Повеќето прашања (за било што) воопшто не заслужуваат одговор зашто е себемачење додека умствено се напрегнува човек да одговара - кое посекако ќе биде сфатено наопачки. Бркајте си ги работите, завршувајте го тоа што ви е вам битно, а останатото занемарете го и едноставно - прескокнете го наместо да го чувате во себе.
Не си мажена уште? Ајде шо чекаш деца треба да се раѓаат Што работиш, а твојте работат? Брат ти се жени? Ауу нова кола колку пари е?, на старата што и направи, колку пари ја продаде?
Има такви прашања. Или да не се одговорат или да се дадат глупи одговори. Кај беше таква цела дотерана во црвено? На Марс. Овој кој ти е? Спонзорот.
Било какво приватно прашање упатено од луѓе надвор од мојот микрокосмос. Блиски пријатели нема да се дрзнат да ти лупнат нешто што ќе те утепа. Обично незгодни прашања и хехенца добиваш од комшии, роднини и некои познаници кои поима немаат што ти се дешава во живот, ги пикаат носурлите во интима. Последно нешто што помнам е кога хигиеничарката во зградата ме застануваше да ме праша до каде сум со факултетот и дали дипломирав. И една тетка со прашањето - кога свадба хехе, уште ти остана.
Не си мажена, ех леле девојче, што праиш уште сама? Леле она ни дечко немала. Лоши времиња.... Зошто пребираш? Најди некој, омажи се и ете. Не пиеш алкохол? Зошто? Хаха смешки си цела. Е ајде, пиј сок ко ќерка ми што е петто одделение. Колку плата земаш? Аааа ти браво, ем лесна работа, ем пари ви даваат. Зошто не се отселиш од државава? Па, млада си, јас да бев на твои години сега..... Ќе плачиш после да знаеш. Многу си дебела, види се каква си. Зошто толку нагло се здебели? Пример ќе ти се деси да ти се слоши нешто. Аман што ти е веќе. Зошто ти се слоши? Зошто си таква? Ти да се прегледаш нешто имаш можи, знаеш? Оној што излезе, што ти е? Дечко, м? Ех, сега нас ќе не кажеш. А бе дечко ти е. Шо работи? Мајка, татко? Што работат они?
Кога второ дете? Што им правите на парите? Зошто не го продадете станот, за тие пари куќа у пичковац ќе направите? Зошто толку скапа кола, многу пари ли имате?