Забранетото овошје е секогаш послатко. Треба да сфатиш дека не треба да се замараш со славни фаци, нема кој не сака некој познат ама сите се помируваат со реалноста. Немој да мислиш дека на тие женетите и тие со девојките се им е полно и рамно, инста е едно, реалноста друго, гледај некој што ќе ти одговара на тебе и не го споредувај со други, секој си е за него. Олабави малку со предрасудите и ќе изгрее сонцето и за тебе. Со среќа.
Сериозно на 20 години се разочарувате за љубов? Шетајте, дружете се сега, најубавите години се за тоа. Има време и за љубов и за нервози.
Времето лета, додека да трепнеш поминуваат годините, а никаде нема надеж. Како да не бидеш разочаран кога најголемиот страв ти е реалност?
Дека времето лета, во право си, лета.. Ама што треба да правиме? Да седиме, да се нервираме оти немаме дечко/девојка? Така нема да лета времето? Ќе лета исто, само плус нервози и разочарувања што ќе има. Ако излезеш, се забавуваш, се дружиш... И оставиш се да се одвива онака како што треба, пак ќе лета времето, ама барем ќе сме исполнети и среќни. Ако форсираме нешто, џабе е. Со сила убавина не бидува.
Времето лета и сфаќаме дека некои работи не се во наши раце, не можеме ние да решиме да најдиме љубов и да трагаме по неа, не е решение да дремиш на инстаграм да средуваш профил за да ти пишувале…. Најголема глупост Како што кажаа погоре најдобро е да сме активни, да сме среќни, да се дружиме и да работиме на себе, отворени за нови познанства и работите ќе си дојдат сами по себе, барем така мислам и јас чекам
Искрено малку сум исплашена за ова што ми се случува зашто ми се случува последнава година во неколку наврати и се прашувам дали е проблемот во мене. Цело време сплет на околности ми се лепат зафатени машки, некои што имаат девојки. Истовремено и јас осеќам некоја хемија и привлечност кон истите, дали поради вниманието, дали поради убавиот нивен изглед, дали поради тоа што зрачат со самодоверба, дали поради тоа што ми даваат целосна убава (лажна) слика еве не знам. Длабоко во себе знам дека се кретени и дека не се океј личности штом флертуваат со сите, а се зафатени. И покрај се' тоа осеќам симпатии кон таквите. Од друга страна, ќе се појави некој тип што е океј во смисла карактерно, а сепак кај мене ништо не работи. Осеќам дека сум на повисока фрекфенција, дека ми треба нешто повеќе, дека заслужувам повеќе. Работам на себе и го очекувам тоа и од другата страна. Да е добар, фин, да ме сака, да го сакам. Едноставно кажано, да е обострано со ист интензитет од двете страни. А како трет момент, ќе ми се допадне некој таков, што мислам дека би било супер нештото ама од другата страна некако нема интерес. Ми се допаѓа и физички, ми се допаѓа и како се однесува буквално исполнува се' што сакам ама не осеќам дека нештото го има и од другата страна. Прашањето ми е дали на некого во некој период му се случувало истово? Се плашам дека е проблемот до мене и до мојата перцепија на нештата. Се плашам дека никогаш нема да ми се случи тоа обострано што го посакувам.
Немам среќа во љубовта. Не сум некоја кокета или љубовџика така речено. Не знам што да направам кога ќе фрлам око на некое машко другарките на смеа на шала ми го превземаат. И тоа не се ни пофалам. Предосетат и веднаш го фатат. Јас останам да им светам на глава. Како мајмунче. Некои им одговара таа моја несреќа и поради тоа се нервирам но, нема што да направам. Повеќе пати ми се има случено да ми се допаѓа некое момче а, тоа се заљуби во некоја моја другарка. Можеби треба малку да поработам на физичкиот изглед. Да се дотерам малку. Но, јас не не сум дотерана но, одржувам хигиена. А, тие мои другарки испоземаа убави момчиња. Јас не сум имала врска до сега не верувам ни дека ќе имам.
Не сум некоја што е далеку од тебе па да ти соли памет но, ќе ти речам поработи на самодовербата, а за тоа сакале или не треба физичкиот изглед да го подобриш. Не велам дека не си убава бидејќи не те знам, а и верувам дека секој е убав на свој начин ама очигледно дека и ти не си задоволна со тоа како изгледаш. Освежи си го стилот, почни да се шминкаш нежно, смени нешто на косата, скрати ја, осветли ја пример или направи прамени, почни да ја стилизираш некако и веднаш ќе се осети освежување. За тоа што другарките ти ги земале симпатиите ти си крива што уште ги викаш другарки, а не се секирај и за тебе има некој само прво треба да си задоволна самата со себе и да се дружиш со други другарки
Како може да не знаеш што да направиш кога ќе ти се допадне некое машко? Најди го на Инста, истажувај, распрашај се за него, види дали има девојка, пробај некако да му привлечеш внимание, што прават твојте другарки за да фатат дечко, и ти направи го истото.. Само ќе ти кажам дека не до убавината, ниту до изгледот, за секого има по некој, само треба да се најде вистинскиот начин да му пристапиш, да не се преценуваш, да даваш шанса и кога во прв момент некој не ти се допаѓа, давај и втора шанса.. Какви неубави девојки со плус килажа фатиле дечковци, и какви згодни типки прелепотици се сами со години, да се чудиш..
Ако треба толку многу да се трудам за маж - ич не ми треба. @Alizée10 мој совет е да поработиш на себе и на твојата самодоверба. Самодоверба не е само шминка или дотерување туку да се осеќаш комотно во својата кожа. Пошто кога ќе се осеќаш комотно во својата кожа и имаш самодоверба - оддаваш таква енергија. И луѓето од околу ја гледат и ја „земаат“ таа енергија. На некои шминка им помага да оддаваат таква енергија и да се осеќаат посамоуверено, или пак облека шо е посекси или генерално облека во која ти ќе се осеќаш комфортно. И полека почни да флертоваш. Мора да дајш бар мал суптилен знак дека си заинтересирана, ако не можиш да напрајш прв чекор кон некој. Сите сакаме да знајме и другата страна дека е заинтересирана за да можиме малку „поагресивно“ да флертоваме. И најважно, другарките знат дека си заинтересирана за тие дечковци? Пошто ако знат и прат чекор кон нив - колку ти се вистина другарки? Besties over Testies.
И мајка му му вели "гледај на ју тјуб за шминкање и фризура, ти ништо не правиш" а и така е...еднаш се бев нашминкала и мајка ми ми вели "многу убаво си се нашминкала, од каде научи така да се шминкаш...." ... Па имаше многу такви ситуации братучетка ми пред да се фатат со нејзиниот дечко ми се допаѓаше а, јас не и кажав и потоа ми кажа си го фатив и имаат сега две ќерки во Холандија се, на најдобрата другарка не ми се веруваше дека го фатила тој дечко што ми се допаѓа и си флертував со него но, ете ги ден денес се во контакт јас не се дружам со нив од срам што им го одземав времето, друга една другарка ми се допаѓаше нејзиниот дечко но, тој беше понизок од мене може немаше да го фатам ама таа се фати со него...тие што ги набројав се сами немаат браќа или сестри и не се научени на братска делба. Затоа се така себични а и поубаво за нив. Нека им е се убаво штом јас не можам да им пружам и овозможам пријатно друштво. Имам и други примери за партнери за полуматура и матура да немаш со кого еден танц да изиграш но, ете така е. Фала ви најмногу за советите ќе поработам малку на себе...има една изрека вели"работата го краси човекот а, мрзата го гнаси"... Треба понекогаш да си ги отцениме можностите и да флертуваме со некој што не е толку популарен а, не со некој што го облетуваат дузина девојки. За да не се фрустрираме дополнително.
Tie shto mi se sfigjaat ne mi se posrekjuva ili gi odbivam od sebe nesvesno, tie pak shto mene me sfigjaat, ne mi se dopagjaat A ne mozham da bidam so nekoja kolku da ne sum sam i ne mi dava srcevo da se podigravam so nechii chuvstva. Gospode pomagaj