Љубовта не е среќа, туку работа. Најмногу на себе. Па потоа и со партнерот. Време, посветеност, одлуки, избори, компромиси ... Љубовта не е лото.
Слободен сум, но не осамен. Го чувам срцето за некоја што ќе знае да го цени, за љубов што нема да биде само момент, туку мир, почит и нешто вистинско. Иако е тешко во ова време да се најде вистинска личност, сепак верувам дека постои вистинска љубов… нешто такво. Само треба да имаш трпение да ја дочекаш. Како што пчелата сама го наоѓа најубавиот цвет, така и човекот што е за тебе ќе го најде патот до твоето срце. Не треба да трчаме по нешто што е наше — она што ни е судено ќе дојде кога најмалку очекуваме. Љубовта не се мери со тоа колку убаво некој зборува, туку со тоа колку искрено се однесува. Љубовта не е игра на гордост, молчење и докажување кој кого повеќе сака. Љубовта е две лица кои се трудат, се разбираат и се чуваат меѓусебно. На крајот, не е најважно кој ти го забрзува срцето, туку кој ти носи мир во душата.