И јас уште малку 27 год, не сум загрижена, околината повеќе се грижи дали ќе најдам некој асален. А инаку на 22 нема потреба од загриженост, агјле ти е, па не си престарена.
http://www.kafepauza.mk/zivot/singl-da- ... map=%5B%5D Дај живејте си го животот, трпение-спасение, верувам дека се ќе си дојде на своето место. Не давајте околината или вие самите да си вршите притисок. Ништо страшно ако на 27 не сте се омажиле. Оставете ги сосетките да се грижат за тоа.
Дефинитивно, немам среќа јас во љубовта... Ќе се најде некоја за наоѓање, ама јас како по обичај ќе се залетам и ќе се заљубам и после некое време, јас сум тој повредениот... Барем еднаш да видев како е да раскинеш и како другите ќе се понашаат со тебе??? Дали како јас или не... Или една да се најде асална....
Па пробај да не се залетуваш, не си прави филмови бидејќи работите никогаш не се случуваат така како што очекуваме. Или ќе испадне многу подобро или многу полошо. Гледај да се контролираш, не брзај, не покажувај чувства многу рано бидејќи има девојки што го користат тоа.
Секој има среќа така и ти како и да е ќе пристигне никогаш не губи надеж последниот најслатко се смее...таа е стара поговорка но вистинита
Така си мислите дека немате среќа во љубовта, не сте налетале на вистинскиот па да доживеете вистинска љубов, нема што да очајувате се во свое време, кога најмалку ќе очекувате ќе се заљубите и ќе бидете среќни, малку ќе се разочарате ама и тоа ќе помине ах љубов да не е љубовта немало да ни биде животот интересен. Што би рекле- љубовта започнува со насмевки, расте со бакнежи и завршува со солзи.
Секој со среќата,некои многу брзо и лесно доаѓаат до среќата,а некои треба да се помачат. Ама кај овие вторите задоволството подолго трае
не очајувате девојки... не подлегнувајте на притисоците од општеството.. почекајте и отворете ги очите.. можеби има некој но не го приметувате или не давате повод. секоја принцеза си има свој принц.. само треба да се почека малку
Секој барем еднаш помислел на ова. Треба човек да е истраен, да се надева и да чека. Да се движи, да се социјализира, така ќе запознае повеќе луѓе, а меѓу нив ќе ја најде и својата сродна душа. Не се брза никогаш, се' ќе си дојде во свое време. Порано или подоцна, денот ќе дојде. Сам човек ретко останува. Затоа бидете ведри тие што мислите дека сте несреќни, само така ќе најдете партнер/ка.
Зарем среќа треба во љубовта,треба малку да се спуштиме на земја,а не да бараме нешто од соништа,идеално не постои.
Не за џабе се кажало, „за секое тенџерче си има поклопче“. Затоа немојте да очајувате, кога тогаш ќе се појави некој што ќе го залсужи вашето внимание и љубов. Можеби тој е некаде околу Вас, меѓутоа никогаш не сте си дале себеси шанса да ги отворите убаво очите и да прогледате кој е вреден за Вашето внимание, а со кого залудно си го губите времето. Бидете трпеливи, коцките ќе се поклопат еден ден!
Секако дека е потребна среќа. Некој има среќа да сретне личност што е права за него на помлади години, некој покасно, откако веќе му се случиле мн промени во животот, а некој никогаш.. Сепак, дур си жив има шанси да доживееш љубов, ама треба и да знаеш да ја препознаеш.