Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Немаш право на мислење за мајчинство ако не си мајка...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 4 декември 2022.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Да, се ова го знам и затоа баш уште не ми се има дете. Си сакам уште време и пари само за себе ама ова секој го знае:)
     
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.657
    Допаѓања:
    39.469
    Пол:
    Женски
    А како ти познаваш? Дома ли им седиш на луѓето? Кога ќе видиш едно дете добиваш еден момент од него, не цела слика. Башка што дете што природно е понемирно што да прави, дома ли заклучено да седи?
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.368
    Пол:
    Женски
    Тоа си е лична одлука.Ја почитувам.Ама ова се дел од тие разлики нели што не можеш да ги осетиш додека си без дете.
     
    На Oneo, senjorita-v, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Не можеш да ги осетиш ама знаеш дека е така. Кој мисли дека со дете ќе има повеќе слободно време? Ќе си се шопингува за себе само а за детето нема да купува, нема да има нови трошоци, непредвидливи плус трошоци. Кој мисли дека со дете куќата ќе ти е совршено средена, ќе идеш кај сакаш по колку сакаш? Никој.
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.368
    Пол:
    Женски
    Една погоре рече…ако не си способна за све уз бебе,што си го родила.Има има секакви жени.
     
    На Oneo, senjorita-v, Калатеа и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Способна, неспособна тоа се менува. Може некогаш да си најспособен, а за два месеци да си најнеспособен. Меѓутоа ако си донел одлука да формирашсемејство, да родиш дете ќе си ги прифатиш сите факти, ќе се соочиш со реалноста. Ќе се трудиш да бидеш најдобра во секоја ситуација, ако ти треба совет, помош ќе побараш. Нне знам едноставно е имаш поголема одговорност веќе вечно ама тоа треба да се знае. И поголеми грижи, обврски и така :)
     
    На mode-kristina, Orchidea и joy1 им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Не, мажите вака го решаваат проблемот.
    Едноставно.
    5B77211A-F20C-4D4A-9BE2-67B21613230C.jpeg
     
    На Oneo, senjorita-v, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Исто спомнавте за ресторани и бон тон и родители/неродители. Кога не сме родители си зацртуваме некојидиличен тек на настаните, ваљда и филмовите се криви за тоа каде многу ситуации нереално ги прикажуваат. Си замислуваме дека ќе седнеме в ресторан или в кафич, ќе порачаме сокче на децата, за нас кафе, тие ќе седат саат време на столица ќе уживаат во супер витаминскиот сок, додека ние со задоволство, дотерани си пиеме кафенце во цивилизација. После стануваш родител, сфаќаш дека деца не можат подолго од 5-10 минути да останат на едно место, тоа е дел од нивниот развој и е сосема нормално. Ако сакам да седнам на кафе има две опции:
    1. Да им дадам телефони саат време да зркаат во јутјуб, и нормално после да си се читам на Фемина како во кафичот имаше една мајка, себична, за кафе да испие им ги тупка телефоните на децата, ако сакала раат кафе што раѓала деца.
    2. Да НЕ им дадам телефони, па саат време да прават седни, стани, седни, стани, седни, стани, мама ми се мочка, мама пак ми се мочка, седни, стани, седни стани.... мама се натурив со сокот, ааааа, седни, стани, мама пак ми се мочка... ДАДЕ, ФАТИ МЕЕЕЕЕЕ... мамаааааа, кога ќе бегаме? Седни, стани, мама, брат ми ми се напи од сокот, уаааааааааааа, сакам друг, не си фер.... мама сега мене ми се мочка, и мене...... итн итн итн
    и после ПАК да се читам на Фемина како во кафичот имаше една мајка, себична, децата умот им го извадоа на луѓето во кафичот.

    И така немам на кафе седнато со децата едно добри 5-6 месеци ;(;(;(
     
    На Oneo, Annath, zuto и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.167
    Јас сум видела деца како трчаат и лудуваат и сметаат на луѓе ама родителите си седат и не мрдаат. И реакцијата на родителите е клучниот момент, не лудувањето на децата.
    Не е лесно ама пак ќе повторам, тие деца не се туѓа должност.
    Ако ти неќеш да го тргнеш од туѓа маса, мене па ич не ми е гајле дали ќе се сопне или удри туѓо дете. Нема што јас да го пазам или занимавам или да се секирам за него.
    Значи извини се барем и ќе имам разбирање.
     
    На senjorita-v, Miss666, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Абе ОК, разбирам... крајности се тоа веќе... кој вели дека нема родители мува шо не ги лази, или бесни невоспитани деца... тоа е факт. И секогаш велам јас... НИКОГАШ мое дете нема да дозволам да му го ремети раатот на друг оти дете било. Никогаш не сум дозволила по маси да досаѓаат, да кршат и сл. И поарно нема да одам никаде, отколку на некој кафето што си го платил низ нос да му го извадам, нели?
    Ама дека и во границите на нормалата да е, секогаш ќе има паметниковичи што ќе те судат, и тоа има. И никако не е работава на крајот. Човек на човека волк... та и родители та и неродители, хаха
     
    На Oneo, Annath, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.167
    Па јас за тоа зборам од вчера.
    Можда сум пишала во темама за ќотек, јас најмалку очекувам дете да седи мирно и све до детал да слуша. И јас од тоа што имам меморија не ме држело место секогаш.
    Значи целава поента барем мене ми е дека ако си родител не значи дека ти е дозволено сѐ и простено сѐ и дека не смееш никакво мислење и критика да добиеш од неродители.
    Доење, хормони и депресии, плачливи бебиња и тантруми се едно. За ова не се мешам, ич.
    Класична некултура оти си родител е друго. Да си насилен и идиот према детето исто така нема врска со првото.
    Имаш тешки искомплексирани родители што еден убав збор не му кажале на дете цел живот. И што го тепаат брутално. И што прават погрозоморни работи на свои деца.
    И ако светот би функционирал на тој начин, детските права би биле непознат поим. Среќа не се.
     
    На senjorita-v и mode-kristina им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.682
    Допаѓања:
    18.339
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа.
    Ама и најспремен да си, ке има моменти кога ке ти е претешко и ке сакаш да се пожалиш.

    И луѓе кои не се родители ке ти кажат дека не треба да де жалиш. Кога си го правела не си се дерела вака, сега раѓај и ќути!!!
    А родители ке те разберат дека ти е мачно и ке те потапшаат.
    Има разлика.
     
    На Oneo, tanjita, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Кој како... како што може искомплексирани ликови да пробаат вина да ти набијат...
    Еднаш знам излегов да завршам некоја работа, децата со татко им, ме начека една пријателка со детето... вика каде вака... викам да завршам нешто... вика ами децата... викам со татко им, вака малку ем ќе ми олади главата ем ќе завршам некоја работа... мислев ко на мајка кажувам малку шалливо малку вистински, обично се разбираме нели... ко ме опули луѓе наопаку... ми вика, аууу, мене па моево ич не ми е мачно, никогаш нејќам главата да ми се олади од него, и не можам ни пет минути одделно........ демек не знам каква мајка си така штом осеќаш за децата....
    Или муабетот од старите - вие младите појма немате, ништо не слушате, ние сме изгледале деца, нас да не слушате... детето не го пазиш, ќе го разболиш....

    За вина да проба да ти набие човек, треба да е таков гаден в душа, нема врска дали е родител или не. Јас искрено од двете страни сешто имам слушано. Ама како и да е, уште стојам на фактот дека кога ќе стане човек родител некои гледишта му се мануваат.
     
    На Oneo, Annath, tanjita и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    Оти бабици, докторки, сестри, акушерки, сите овие не се родители. Ја измеша ептен сега.
     
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.682
    Допаѓања:
    18.339
    Пол:
    Женски
    Исклучоци секогаш има. Тоа стои.
    Ама кога немаш допир со тантруми, нејадење, неспиење, лесно е да продаваш м за б.
    И мајки на мирни деца ке тврдат дека моево темпераментно не ми е воспитано, и мајки на јадачи ке тврдат дека не сум го научила да јаде, како што еднаш ми кажаа...
    Не измешав ништо. Одредени работи треба да ги осетиш на своја кожа.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Абе за глупости се расправате.

    Не знам како да ви доловам дека сите сте во право и воедно ни една не е во право...
    Мислев ќе биде доволно ова
    Ама не е...

    Многу се расплина темава и нема смисла веќе...
    Само препукување е, ништо друго
     
    На senjorita-v, no name5, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Машки
    Има право зато што пораснал со семејство и може да кажи какви биле родителите негови. Некогаш ни се одличен пример за тоа дали да бидиме како нив или ДА НЕ БИДИМЕ како нив. :)

    Во секој случај еднаш на интернет начекав многу добра изрека, поблиските личности во твојата средина (да речеме родителите) можат да ти бидат дом на рајот или на пеколот.
     
    На buba4e89, sj *O* и Orchidea им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Секој има право да коментира за што сака

    Се' што е битно е да се воздржиме од навреди.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.153
    Допаѓања:
    88.470
    Пол:
    Женски
    Џабе расправии и се тера темава.
    Искуството не е сум гледала туѓи деца, браќа/сестри,внуци, деца на другарки.
    Туку чувствата кои се раѓаат кога ќе родиш или посвоиш дете, тие се тие кои не прават подоцна да бидеме и попустливи,исправни или пак погрешни.
    Поради тие чувства кога ќе го имаш сто пати ќе го погазиш мислењето што си го имал пред тоа и ке се смееш во себе колку си мислела едно,а правиш сосема друго.
     
    На Oneo, senjorita-v, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Некој на некоја претходна страница пиша одговорноста. Мислам дека ниту една личност што не е родител не е свесна која е одговорноста кога имаш дете. Не можам да го опишам тоа со зборови. Од мене и татко и' зависи дали она ќе прави добрини во животот или ќе биде штетник на општеството. Пред да имам дете знаев дека е одговорност, ама тоа така механички си го мислиш и кажуваш. Кога ја земав ќерка ми во раце сфатив која е тежината.
    Е со таа одговорност многу работи доаѓаат. Тука може многу работи да ти се променат. Зашто ќе мислиш не само за утре, туку и за наредни 20 години.

    Истото и за љубовта можам да го кажам. Кога не си родител, не можеш таа љубов да ја замислиш, невозможно е. Залудно е и до утре да зборувам. Замисли ја личноста што ја сакаш најмногу на светот, ама баш онака вистински ја сакаш, е кога ќе имаш дете помножи ја таа љубов пута милијарда.

    Друга работа што мене лично ми се промени е што сега ја сфаќам таа безусловна љубов. Секоја друга љубов мора да се заслужи, дечко, маж, брат, сестра, другарка итн. Ако не се однесуваат убаво со тебе, те навредуваат, те искористуваат итн, колку и да велиш дека ќе трпиш, нема, верувај, нема да ги сакаш, зашто себе се сакаш повеќе. Е со дете е друго. Што и да направи, што и да каже, што и да се случи, во што и да се претвори, јас ќе ја сакам. Единствена љубов што не очекува ништо за возврат. Зашто повеќе си го сакаш детето, отколку себе.

    Во главно тоа е тоа што за мене беше најголемо изненадување.

    Инаку со повеќето работи што велев дека ќе ги правам или нема да ги правам со ќерка ми сега за сега си држам до кажаното. Велам "повеќето работи" и "сега за сега". Не знам од утре што ќе почне да прави и што може да и' текне. Се трудам многу, моментално посветена сум на неа. Многу е рано да кажам ама мислам дека сум на добар пат. Има едвај 2 години ама ми се допаѓаат некои работи што почнува да ги прави.

    Инаку лично кај мене, карактерно ми се сменети повеќе работи. Станата сум потрпелива, посмирена, поодговорна, истрајна за многу работи.
     
    На Oneo, senjorita-v, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.