи пори сум била многу пати, малтене немам лето пропуштено. За колите нема никако проблем, широки улици и места за паркирање. Смештајот е стандарден. Ми се допаѓа што каде и да си сместен плажата не е далеку. Моите родители буквално секоја година одат таму и буквално во истата куќа се сместуваат. Плажата ми е многу убава, но последниве години почна многу гужва да има на плажа па тоа почна да ме нервира.
Во неа пори сум била како помала и не се сеќавам многу на деталите.Знам дека водата кога бевме беше чиста а истотака знам дека апартманите ни беа во прв ред со поглед на море а исто така плажата е голема и доста широка
а од прилика по колку се движат цените за сместување за 4-ца..т.е може ли да се најде за 25-30 евра студио или апартман со 2 поголеми кревети?
Пред 3 години бев Неа Пори и стварно премногу ми се бендиса местово. Бев со моите, сместени бевме во едни апартмани (нема текнува како се викаа), ама до нив памтам имаше вила Марабу се викаше... Не беше скапо сместувањето некаде околу 40 евра во денот мислам. Плажата е прекрасна, ситна песок, водата преубава и плитко е многу само шо имаше многу медузи кога бевме ние. И многу комарци веќе ме прејадоа Иначе убаво е местото не е многу големо и на вечер е раздвижено има кај да прошеташ и да излезиш да се пожуркаш
Луѓе ми треба помош Планираме на одиме Неи пори на мини одмор од 01 - 04 Август Па некој ако бил сега да опише подетално што како е или ако има некој број од АПАРТМАНИ да ми пише би ви била многу благодарна одиме со мали деца и несакам таму да барам ама ако морам и таму на лице место ќе барам апартман Позз
за 25 евра речиси е невозножно да најдете парем според мене а јас кога бев немаше многу комарци барем така се секавам