Здраааааво комшике,на шетање,а? Не бе,ќе искочам и ќе си стојам пред влез да глеам кој кај иде како тебе.
Еве пред некој ден лежам и мајка ми доаѓа и ме прашува "спиеш ли" , не бе мамооо офци бројам. Исто така кога некој плаче, " плачеш лии " не бее очите ми мочат.
Во последно време крајно многу ме иритира прашањето „Со кој пишиш?“ од страна на моите ценети машки другари кога пишувам порака на телефон, уште па си земаат за право да ѕиркаат. Исто така „Да не ти сметам?“ кога ми пишува некој на фб и гледа дека гледам и не одговорам или пак истото прашање во ноќен клуб поставено од некој кој одлучил да се запознаеме и веднаш почнува да ме прашува интимни прашања. Прво и основно сигурно нема да одговорам со „Да, ми сметаш!“, второ во вториот случај, зошто бре луѓето не се научат дека во ноќен клуб не се оди за да се водат сточасовни разговори. Значи сум излегла да се расположам, да играм итн. Во саботата еден ме гледа расположена, пејам на цел глас, си пијам итн и иди да ми се кавга зошто не сум му одговорила на фб пред една недела. Да не испаднам некултурна му кажувам дека учев во моментот кога пишал, не видов, кога видов не беше онлајн и не ти пишав, човекот досадува уште пола сат ме трга за рака, јас пејам, наздравувам, со тоа сакам да кажам АМАН ОСТАВИ МЕ...ама никако да сфати и нормално дека ќе ми пукни филмот и му кажав „Ти објаснив зошто, да ми сметаш моментално, излезена сум, расположена, не е ни време ни место.“ И ова беше прв пат на некој да му речам ми сметаш, ама навистина ме извади од колосек.
Те сретнува пред зграда и се дере на цеел глас сите наоколу да слушнат Комшикеее,како си.Бев на свадба во неделата и баш ми текна на тебе,до кај си што чекаш.Ајде побрзо на свадба да ти играм!! Аман бе стара мома ме направија,ко 50 да имам а не 20 години
Mал милион прашања има кои не заслужуваат одговор,лек сум за такви радознали особи,одма им го спуштам и не им се нервирам.Искрена сум ,па ако сака нека ме мразат . Aко ми постави лично прашање некоја завидлива особа или користољубива одма им кажувам да си го гледаат својот живот и лице нема да им правам . Kаде ќе одиш,со кого (комшивки).Jас:Не берете гајле ,имам си семејство кое се грижи кај одам,што правам.Тие:Па не ни се даваш секому комшике,што ќе ни прават момчињата од маало ќе си умрат од мака по тебе(па уште и крива некој ако фрлил око на мене,иако има и такви случаи ко они што викат).Бруки,бруки светски,не ме давале на секого.Па малоумниве уште и ѕиркаат од прозори,стојат пред порти,ако ме видат со машко или недај боже кола да дојде,нема везе дали е такси ,ме кажуваат дома и провоцираат Радознали умови,шта чеш. Kога учев:Kај си ма штипјанке .Jас само ги гледав. Рандом некое познато машко,најчесто колега од факс,стално ми се јавува и обавезно ми пише на фб па кај си ти ма .Треба да му црташ оти не сакаш да контактираш со него ,аман . Не ќе тупиме цел век да се видиме демек,а он којзнае какви задни намери има па уште и улав се прави нц нц. И бисерите на мама,мора ама мора значи бар еднаш да се јави кога сум излезена,радознала жената што правам ,кога ќе си дојдам
Денес додадов ново на списокот: Како ве прават бе толку малечки, а толку убави? Спојлер Овој може уште мисли дека штркот носи деца
Во нашево бурно секојдневие опкружени со толпа нападни и некултурни луѓе, без достоинство и морал,а од друга страна големи душегрижници,се повеќе прашања не заслужуваат одговор.
Ако ви постават само едно непристојно прашање добри сте. Ми дојода на гости братучетки, млади жени и кога почнаа „Имаш дечко“, “Братучетка ни има ли дечко“, “Платата колку ти е? Е па малку ти е“, “А храна и превоз имаш и колку време си ваму„? УУффф толку млади, а толку прости.
Доаѓа ли ХХХ (дечко ми) ти дома кај тебе? Кога ќе се мажиш, ај доста ви е веќе? Проста маса до безкрај....Никаков осет да се немало.Само прашај нешто, колку прашано да и на крај жив остани. Глупости.
Не сум имала многу вакви искуства во животот, ама се сеќавам на две-три. Бев излезена со едно девојче со кое не се имавме видено долго време и отидевме да купиме пица додека зборевме нешто онака, секојдневно. И оваа од нигде и никаде ми вика: А ти се депилираш а,а,а? После, оние прашањата од типот дали имаш дечко јас не ги сметам за непристојни иако многу пати го сретнав во темава. Поглупо ми е кога некој упорно настојува да дознае дали порано сум имала дечко и колку сум ги имала.
Сум имала јас удварач кој сака да почнеме врска и ме прашува за бројка, колку дечковци сум имала претходно. Се фативме и секој втор ден „што бидна, најде ли работа?“. Тој без работа и сега ме напнува мене сум немала работа. Неколку пати се видовме и толку, му раскинав. Сега да ми е овој памет, нема ни да му дадам шанса штом прашува за бројка колку сум имала, дали биле многу или малку.
Прашања кои најмногу ме нервират кога некој до страна или кој едвај еднаш ме видел ме распрашува лични работи.
Кога излегуваам наавечер и мајка ми -Кога ќе се вратиш? Аман бре жено уште не сум излегла а ти кога ќе се вратишш многу се нервирам на овааа
Кога си пишам со некоj - со коj си пишаш ? - зашто се смееш - дечко имаш ле Или кога доjдам од школо - што jадеше во школото ? -аман отров за глувци
Леле во право си Марија шо си јадела, да не имаш дечко зш се смејш ко ќе си пишиш со некого страшна работа