Ова мајка ми. Влегувам дома,ме гледа дека сум дојдена дека сум влезена и само dream.queen ти си? Ова мајка ми од пред пола саат тазе и е. ме гледа си пишувам на тастатурава значи слуша дека шкрапам а она -Си легна или не?
Ме нервира кога некои дечки што ми пишуваат на фб кога ке им кажам као ке излезам или ке шетам а е покасно прашуваат а со кого ? Мислам се прашува ли слободна девојка тоа ! ?
Станувам во 6 часот за на училиште и ме прашуваат: Се наспа сине? ИМА НЕКОЈ НОРМАЛЕН ШТО ЌЕ СТАНИ ВО 6 ЧАСОТ И ПРИТОА ЌЕ БИДЕ НАСПАН?
- Што правеш на компјутерот? - Како на школо? - Да не има некој... дечко... симпатија? - Нели ти смета прашината/расфрланите играчки од сестра ти/чорапите на сестра ти/креветот/прстите на масата па да земеш да зачистеш? *се враќам од чаршија* - Каде беше/бевте? - Во чаршија? - Каде во чаршија? - Доста на компјутер, нели имаш за учење? *останам дома* - Е зашо остана? *излезам* - И вечер ли? - Зашо направи така? Има многу прашања кои не заслужуваат одговор и просто не ги одговарам оти само се нервирам
-Имаш дечко? -Со кого ке излезеш?- мајка ми -Зошто не си ја средиш собата веке еднаш?- мајка мии... -Ке ти текне некогаш да ја отвориш книгата? - Не нема.. -Пак ли седиш пред компјутер?- ^ -- Пробав и зад него ама не бива.... :geek:
Обично не ме нервираат прашања од домашните како на пример... "Кај шетавте вчера?", "Со кого бевте?", "Кога се врати?"... итн. Тоа се прашања од моите или пример сестра ми кои ги сметам за нормални. Кој ќе ме праша ако не тие. Е сега мене нешто што ме нервира се лични и приватни прашања од небитни личности како комшии и роднини што не ме виделе 3 години. Епа сигурно комшиката кога ќе излезам од дома не ме прашува каде ќе одам од што премногу се грижи за мене. Или некоја си тетка, баба, што ме видела последен пат на мојот 5ти роденден разбрала дека имам дечко и ме прашува кога ќе се мажам... Побогу имам 20 години, сигурно нема сега да се мажам, а и да биде сега сигурно нема тебе да ти кажам. И уште нешто што сега ми текна и не знам зошто секогаш мене ми го поставуваат тоа прашање е "А што работат твоите?"... Значи по мизерно, по сељачко и по невоспитано нешто од ова нема. Ова прашање ме вади од кожа. Не знам, луѓево премногу се мешаат каде што не им е местото и многу пати знам да одговорам саркастично. Ич не ми е гајле кој, како ме сфаќа, кога они не знаат што е култура и прашуваат глупости ќе одговорам како мене ми одговара и како јас сакам.
Мајка ми: Ти се јаде? Јас: Не Мајка ми: Зошто? До ден денес не знам што да одговорам на ова прашање...
1. Кај беше? 2. Со кого беше? 3. Кога ќе се вратиш? 4. Шо стори на тестот по математика? 5. Како си поина нашкола? 6. Дан те стана по нешто (некој предмет)? 7. Имаш дечко? 8. Имаш симпатија? 9. Се имаш смувано? 10. Мојш да дојш (излезена за друштво)?
Најглупавото прашање за кое сум прашана досега- Јас одам на училиште во 7:25 сабајле со ташна на грбот, ме среќава една жена- познаничка и ме прашува: Кај одиш ?
Како тоа мајката да излегува а ќерка и дома да седи? Не само што не заслужува одговор,и НЕ ЗАСЛУЖИ.Си премолчав само,не вреди со луѓето да се општи за такви ствари,кога цврсто си својат зад своето. Прво,ако некој е мајка,не смее да се забавува или што? Готово,во гроб е влезена? Второ,ако ќерката сака ЌЕ излегува,ако НЕ сака нема.Во што е проблемот,не сваќам? Зошто ни се мешаат во животите? Ко таа да ми забрани да излегувам,пфф.Едноставно нескав,и тоа е тоа...Ама оди објасни им на луѓево...