порано имав една пријателка која денес така си ја одбегнувам поради едно прашање дали не знаеше што да ми каже па секогаш тоа и беше - ајде кога ке се омажиш .......значи буквално на секое видување истата приказна се додека не и реков а ти што чекаш да не те чуваме за расолница е одтогаш се вртам кога ке ја видам доста ми е од неа.
Дечко имаш? -имам Од кај е?Колку години има?Што работи?А неговите работат ли?А каде? аааааааааааа и матичен број сакаш???Ова најчесто баба ми знае да ме извади од такт
Што има ново?? (..ами Њујорк, Ново Село, Њу Џерси ..друго? ) а најтрагично е тоа што дотичните секогаш ми го поставуваат прашањево кога се враќаме од школо, а всушност цел ден сме биле заедно и сме збореле.... Што сакаш утре за ручек? - буквално секој ден ме дави баба ми со ова има и други, не ми текнуваат моментално...
А зошто немаш дечко??? (сигурно пребираш) Со кој ќе искачаш, со другари/другарки?? (е не со терористи!!!)
Се што прочитав до сега секојдневно ми се случува.... Со некој не сум се видел 100 години и кога ке се сретнеме Е што има ново?? Или зборуваш, зборуваш, зборуваш... и си завршил и на крај ти вика И?? ... Мн има..
Со кој си пишиш (ова на фб,мсн)? И љубопитен поглед преку рамо.. Е шо правите секој ден излезени? Завера против светот! И дефинитвно број еден...Е нели ти кажав???? (ова после некоја моја утка)
Што правеш? ( а те гледа дека шеташ или седеш ) Што има ново? (ко нема што да ти каже паметно ) Учеше ли за испитот/колоквиумот? (демек ако сум учела ќе му помогне тоа нешто) Каде си ти? (еве се шетам малку на Хаваите убаво времето)
Обично мајка ми ме вади од такт со некои прашања. Пример одам да полагам испит и се враќам дома обавезно прво ми вели- што направи, положи? И кажувам не знам ќе видам кога ќе има резултати и пак ме прашува- ама ти што мислиш ќе положиш? Можи не е вака лошо ама после секој испит во овие 4 години студирање истото па истото. И со друго што ме нервира кога ќе ме осети дека сум изнервирана одма ме орашува дали се скарав со дечкото, па ќе се изнервирам уште толку и ќе ми рече знаев осеќам јас
Значи бабите се главни гњаваторки околу прашањата за дечковците. Бабичката ми моја: А од што фамилија е тоа дете? (од фамилијата зимзелени бабо. бог да чува) Ти па мислиш денес факултетот ти е мерило за нешто? Како не знаеш каде ќе одите? (на прашањето каде тоа ние излегуваме и кај се движиме. и после 10 години - уште ни е актуелно по дома, и се' уште - е прашање без одговор.)
О, Боже, пред очи ми излезе баба ми кога го прочитав ова! Исто, прашање на баба ми: Гладна си? или Кога јадеше? или Што ручаше? Од некои небитни особи, кога ќе ме сретнат на некое рандом место: А вие уште сте заедно!? Толку изненадени од фактот што имам нормален дечко и подолга врска, па ќе кажат: ООо бајаги а? Заглавивте?! И, што да кажам на ова: Да, глупи сте! И дечко ми знае да ме накостреши со прашањето: Што ти е? или Зашто си нервозна? Give me a break, for God's sake!
ме нервира кога ќе ме осети дека сум изнервирана одма ме орашува дали се скарав со дечкото , па ќе се изнервирам уште толку и ќе ми рече знаев осеќам јас. Hehe kristina.sk me potseti na majka mi istoto toa go zbori koga sum nervozna i uste tolku me diga vo vozduh,bozee dragi
Значи скоро се што набројавте И у школо најчестите "прашања" и "одговори" на минувања обично.. -Што правиш... -Еве И секогаш е истото со сите.. Ама добро, се простува за ова на некој начин бидејки у 2 секунди-разминување неможеш никаков муабет да направиш а сепак нејкеш а да не речеш ништо да не испадне игнорираш нели.. Исто и мајка ми кога ке се вратам од школо - Дојде? (знам дека е спомнато) И со другарка по фиксен ко ке праам муабет.. -Дома си? - Не фиксниот у град го шетам Спојлер ебаго
Хехехе, злобнички устички со уште позлобни прашања секогаш ќе постојат. Пример кога бев во пубертет и имав бубулици, ужасно ме нервираа прашањата во стилот „ А ти лицето го чистиш со некоја колекција?" Не, не јас не го мијам никогаш тоа беше мојот одговор. А сега, нели пошто имам 28 години знам да добијам коментари во стилот. „Не се секирај, и тебе ќе ти дојде редот„ или „ А ти планираш да основаш фамилија?"
Мене мајка ми највеќе ме гњави со глупи прашања: како си помина денес на школо? што правевте во школо? кај ќе одиш вечер? ( да копам у бавча ) со кого ке бидеш? (со моите добри другари - терористите ) кога ќе се вратиш??????? и така натаму...не ми текнуваат сега некои други
исто пак исто како на факс до каде си(аман кога ќе се заврши еднаш ќе разберете прекинете пукнавте со то прашањето) и како со дечкото добро го знаеш ова она ? и кога ќе одиш на факс не полагаш немаш обрски ? уморна сум не давам одговор само си вртам полу круг и ја напуштам просторијата нека клепат :geek:
И како сега на работа, лоша си со децата? Спојлер Да,плашило изигрувам,демнам просто Зеде плата? А колку ти е платата? Кој те вработи,партиски или преку завод? Овие прашања доаѓаат од луѓе по улица кои ме среќаваат и немаат ни Б од блискост со мене,али ете паметни луѓенца па сакаат да допрат до сржта на голем број работи И прашањето кои ги одбележува моите дваесетти години -Кога ќе те мажиме? А што да им кажам, што да ги лажам кога ни ја не знам, је*оте
Невина си? :geek: Имаш дечко??? (немам ама после тоа следи знам дека имаш не мора да криеш ) Ќе излегуваш? (особено поставено од небитни особи) После она типично шо праиш? следува ништо еве ти? и јас...па следува Што ке се пофалиш? :geek: Ова е најчесто поставено од некој што 2 пат ме гледа у живот, па треба автобиографија да му пишувам зошто што да се фалам ништо незнае, или некој што знае буквално се и пак ова И сега со кој се муваш? (се мувам секој ден со различен, жити бога ) И уште многу прашања кои ме вадат од такт....
Шо има ново?? Ништо Кај тебе? Ништо И крај на муабетот Најубо е кога ке се има прецизно прашање ако навистина се интересира некој,а ова од такт ме вади А исто и... Што ке се пофалиш,шо ке кажиш друго?? е освен претходното НИШТО,друго НИШТО немам...што да кажам