Немам време...

Дискусија во 'Сингл' започната од Strawberry-Eli, 18 мај 2010.

  1. Strawberry-Eli

    Strawberry-Eli Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Nikogas ne planirav deka ke napisam nesto vakvo , no..ete se sluci. Jas sum student na eden od tehnickite fakulteti ne kazuvam na koj...eve ke pomognam na toja na koj ne se spie ama ic. E sega, jas iskreno go sakam fakultetot ke bida Sheherezad zdravje boze :) ama ona sto najmnogu me plasi vo momentov e toa deka jas pokraj tolkavite obvrski nemam vreme za nisto. Nemam izlezeno ne znam od koga, sledstveno na toa nemam decko.. i ako do sega toa ne bese problem sega pocnuva da me zagrizuva. Celosno se izolirav od drugarkite, veke ne se ni lutam ako ne me vikaat ako treba nekade da se odi, nemam prao da se lutam jas sum taa sto nema vreme za niv... Site si imaat decko samo jas ne..koga ke dojde taa tema navistina ne sakam da bidam prisutna. Se plasam deka zaradi fakultetot ke si ja zafrknam mladosta i posle ke mi bide krivo, a uste postrasno od toa e sto jas sum svesna za toa...
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    te razbiram sto sakas da kazes,no sepak jas mislam deka bez razlika kolku imas za ucenje sigurno ne e deka nemas voopsto slobodno vreme nitu eden edinstven saat,barem posle kolokviumska nedela ako nisto drugo.namesto da gledas serija mozes da se vidis so drugarkite.i jas sum na tehnicki fakultet i znam kako toa izgleda,no namesto da sedis na internet so saati ili gledas televizija mozes da iskocis,ponekogas mozes da se dogovoris da jades nadvor so drugarka,ako navistina sakas i toa kako ke najdes vreme
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.364
    Допаѓања:
    36.957
    Се е работа на приоритети. Ќе си подредиш, добра организација. Јас барем знам за немање време. Ама нешто мора да трпи. Само со добра организација ќе постигнеш, инаку ништо.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.759
    Допаѓања:
    77.344
    Шехерезад,не претерувај и ти сега...на сите факултети не се спие,кај вас е ради цртањето и пред се заради стереотипот,архитект сум,не спијам,цртам...како и да е изговорот е секогаш прв.Има една добра изрека на која често си се присетувам кога ќе речам леле немам време...тој што вели дека нема време,најчесто и ништо и не прави...зошто е преокупиран со мислите немам време и задачите не си ги извршува ефективно и ефикасно,па се случува навистина немање време.
    Не навлегувај во непотребни преоптеретувања и размислувања околу младоста,дечковците и факултетот,туку едноставно подобро организирај си се.
     
  5. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Strawberry-Eli целосно те разбирам!!! И јас сум на еден таков факултет (оној кој сите го сметаат за најстрашен) и го имам истиот "проблем". Целиот ден ми се сведува на предавања, вежби (на факултет) и после се истото само дома :| И да речеш одиме на факултет па таму ќе се најде "нешто" ама... Како што кажав јас сум на еден од најнепожелните факултети па и таму изборот е мал :) Дури и изборот за машки ми се промени. Сите што во последно време ми се допаѓале се (како што е општо познато) nerds. :lol:
     
  6. net-tet

    net-tet Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    epten mi se zasviga forumov...i poslednive denovi 'spijam' na nego :)

    jas diplomirav medicina pred godinka i nesto i imav slicen problem,sega uste studiram na postdiplomski no tvrdam deka se e do nas! i jas sum vikala taka,nemam vreme za nisto i posle toa mi stana navika duri i nejkev da izleguvam imav kako nekoja fobija od siroka masa na luge. sreken mi bese onoj den koj sto ke odam na faklutet i ke imam vezbi hirurgija i tolku. Zakluciv deka sama sum si kriva za se i ete sega moze da se kaze deka sum malku po relax...no ke kazam godinkite pomalku izminuvaat i deka ne e se isto i deka razmisluvam 5 pati pred da napravam nesto ....
    zaklucok: imase vreme za se,ama koj da znaese togas :fubar:
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.555
    Со добра организација се постигнува се'.

    Не знам ни што е со фамата за техничките факултети. Мојот сакан заврши таков, чистеше година во јуни (сега со ЕКТС може е нормално, ама порано требаше добро да се организираш за да исчистиш во јуни), и со мене беше секој ден. Ама организиран беше - до 2 на часови, после над книга, и вечер - шетање. И последната година ипол плус работеше, и дипломираше на време. Програмата е направена за да може да се постигне, можеби е прашање на ефикасност.

    За мене успешен човек е тој што тера на сите полиња. Не треба ништо да се запостави. може еден период нешто да ти оди подобро, а друг период нешто друго, ама генерално да те има секаде.
     
  8. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Јасно е дека се е до организацијата ама ај ние да си се пожалиме како нас од техничките факултети ни е тешко!! :lol: :lol:
     
  9. Strawberry-Eli

    Strawberry-Eli Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Па и јас чистам година во јуни...ама за да исчистам тогаш и за да сум слободна цело лето јас си знам како ми е цела година...во ред е јас само сакав некој да ме исслуша :) фала на вниманието што некои од вас ми го доверија и ми дадоа малку од малку поддршка и совет. Еве се ближи крајов на макиве па ми иде прекрасно лето ккое ВЕТУВАМ ќе го искористам максимално поздрав за сите
    Фала Богу што постои Фемина :) :*
     
  10. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    пред се мораш најпрво да си направиш концепт на сите обврски кои ги имаш и ефикасно да си го искористиш времето.моето мото е СЕ ШТО СЕ САКА СЕ МОЖЕ но со добро изготвен план и добро организирано време
     
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    1.725
    ако правилно се организира времето ќе видиш како ќе најдиш време за се - па дури и ќе ти остане :)
     
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.458
    Сите си ги пумпате факултетите како оние најлошите. Мајката имала два сина, едниот го сакала, а другиот го пратила на Електро на пример. Аман веќе. Секаде има учење, каде малку, каде многу. Се знае кои се оние на врвот, барем така ми кажале, јас не можам да знам.
    Сестра ми ја немав видено убаво се на се 9 години. Прво се окози во Корчагин, потоа на Фармацевтски. Сега просек, алал и вера, ама што е право право е, девојчето се си положи, еднаш не падна, сите од прва ги среди. Индексот ќе си ставам во рамка, затоа што мојот нема да е таков. :D
    Но да се вратам на темата, имаше време да се социјализира, колку-толку. Може спиеше 2 часа дневно, ама кога ќе се ослободеше барем малку излегуваше. Не ги мереше дискотеките тоа мнг јасно. :D
    Се што ти треба е планер, пенкалце и добра стратегија. :)
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    7.765
    Пол:
    Женски
    Учи си ти и биди си успешна нема ништо да зафркнеш, а дечкото ќе си дојде по факултетот :inlove:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.692
    За се може да се најде време, ако се има добра организација и добар распоред на обврските во текот на денот.
    Секако, зависи од тоа какви приоритети имаш. Те разбирам донекаде, и јас сум имала периоди кога сум мислела дека немам време, ама после тоа си направив распоред-кога ќе учам, па неколку часа слободно време. Се се може ако се сака. :)
     
  15. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.377
    На факултет си и немаш време... а некој освен што студира, дури и работи. Овие 2 нешта комплетно ме изолираа од светот. Сега откако не сум вработена, имам време за се. :) Буџетот е намален, но намален е и мојот стрес и нервоза. Сега само на студиите сум посветена, и си имам време за се. :)
    Нема врска организацијата, никогаш не се знае што може да се случи...
     
  16. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Јас па баш кога одам на училиште имам повеќе време за разлика од сега. По цел ден излежавање, ако испаднеш некаде арно, ако не дома нешто ќе фатиш и не правиш ништо а немаш време. Кога сум на училиште си го знам редот, се прави организација, се’ средуваш и имаш време. Треба само да се организира времето во согласност со активностите. Сега јас не можам да го споредувам моето училиште со вашето и обврските мои, стварно излегува смешно, ама поентата ми беше дека организацијата е многу клучна во вакви ситуации.
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.592
    за се може да се најде време .. доколку се сака се разбира!!

    имам една другарка медицина студира (знам јас колку е страшно и колку треба да си ја маваш главата за да завршиш медицина)

    има дечко успева и со мене да иде на кафе.. се додека ти е организирано добро немаш гајле!!
     
  18. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Aко се сака, за се може да се има време. Рецептот е еден убав дневен распоред и придржување кон него. ;)
     
  19. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    67
    кога планирам нешто однапред и се ми е организирано, никогаш не испаѓа како што сакам, секогаш нешто ново изпаѓа. |( А кога се тече спонтано испаѓа како со денови да сум организирала што ќе правам денес. ццц 8)
     
  20. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    32
    Истово е и кај мене.Ќе пробам да распоредам колку часови,што кога ќе учам..ама секогаш ќе испадне нешто.Никогаш не испаѓа како што си планирал.