Јас бев во Неи пори лани, од 25,08 преку Магелан во вила Елвира.Вилата беше супер, блиску беше до плажата, местото е преубаво,голема плажа, чисто беше морето и топло.Местото е мирно, за одмарање мозок петка, нокен живот немаше нешто посебно, имаше еден кафич и една вечер имаше журка на плажа на 31,08, по повод сина месечина, тоа беше супер, имаше запалено оган на неколку места на плажата, како да си на некое егзотично место, ептен добра атмосфера беше.Бевме и до Платамона, ама Неипори мене ми е многу поубаво.
И јас го гледав местово на интернет, а читав и добри коментари. Со дечко ми сакаме да одиме на одмор таму, околу 20ти август. Како е ситуацијата со комарци тогаш? Прашувам оти јас имам голем проблем со нив, ма со Аутан немам гајле..
Јас лани бев во вила магас...блиску до морето.... презадоволна сум и од местото а премногу и од апартманот и газдите... многу чисто големи соби ...куња ...преголема тераса ...итн...
Местото е преубаво . А комарци има затоа ке си купиш аутан за прскање кога ке излегуваш и аутан апчинња за во штекер (за во собата)
Ние бевме во јули и плативме 107 евра 7 ноќевања и пат преку савана а во цената беше вклучена и цената во двете соби си имаше клима
Дали има некој престојувано во оваа вила,како е задоволен,ептен ми фати око,и дали стриктно само издаваат за 10 ноќи или по договор може и за помалку? http://hellenatravel.rs/letovanje-2...pori-leto/olympic-house-appartments-nei-pori/
Тешко дека ќе најдеш нешто слободно овој период, јас пред некој ден се вратив од Неи Пори и цел ден баравме апратман само 3 најдовме и едниот го издаваа само за 10 дена, другиот беше за никаде, но сепак голема среќа што третиот беше супер па таму се сместивме
Српските агенции нудат аранжмани за по 10 и 15 денови, ретко за 7, или помалку. Освен хотелите кои се од ден. А слободен апартман секако ќе најдеш, ако мислеше на тоа да бараш на лице место.
Ми треба за после 22,ќе се јавам да проверам дали има нешто слободно,која цена плаќавте вие,во кој бевте?
https://www.facebook.com/hotefiloxenia.neipori?fref=ts Некаде околу 72 евра ни испадна од ноќ, со две спални соби со телевизор и клима во двете и кујна и купатило. Можеш преку фб да ги исконтактираш
Добро овие виливе што ги гледам тука се се преку агенции,нешто бројче директно таму да се праша и резервира има ли или не може?
Прогуглај за нив може ќе најдеш некое бројче или фб страница од нив јас само за овие најдов кога барав пред да одиме, им пишав ама се беше полно тој период, прашај си за од кој до кој датум планираш да одиш дали има https://www.facebook.com/mikesapartments https://www.facebook.com/appartments.brunis