Пијам кафе околу 19 ч. баш кога доаѓа маж ми од работа и секој ден истото... е што правиш, пиеш кафе?
Свекор ми си иде од работа, а јас како по обичај секогаш испружена на кревет, а тој одма настапува со прашањето (ова прашање секој ден се поставува): Што правиш Блооооонд ? - Не е очигледно дека дремам како и секој ден со компјутерот во раце ? А омилената фраза му е: Ајде Блоооооонд. Е што ајде ? Мислиш јас го чекам да се врати тој од работа и да почнам да се клањам пред него А свекрва ми, кога станувам насабајле,јас на неа доброутро, а таа мене, ееее стана ли Блооооооооонд ?-Не бе, месечарам ! Значи само свекор ми и секрва ми ме викаат по цело мое име и го развлекуваат на крај, никој друг! Баба ми кога ќе ми се јави: Прашање1: Што правиш, добра си? Прашање2:Што има ново? Прашање3:Што ќе се пофалиш? Прашање4:Инаку што си правиш, арна си? ВТФ ???? И се лути оти секогаш кога ми се јавува, јас јадам За сите ситуации смајлиштосекрсти !
кога се допишуваме со некоја од соученичките од средно на ф.б. кога ке почнат: што има ново кај тебе? дали имаш дечко? да не се омажи и ти? што чекаш до сега? или исто така една друга соученичка од средно секогаш кога ке ме види ми вели "срцекршачка најде ли работа?" божем така лесно се наога
Прашања од типот: Дебела сум? Или Дали сум убава? Зошто не ме сакаат машките? ало бре со тој памет како, искомплексирани!
Му даде на Мики? И тоа колку пати! Е будала работа...и да сум имала однос, сигурно на небитни фаци немаше да им кажам. -.- Ако сум рекла не губам невиност волку млада, аман бе луѓе. -.- Или прашањето секое утро, стана Мерче? -Не, Каспер се шета низ стан и тропа со фиоките.
Што праевте денес во школо? Одговорот што следи, секој божји ден е ништо, а за да земам на мајка ми да и раскажувам што сме праеле, нема потреба. Имаш симпатија? Дечко имаш? А што ти праи дечкото? -Немам дечко. -Ееее, такво девојче дечко да нема, ај не ме лажи сеа (Некој што не сум го видела доолго време, и не сум воопшто блиска) Што има ново? Што ќе се пофалиш?
Кога некој познаник ќе сретнам на улица и кога наместо ЗДРАВО или ДОБАР ДЕН добивам едно пролазно ШТО ПРАВИШ..!? Па одам по улица, нели гледаш што правам
Ме нервира кога некоја другарка ќе ме праша: -Дебела сум? -Не -Ама кажи вистина дебела сум и грда? -Неее! -Ајде би ди искрена! -Да дебела си, јадеш по пет хамбургери на ден со голем помфрит, мислам дека ќе остариш сама со 21 мачка и никој нема да те гледа сепак ти ќе ме нервираш со истото: „Дебела сум?“
Си фати ли дечко? повеќе и не одговарам на ова прашање само се смеам во фаца без ич грижа на совест. Кога мислиш да се мажиш?
Едно прашање од една другарка.. Мал одмор да кажеме помеѓу отприлика 3-4 час и ми вика: „Што правиш?“ .. Е што може да правам, јајца да квачам? Ете, гледаш си стојам пред тебе.... Жити се! Секогаш, ама буквално секогаш кога одам со мајка ми на гости кај мојата учителка од прво до четврто (иначе, мајка и ни е стара кума, ја крстила мајка ми) и ајде, ќе се вари кафе и ќе ме праша: „А, ти сеуште не пиеш кафе, или веќе почна? Да ти сварам и тебе?“ И јас: „не, не пијам“. „Е, не се собирате со другарките онака, на кафе, ние едно време кога бевме како тебе пиевме кафе и после си гладевме“ ... Епа, јас не пијам.. Стварно многу ја почитувам жената како личност, таа ме описмени во школо, ама кога ќе ми го постави тоа прашање ме вади од такт. Друго прашање, најчесто поставено од страна на брат ми, татко ми или мајка ми: „Уште си на компјутер“, па побогу, не гледаш дека сеуште сум??? И уште многу други прашања од типот кои се спомнати погоре „Да бидам на диета, што велиш?“ , „Имам ли стрии или целулит?“ , „Здебелена сум?“ ... Ох бреее! На оваа возраст секако дека ќе имаш... Има време за диети, јас си јадам додека не станам бишенце, па за матура ќе држам диета.. А до тогаш има време, ехееее...
-Здраво, што правеш? - (безвезален одговор тука зарем не е очигледно РАЗГОВАРАМ СО ТЕБЕ ИДИОТЕ) .. - Што има ново, што ќе се пофалиш? -(глупак си купив нови патики, ете тоа ќе се пофалам!)
Не замеруам ногу на таквите прашања. Aко прашат "еее Кај си ти?" Јас одговарам со "Пак тука!", а бабами најмногу ме нервира кога ке ми рече "eee си дојди ли?" и чека да и одговорам а ме гледа преднеа дека сум дома
Ти бара дечко ти? -Леле ова прашање значи само прост човек може да го постави,ептен ми е незгодно кога некој ќе ме праша вакво нешто (особено некои прости девојчиња,па макар и другарки некои) и токму со насловов на темата одговарам на тоа глупо прашање.Уво ги боли нив дали ми бара или не. И само да го додадам ова:
Токму. - Кажи кажи, кој ти е оној што се галеше завчера во поповите градини? - Мартин-Тортелин. На 23 години јас ќе кријам ако имам дечко, знаеш шема е тоа! А Кога мислиш да се мажиш? Кога ке дојде Павле Трајанов на власт, ке поефтинеле порциите во хотел рече човекот. Или ќе ми звони телефон и оние чалами-салами-пипл одма - а а, криеш нешто??? - Да, да, кријам телефон со вртење во џеб и тој ми звонеше, мобилниов ради да не пукне брука го вадам. Мхм. И ова! - Положи нешто? Испраќам само ваков краток поглед демек, што има да те јаде забот за моите испити, мои си се и без никаков коментар од моја страна, добивам само тапшање по рамо... - ооо ајде ќе биде, си учиш ти. - Мамо, излегувам! - Чекај да те видам! Со кого? Што ако и кажам со кого излегувам кога поважно треба да и бидe со кого се враќам, м? Аааа сабајлето со кого си дојде дома? - Бабо со таксистот. - Е не беше оној таксист, го знам него.
- Како оди работата? (одговор - па оди некако, полека полека) - Шо не си извадиш книшка да ти најдеме убава работа? Не бидува барем еднаш во два дена да не го слушнам