Девојки дали некоја од вас била на одмор во септември после 10ти, јас најдов одлична понуда за овде, но вчера баш ме разубедуваше еден другар дека септември во Неи Пори е ладничко дека подобар избор е да се отиде на краците.
Во Неа Пори може да се најде смештај вон сезона. Околу 30-35 евра прв ред апартман. Студио е поевтино 25. Во втор ред е поевтино за 20 евра има. Најубава плажа има во цела ПИЕРИА. Широка и со прекрасен песок.Водата е топла и поплитко е нешто како машка плажа во Струга. Никогаш нема медузи нити ежови. Дното е со песок. Единствен и најголем проблем се комарците. Обавезно аутан за во штек. Ама и вилите скоро сите имаат комарници на вратите.Но тие комарци се ситни како мушички и не ги осеќаш ако те каснат.Сега ми се оди таму. .Задолжително посетете ја ПЛАТАМОНА.Преубаво градче. Возчето оди мислам на секој сат до 22:00 часот. Но јас и во еден правец одев пешки. 5 км е не е далеку. Прекрасно место.
Еве во однос на медузите во Неи пори. Јас бев од 25.08 до 04.09 и во овој период немаше ниедна медуза. Бидејќи обожавам да пливам во далечина одев и доста далеку од брегот но и таму не сретнав ниедна. Но во овој период доагаат тревите - алгите, па затоа нив ги имаше на самиот влез во вода но се групираа на делови (кругчиња) па можеше да се одбегнат. Времето беше супер, освен 7миот ден кога заврна сабајлето, но веќе во пет саат печеше сонце и се наполни плажата.
А и за комарците да кажам И ние немавме никакви проблеми со нив, освен последните два дена, кога се случуваше при седење во некој кафич да не касне по некој. Затоа аутонот го вратив неотворен, но редовно користев раид таблети за внатре иако немаше ниту за тоа потреба бидејќи вилата имаше комарник на секоја врата и прозор
Здраво и убав ден Сакам да прашам дали има некој што бил минатата година или можеби оваа ќе оди, како се движат цените за апартман за 4ца,5ца? На понудите од туристичкиве агенции испод 550евра не најдов, без превоз. Исто ни одговара и студио посебно за 2, а цена испод 360 евра нема. Зашто мислам дека е скапо, па на краците се движат толку цените, тука би требало да е поефтино за 6 ноќи?
Ако веќе одете со ваш превоз подобро сами барајте си смештај. Е сега зависи и датумот, ако е ептен во сезона може и да не најдете.
Моите одат од 1 ви јули.7 дена преку агенција во вила Митикас.платија 250 евра за студио.уплатено им е уште во јануари со рана резервација поефтино им дојде
Има ли некој свежо искуство од оваа година па да го сподели? Почеток на август одиме со бебе и секој совет е добредојден.
Едно прашање до оние што биле таму - дали тамошните хотели имаат приватни плажи, или плажата е јавна за сите? Како оди цената на лежалките и дали има простор да си ставиш сопствени лежалки и чадор?
Јас бев пред 2 години во Неи Пори. Приватни плажи не забележав, ама плажата е огромна, има многу место за свои лежалки. Цената за 2 лежалки, кафиња и вода беше 8-10еур. Комарци имаше, ама не како што се пишува во темава, ништо особено. За со деца е супер место, рамно, голема и убава плажа, плитка вода. И немаше воопшто бранови, мирно е.
Не сум видела приватни плажи. Цената на лежалките се плаќа по пијалок. Водата ти е катастрофа. Комарци колку сакаш имаш. И зависи во кој период ќе одиш. Периодот јули и август немаш место да се завртиш. Зборувам и за сопствен чадор и за лежалки од кафич. Едно до друго ти се.