Најлошо од се е кога ќе ти ја снема самодовербата, тоа ти е исто како да пропаѓаш во жив песок и нема ништо да те повлече надвор.
Јас па мислам дека упорноста, решителноста и желбата за да се добие нешто се најважни и дека претставуваат нешта кои меѓусебно се испреплетуваат и ја комбинираат златната тројка потребна за успех. Но, некогаш стварно посакуваме работи кои едноставно не се судени да се случат сеуште, како велат, можеби Бог не штити од погрешни избори. Според тебе, поубаво е да најдеш било каква колку да се каже дека и ти имаш девојка, која ќе поседува минимум квалитети од оние што ти ги цениш и сакаш кај спротивниот пол, со која деноноќно ќе се расправаш и на крајот од денот пак кога ќе си легнеш ќе се замислиш и запрашаш дали таа е баш таа што си ја посакувал во животот или пак да почекаш да ти се вкрстат патиштата со некоја од која што срцето ќе ти заигра, ќе ти се пресечат коленици и ќе изгубиш здив при секое гледање? Што мислиш дека е подобро, девојка која ќе ја држиш за рака, но би ја пуштил во секое време да си оди зошто чувствуваш дека не си среќен или пак девојка која ќе ти ја згрее душата и ќе ти даде најверојатно смисла за живеење? Што одбираш, брза постапка и првата или малку поспора и втората? Ти си креатор на својот живот, затоа те молам, ама многу те молам да си ги отргнеш најпрво сите депримирачки мисли од главата, зошто имаш само 18 години (патем толку имам и јас) и искрено одбивам секаков тип кој ќе ми пријде од што е очаен за да си најде женска, зошто ме мава негативна енергија и ги чувствувам веднаш намерите, па бегам што е можно подалеку. Второ, те молам, најди начин за да ја исфрлиш сета негативна енергија од себе. Најчест совет е земи спортувај, запиши се на курс, запознавај се, шири контакти зошто утре не знаеш кој за што ќе ти се најде. Кога веќе ќе престанеш да се замараш со девојка, таа самата ќе дојде кај тебе. Зошто така функционира животот. Кога најмалку очекуваш, го добиваш она за што претходно си тежнеел. Не знам по кој пат е кажано дека секој сака позитивен, ведар и човек кој што просто претставува извор на среќа и топлина. Така ќе те сакаат сите покрај себе и да видиш како самодовербата ќе ти рипне за плус 100% Ти посакувам многу, многу среќа и немој да мислиш дека поради тоа што сите твои другари имаат девојки, ти си нешто под. Уствари си многу над, не се замараш со сфаќање на женската глава (научна фантастика) и си заштедуваш ненормално многу нерви. Убава вечер!
Значи никако немам среќа во љубовта..секогаш кога ќе ми се допадне некој или има девојка или не ми обрнува внимание. Воопшто немам самодоверба, не верувам дека некој може да се вљуби во мене, а ако воопшто ми признае дека е така мислам дека се шегува со мене..имаше еден што секој ден ми кажуваше убави работи, на кои јас не верував дека ги мисли, сакаше да бидеме заедно (значи ме молеше за тоа да се случи), но јас не го бендисував пред се заради физичкиот изглед.. а инаку беше многу добар. И незнам што ми се случи, но сега постојано мислам на него. Откако престана да ми пишува постојано чекам да ми пише како што порано ми пишуваше секој ден, да ме насмее со неговите шеги, но ете не ми пишува и незнам што можам да направам за пак да ми пише (јас да му пишам не се осмелувам бидејќи последниот пат ме остави на seen..дали можеби тоа што чекам да ми пише е од што подолго време не ми има пишано или...што е? Љубов ....не верувам дека е (незнам да препознаам вљубеност), ама и невозможно е. Ве молам за некаков совет. Благодарам однапред,
Немам среќа и сама сум си крива. Секад се залетувам по кретени некои, а тие асалните не ми се свиѓат. Поинтересно ми е коа некој прво не ми мава рецка и после ако бидне нешто од тоа ќе биде само мување, мене типот може а и немора да значи, стварно ќе ми се засвиѓа ама од него веќе ни глас ни ништо. И на крај јас се жалам како неможам асален да најдам. Последниов што ми беше ми пишува само петок и сабота за искачање и толку. Преку недела ништо. И ја еве денес ко будала некоја чекам дали ќе пише или толку му било. Пробував да сменам нешто ама неможам таква сум си.. Си викам ај уште сеа ќе излезам и толку ама морамм после ќе се каам. Искрено се надевам дека во скоро време ќе имам некоја сериозна врска бидејки и мене ми скурчи веќе вака.
Ги читав проблемите и мислењата на темава и можам да кажам дека се ќе си дојде на свое место тогаш кога ќе треба. Ете на пример, додека сите имаа дечковци јас бев сингл, дечко си фатив дури на 18 години и тоа беше промашување од врска. После него имав една три месечна авантура која не прерасна во врска, а потоа кога најмалку очекував се појави некој прекрасен каков што сум посакувала но не сум се надевала дека ќе ми се оствари. Затоа, главата горе, се што треба е време и да не се оптоварувате дали имате или немате среќа.
Среќа во љубовта нема, затоа што како и за се во животот треба да го користиш умот а не да се потпираме на среќата. Проблемот за тоа што се повеќе млади се незадоволни од љубовта се нереалните очекувања кои ги имаат затоа што мислат дека љубовта е како во сериите и љубовните романи. Можеби и јас по таа дефиницина може да се окарактеризирам како несреќна во љубовта но јас тоа нема да го направам затоа што јас свесно избрав да живеам вака без да се врзувам за никого, но тоа е мој избор а не немање среќа. Многу често ние девојките правиме огромна грешка чекајќи го вистинскиот остануваме сами. Неможеш да отидеш на пазар и да очекуваш од првата тезга да најдеш квалитетна храна. Да, можеби некогаш ќе најдеш но за да знаеш што е квалитет треба да пробаш повеќе работи. Јас им се чудам на девојќите кога викаат дека нивниот паетнер бил одличен во кревет а всушност тој им е прв и последен, како тогаш знаат дека тој е добар ако не искусиле нешто друго? Значи да не кукаме и се жалиме на среќата туку да се потрудиме да бидеме реалби и да се потпираме на себе и реално колку прво ние вредиме па тек тогаш да очекуваме помош од среќата. Многу е битно да имаме реални согледувања за себе а не да не носат нашите желби и очекувања. Можеби и јас сакам да бидам со некого кој е 2-3 класи над мене но не значи дека јас немам среќа туку тоа е реалност која треба да ае прифати.
Денешниве девојки ме ги ценат добрите момци и тие што ги сакаат туку трчаат по мевозможното и на крај се разочаруваат незнам зошто така И јас сакам една многу но таа не ме сака вика самоо ме бендисувала и неможела да биди со мене а јас стварно толку е сакам се би направил за неа
I taa da te saka i da bidi so tebe i ti ke si gi pokazes rogovite kako sekoe masko , na pocetok trcate , molite , kolite i posle si igrate ...
Не биди толку сигурен. Ако заприметиш дека некоја девојка те игнорира и дека не те цени нема зошто да и посветуваш внимание. Најди некоја која ќе те цени, ќе те слуша и сака и нејзе посветувај и го целото внимание , а не на некоја глупача
Секој има среќа во љубовта, но не на секој му доаѓа во право време и на право место, особено оној вистинскиот. За да се запознае вистинскиот човек крај себе е потребно време и сепак трудот би бил клучна ствар, ако вие самите не се потрудите и можеби би можеле да ги промените малку вашите очекувачки критериуми љубовта и не секогаш доаѓа спонтано.
Наполнив 21 година, трета година сум на факултет, веќе не сум толку страмежлив (се променив) опуштен сум, добар кон понежниот пол, но сеуште немам среќа во љубовта. Се обидов да пријдам на неколку колешки, но тие ме одбиваат со изговор дека ме сакаат само како другар. Колку и да се шегувам и да сум насмеан, длабоко во себе се чувствувам многу осамено. Секој ден се прашувам дали ми е судено да си останам сам...