Јас: Јадам. Мајка ми: Сакаш уште да ти ставам? (уште го немам дојадено и ако сакам ќе кажам бре ) Друга ситуација: Мајка ми: Кај си? Јас: Во WC. Мајка ми: Во купатило? (Е не бе во ходник сум во WC )
прашања од типот..„Што ти е..“?! Не ми е ништо...а ти сигурно нема да ми помогнеш со твоето прашање. -,Зошто пушиш, што виде толку убаво?, тоа е исто ко јас да ве прашам:,,Зошто не пушиш? исто така мразам прашања од типот: Шо има старо/ново? - ако има ново сама ќе се пофалам
Мразам кога некој ќе ме праша: Кај работиш? -Никаде моментално. Што, немаш работа? -Не, немам. А огласи пратиш, гледаш? -Не бе, не гледам, седам дома без работа и без пари од шо ми се седи, ете така убаво ми е! А таму и таму си пробала да аплицираш? -Значи луѓе АМАН! Не сум малоумна, сум пробала секаде каде што сум мислела дека имам шанса (а богами и кај што немам шанси аплицирам)!!!!! Дефинитивно веќе не одговарам на овие прашања, преку глава ми е дојдено! Мислат нив ако ги вработил тато, мама, чичо и не знам кој дека многу знаат, само прашуваат безвезе и се ситат на туѓата мака!
До кај си со факултетот? и До кај си со учењето? Ете уште неколку километри и ке стигнам до целта. Како да кажам до кај сум со учењето? До 2343546546 страна.
1.Имаш дечко и уште не си му дала? - па ти ли ке ми кажеш што треба да правам јас со него ! 2.Уште колку предмети имаш за полагање? -и што е битно де да не ке ми ги положиш ! 3.Кај си? Со кој си? и зошто си таму излезена? па што правите? - ова најчесто прашања на мајка ми 4.Сакаш сок? - а сите знаат дека не пијам сокови
Што, немаш дечко?толку си убава а немаш дечко е зошто бе така ? демек сите што се сингл не се во врска оти нешто им фали
мене ме нервира леле комшике каде ма?На работа ќе одиш?А,зошто волку дотерана Е,па логички во 8h-каде ако не на работа Како да бидам облечена нормално со луѓе работа
Сега се сетив на едно прашање шо мислам дека на сите ви го има поставено некоја будала : - Колку пари планираш да носиш/ колку пари носиш / или колку пари носеше на екскурзија? Епа татко ми се шо имаше дома од платата од овој месец останато ми даде.
Мајка ми: - И до кај стигнавте со господин Х Јас: До каде? До Кавадарци ај у пм и не ме прашувај повеќе
"Што има ново?" или "Што ќе се пофалиш?" Многу ме нервираат вакви безвезни прашања кои служат демек да се започне разговор или слично. Не е дека човеков не ме видел 100 години, па ајде да си расприкажеме што ни се случило, долго време поминало. Туку секој втор ден ме гледа и секој ден истото прашање. Од девојче што ме гледа втор пат во живот: "А ти имаш дечкоо?" Излегувам од дома и татко ми/мајка ми: - Каде ти? - Еве ќе излезам до населба. - Со кого? - Со другарки. - Сигурно со другарки? Да не има некој таму да пуши, да се дрогира? Кога ќе се вратиш дома? Немој да касниш и милион други прашања на кои не знам дали да си ќутам или да почнувам да пишувам извештај.
Фино лепо се шеткам негде, ќе сретнам некој познат и ќе ме праша: -Каде одиш? (на Месечината по зелки) или -Каааааај си бе? [со долго развлекување на а-то, онака иритантно] (под кајсија, берам круши, јадам сливи и плукам семки од банани, кај сум ) Јас на мајка ми не и давам отчет каде одам, па на некој на улица што го среќавам. Или вообичаените прашања: -Како у школо? или - Како си помина? Алооооо во школо бев, не во диско да му се сневиди Или некој што прв пат го гледам дека ми е во пријатели на фб ми пишува: -Здраво. Како си? Што има ново? Што има ново? Аман бре, до вчера бевме заедно па не сум ти се пофалила за денес што е ново. Или некоја другарка ми праи муабет, па очекува да ја тешам. -Лелееее види колку сум дебела. Мора да ослабам. Како прасе сум се направила. Нели? И јас на ова да враќам со: Абе не си дебела, таман си што ти е. Не се глупирај, супер линија имаш. и сл. Ма не ме јеби бре Пред искачање, мајка ми порано: -Со кого ќе бидеш? -Со друштво? -Да не пие, пуши некој? Немој да те натераат на такво нешто,пази што правиш. Аман бре жено крофна ми ја направи, секогаш исто. И она класичното: -Спиеш? СЕГА НЕ