Не сакам да бидам песимист, целосно се согласувам со тоа дека секој еден ден ке си ја најде сродната душа, ама што ако за некој едноставно нема... некои едноставно судено им е да бидат сами имам еден комшија, живее сам има 60 години.. никогаш не се женел... има срце од памук, секогаш знае да те насмее да ти помогне.. ама ете едноставно за него немало друга половина.. толку е тажно.. Дури и ме загрижува... што ако некои едноставно се родени за да умрат сами..
премногу си млада за да размислуваш за тоа и да бидеш загрижена за љубовта ,пред тебе е животот еден ден и ти ке ја сретнеш љубовта на твојот живот .Никој не е создаден за да живее сам е сега некои се сами од Х нивни причини никогаш неможеш да знаеш што всушност им се случувало на тие самци во животот и зошто се сами ,тие тоа најдобро го знаат, можеби биле премногу бавни за да ја отворат вратата кога нивната љубов затропала.Господ ги создал мажот и жената едно подруго за да бидат заедно и да чекорат заедно низ животот.Секој еден ден, порано или подоцна си го наоѓа тоа што го бара и заслужува
Добредојде во клубот! Имам 17 год. немам среќа во љубовта, се манијачам со еден од школо... Не си свесна колку те разбирам како ти е! А што се однесува до критериумите јас едноставно ги немам, затоа што така е полесно, по кого ќе ми залупа срцево по тој ќе гледам и крај на приказната.
Се во свое време дефинитли 17години ...мене тука повеке ми мириса како тоа другарки мој имаа дечковци јас немам..А не дека ти немаш толку среќа во љубовта ....Сигурно имаш 'пуштачи' пробај со некој од нив сигурно ке има некоја хемија не мора па баш тие
Девојки, да се наоѓаше така лесно/рано љубовта, сите на 17 години ќе бевте во 7-годишни врски и можеби со труднички мешиња . Полека, без брзање, се во свое време... За танго се потребни двајца, ако само едниот знае да игра, неизбежни се помодрени прсти на нозете и стапала - затоа, додека не го најдете вистинскиот партнер, нема простор за паника и самокритика, важно чувајте си ги стапалата здрави.
Девојки ако не сте имале озбилна врска или немате дечко немора да значи дека немате среќа во љубовта.На 17 години не ни очекувајте дека ке ја пронајдете љубовта на својот живот.Живтот е пред вас,наместо да депресирате превземите некои мерки време е за акција.Ако ви се допаѓа некој обидете се,освојте го.А и не се преценувајте давајте им шанса некогаш и на оние што мислите дека се сосема спротивни од вас(не велам за врска,или мување ама кафе не е ништо страшно) па можеби и ке сфатите дека уствари сте многу слични.
Уживајте додека сте сингл ,флертувајте со секое симпатично бате ,научете да ја користите вашата женственост и некој ќе падне на тоа.
Ете тема во која целосно се пронаоѓам Не дека е за смеење работава, кога размислувам на таа тема, расположението ми се менува од крајност во крајност Имам 22 години, да паничам не ми е ни ка крај памет....ноооо....има тука едно големо но....не знам дали е само во мојот случај, но зошто секое машко што ќе го сретнам е заинтересирано само за физичкиот дел од врската, и више не знам колку пати ја имам слушнато фразата „моментално не сум спремен за сериозна врска....ама сакам да бидам со тебе!!! Јас се обидувам да се поставам уште на почетокот на врската на поинаков начин, давам ан дознаење дека не сакам авантури(реално кажано преку глава ми е од тоа), алиии ете.....немам среќа и немам...остајте друго и дома веќе се чувствувам како лузер(од нив не добивам критики секако), но поотворена сум со нив, знаат кога излегувам со дечко, и на крај секогаш се случува некоја општа катастрофа...се чувствувам искористено, и не можам да поднесам кога ме гледаат со сожалување...аааааа изгледа треба да престанам да се надевам дека ќе најдам човек што пред се ќе ме почитува.....нормално и да ме сака Никако да сватам каде грешам......
Не си само ти таква, абе некои луѓе трпат се во врска, и јас да трпам дечко да ме навредува, да се пијанчи, да ме искористува, ќе имам врска, ама нема да бидам среќна. Не е само да се фатите со првиот на кој ќе налетате. А дека на сите им е само до секс, од тоа многу другарки се разочарани. Од такви што сакаат секс за една вечер не можат дечко да фатат.
Јас одамна престанав да верувам во "љубов". Денес сите гледаат само да те искористат. Порано верував дека постои таа сродна душа и дека еден ден и јас ќе имам озбилна врска или незнам што ама по неколку неуспешни обиди и јас станав како нив. Ако сум со некој тоа е зашто убивам досада а никогаш до сега не сум сакал некој со кој сум била во врска ниту пак планирам да сакам. Денес е такво времето што тешко се наоѓа некој што вистински ќе те сака.
Се сложувам. На почеток на секоја врска си мислам дека ми е ок со човекот,ама како го запознавам сфаќам дека истите фрази ги има кажано на којзнае колку девојки пред мене. Едноставно за нив се е шаблон. Во скоро секоја врска и брак во последно време едниот гледа да извлече корист од другиот, или можеби двајцата се исти или едниот е наивен и верува во љубов.
Кога сме кај немање среќа, значи веќе наполнив 18 години и сеуште не успеав да најдам некоја девојка за мене. Како да бегаат од мене, штом им пријдам се одалечуваат, значи не сакаат да имаат ништо повеќе со мене. Тоа од ден на ден ме уништува, доаѓаат и моменти кога ќе се запрашам зошто постојам. Многу луѓе ме знаат дека сум добар човек секогаш сум помагал на другите и сум фин со сите. Зошто секогаш девојките се лепат за оние што не ги заслужуваат, што има толку лошо во мене. Сите мои другари си фатија женски само јас останав сам :/ Што сум згрешил јас некому па да ми се враќа со лошо. Не знам.
Не очајувај, остави на времето, не прави очајнички обиди за да бидеш со некоја, тоа ќе си дојде спонтано само по себе, само едно не заборавај да се дружиш, другарки, другари секогаш биди опкружен со луѓе, размислувај позитивно, посвети се на себе. Животов не е фер, ама нели не смееме да очајуваме и да се предадеме така лесно, не се работи за тоа дека ти си лоша личност, еден ден ќе се појави некоја што знае да го цени тоа што си ти. Не дозволувај тоа што немаш девојка да делува на тебе, едоставно биди тоа што си,заради тоа што ти си тој и неможеш да бидеш некоја друга личност
Tanja mm е во право,скоро сите машки ги интересира само секс,а самите се толку плитки нема никаква духовност во нив,христијанството каде исчезна,љубовта каде исчезна?Kако и многумина и јас се запишувам во овој клуб на несреќни во љубовта,колку и да се трудев се наидував на лоши момци и погрешни избори ,каква корист оти имав и сериозни врски и како тоа да ми е малце морам да слушам коментари секој ден:кога ќе фатиш дечко,кога ќе се мажиш,демек време ми било .Tоа е ,за машките е полесно бидејќи има повеќе добри женски од машки,само сакам да дадам совет на сите,не ја барајте љубовта во секакви машки и на секакви места . Aко е пишано ќе најдам љубов,иако јас веќе не сум оптимист по тоа прашање
А кој кого тука користи не ми јасно? дали машките ги коростат девојките или обратно тие нив а?е сега и за каква корист дали матријална или физичка,од типот је легнал и ја искоростил,ај да не коментирам зашто многу ме нервирате.поздрав ПС. За да барате нешто треба да дадете. Немало машки а,јас мислам дека нема женски што знаат да ценат добар дечко.
Зошто така размислуваш? Зошто толкава деструкција на себе си си препишуваш?!... Се ке си дојде на свое место полека но сигурно. Биди свој другарувај уживај во животот,работи на себе си значи запиши се на факс,натпреварувај се со себе и имај доверба во себе,се ке си дојде на свое место....ти си млад за да го кажеш зборот несрекен... и не си ја тупи главата дека има нешто лошо во тебе ...нема нема ништо лошо во тебе само треба да имаш поголема самодоверба
еј Дечки дајте малку позитива во темава не е се црно на светов! Не е лесно да се најде обичен пријател во вистинска смисла на зборот па каде љубов, или нешто слично! За се има време! ако не си ја сретнал “љубовта“ вчера или денеска, утре ќе сретнеш секако! Се што е твое ќе си дојде многу сте нетрпеливи. ајде ви стискам палци за среќа Спојлер не е дека мене мие се идеално и дека јас сум најсреќна во љубовта, ама нели идеалното не постои едноставно ќе треба да се задоволиш само со тоа што 90% од времето поминато со таа особа си среќен