Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Немаш право на мислење за мајчинство ако не си мајка...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 4 декември 2022.

  1. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    А ти како си различна од другите, бидејќи го потенцираш тоа два пати?
     
    На zuto и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    13.497
    Еве јас се жалам дека ми е тешко, од каде да знаев дека ќе ме наваса депресија. Треба да се олабави малку, без осуди, нема мајка што не и било тешко и што не се пожалила. Неспиење, грчеви, скокови во развој, заби, настинки, болести...
     
    На Oneo, Annath, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.435
    Пол:
    Женски
    Се изначитав се и сешто и од двете страни има ок работи кажани, и дојде бубаче само да потврди зошто со право и се кажува реченицата што ја мрази. :D

    Џабе е дискусија во која е потребно искуство за да се доживеат одредени емоции на повисоко ниво, а со тоа да се сфати и суштински. Искуството и те како е најрелевантно. Сем ако те чеша егото. Тогаш нема да ти биде релевантно.

    Само затоа што постојат несовесни родители кои често ги земате за пример, не значи дека знаете повеќе околу мајчинството. Можеби знаете повеќе од некој несовесен родител, ама не и за мајчинството. Оти и мајките не знаат се. Ама учењето им е од сеприсутна пракса што го засенува секој останат аспект од животот. Прво детето, па се останато. Детето секогаш прво додуше, само што со тек на време доаѓаш и до повеќе време за се што било успорено или во мирување додека си одржувал во живот и издигал човек.

    Читајте ја бубаче и не бидете бубаче. Мајчинството е несомнено најтешката работа на светот. Издигаш цел човек, зависен комплетно од тебе. Физички е тешко. Неспиењето посебно точно. Ама мам шејминг не. Нат најс. Ми треба да се истресам и да се пожалам, Американците имаат добра изрека за тоа - да го аутнам од системот, и потоа се враќаш назад и продолжуваш. Пак малку спиеш, ама жутата минута ти прошла. А многу потешко од тоа е психичкиот момент. Тоа што сами себе си ставаме притисоци и бариери, градиме луѓе и битно ни е тие луѓе да прераснат во здраво-разумни индивидуи. И после некој ќе ми рече тренд било раѓањето и многу сме се вземале во улогите. (facepalm) Да важи. Кога ќе дојдеш на ред да те фати серка, а да не можеш да одиш во вц секогаш кога цревата ќе ти алармираат дека треба, оти имаш дете со температура во раце кое зајдува до онесвестување ако и на 10 секунди се оддели од тебе, ќе праиме муабет.
     
    На M.B., Oneo, senjorita-v и 19 други им се допаѓа ова.
  4. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    Ако коментари на една тема те тераат да се запрашаш дали да станеш мајка, тогаш подобро немој. Во текот на родителството ќе се соочиш со многу полоши коментари од овие тука. И тоа од луѓе кои ти се блиски и не очекуваш.
    Освен ако ова не го кажа саркастично.
     
    На Осе, sj *O* и no name5 им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    17.141
    Пол:
    Женски
    И не само што е тешко да го издигнеш тоа дете туку носиш одлуки од кои му зависи животот.
    На пр јас одлучувам кои вакцини кога да ги прими и дали ќе ги прими.
    Одлучувам на кој начин ќе го воспитувам и кој метод ќе го применам.
    Одлучувам како и каде ќе се школува,дали ќе оди на спорт.
    Одлучувам кога ќе почне со исхрана и каква ќе биде таа.
    И за сето ова што сум го одлучила незнам дали е исправно.Времето ќе покаже а некогаш може да биде доцна.
    И без разлика какви ми биле одлуките јас законски одговарам за последиците, меѓудругото.
     
    На Oneo, Осе, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Ok, sfativme vie majkite imate najteshka rabota na svet, nikoj nema poteshka rabota od vas.
    Samo vie ste zafateni, vie ste najmudri, ne mozhe nekoja zhena shto ne rodila da vi kazhuva vas shto i kako.
    Se ublazhija li sega frustraciite?
     
    На christinnn, sj *O*, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.657
    Допаѓања:
    39.464
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека ќе се внесат, сигурно нема да родиш дете и да се внесеш во хартиите на работа. :^) Баш треба секој што носи нов живот на светов да се внесе во таа улога.....односно работа, бидејќи е работа.
     
    На Oneo, Annath, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    13.497
    Најтешко е да. Потешко е од тоа да одиш на работа. 8) Еве јас да можам уште одма би одела на работа.
     
    На Oneo, Eli23, simona_baby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Реков нема да коментирам и слободно да ме поплукате, еве поплукајте ме ама секој пат кога има судир на мислења е ова болдот.

    Свесна сум дека ВИЕ секогаш ќе сакате преку друг да газите и немате ни капка срам да кажете дека не се согласувате со мене на фин,културен начин.

    Еве ќе ти појаснам зашто да бидат како мене.
    Ако си мајка не те прави поразличен од другите, може имаш два саати сон ама сети се дека некој на оваа планета нема ни еден саат сон. Секој пат кога ќе си речам лелел тешко ми е, ме мрзи да станам во 4 саат да идам на работа ќе се сетам дека рударот цел ден го држи алатот во рака копајќи непрестано и гледајќи каде посилно да удира, не гледајќи бел ден а има само пола час да јаде, да прдне, да кака а да види бел ден нема шанси.
    Уште мислиш дека е тешко да си мајка или?

    Демек немаш стекнато навика во извршување на обврски во домот и пред да си била мајка, демек немаш стекнато навики за дете кога си чувала внук ( во глобала).

    Секој пат “Не бидете ко Бубаче она поим си нема, она мрази ова она”. И вие ми се нарекувате мајки, вака ги воспитувате децата? Со иронија, препотентност… ќе ви се срони бисерот ако ме демантираш на културен начин како што ти доликува. Секогаш истото |( а зашто? Само затоа што си мајка и немам право на мислење.

    Јас сум едно дете,мојата мајка на никој се нема воздигнувано како во стил колку е она најмајка како другите незнаат.

    Никого не мразам, ниту пак некои глупи реченици ја само гледам како несвесно се враќаме во табу време каде немаш право на мислење, каде мајчинството се гледа ко работа,а не ко обврска. Кога ќе те прашаат што работиш? Што ќе одговориш - Леле ја работам најтешката работа имам дете или ќе одговориш- не работам,седам дома имам обврска имам дете за чување.

    Фала Богу што постои форумов па да увидам каква мајка не треба да бидам. И да, не ме повредува ништо и онака овде само нереални бајки се прикажуваат.

    Не можете да прифатите туѓи мислења само затоа што мислите дека сте чекор пред некого а можеби тој другиот е чекор пред вас и знае а нема дете.

    И секој пат кога ќе прочитам “јас одма би одела на работа” се кладам дека по 12 часа на нозе, 6 дена во неделата по еден слободен ден уште на третиот ден ќе дадете отказ.

    Ајде поплукајте ме слободно.
     
    Последна измена: 6 декември 2022
    На senjorita-v, tanjita и Orchidea им се допаѓа ова.
  10. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.564
    Пол:
    Женски
    Пожелно е да имаш искуство со нештото за да коментираш, ама секој има право на мислење, на секоја тема. Не наметнувам мислење на мајки околу деца. Ако сум прашана за мислење, си го кажувам ставот и тоа е тоа. Она што мене ме погодува е, многу блиски личности изгубив откако станаа мајки. Eдноставно друг муабет нема повеќе во нив. Они се остварија како мајки и готово, нивниот живот е најбитен, нашиот не е. Јас сум должна да прашувам како се со бебуш, они не се должни да се интересираат за мојот живот, пошо ја сум 50 нивоа подолу од нив, само зашто не сум мајка. Така да мајки, не ги исклучувајте немајките од вашиот живот, зашто некогаш ќе ви треба и некоја дружба надвор од клуб мамички. :)

    А и едит: Исто, убаво би било мајките да не ми коментират и мене, да оставам работа, да не работам толку, туку да раѓам деца. И тука никој нема право на мислење, па ете го слушам апсолутно секојдневно. Така да ако сте една од овие посочени мајки, имате право да си помислите ама зачувајте си го и вие непотребното мислење за вас зашто не на сите аспирациите ни се да станаме мајки во моментот и тоа не не' прави ништо помалку вредни или помалку зафатени од вас.
     
    Последна измена: 6 декември 2022
    На Осе, Ambitious, Ugly Duckling и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    А зашто фрустрации? Што фрустрира тука? Секоја планина со своја тежина е и не секоја личност исто се носи со даден товар, затоа и се збори тука, дур не осетиш на своја кожа не можеш да знаеш за некои работи како ќе реагираш. Можеш да претпоставиш ама не и да знаеш.

    Тежината на мајчинството не е нешто што се мери на вага. Ама факт е дека одговорноста е голема.
    Не сум мајка ама самата помисла да бидеме јас и сопругот одговорни за ново човечко битие е биг дил за мене, што надежно ќе го искусам. И не си давам за право да мудрувам и да солам памет како му е на некој друг. Дали бил одговорен родител, не бил, дали му е тешко, лесно, дали мажот чувал дете или жената, кој кога се вратил на работа и како егзистираат.
    Во ред е да разговараме за игнорантни луѓе, без манири, без обзир за светот околу нив. Такви имало и ќе има. Ама јас на Петранка да и викам е шо ти е тешко дете е не е најтешка работа на свет е апсурдно, била родител или не. Нит знам како е да си Петранка, нити ќе знам некогаш. Тоа што за мене е можеби наједноставна работа на светов за некој нема да е и обратно.
     
    На Oneo, Осе, Peanut Butter и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Ова и јас го имам осетено од некои пријателки. Ама не сметам дека е до мајките генерално и дека сите се такви, туку зависи од човекот. Имам пријателки што само за тоа зборат, имам и такви со кои сме тотално инволвирани во животите едни на други без разлика дали има некоја деца или не.
     
    На Maca Macka и WildMk им се допаѓа ова.
  13. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.081
    Предлагам да го извлечеме најдоброто од темава и да се отвори една повесела тема за сите работи што сме ги рекле како "немајки" (дека ќе ги правиме или нема да ги правиме со нашите деца), а ни се удриле од глава кога сме станале мајки.
     
    На Осе, sj *O*, Peanut Butter и 4 други им се допаѓа ова.
  14. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.564
    Пол:
    Женски
    Еве кај мене само за тоа зборат, а очекуваат да немам право на мислење. Еве не ми е јасно
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.564
    Пол:
    Женски
    Јас треба да ќутам и само да ги тапкам по рамо, како они тоа го прават најдобро :D
     
  16. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Јас такви луѓе избегнувам, а не уште и мислење да им давам. Едноставно е, се тргам на страна :) Нема зошто некој да ми е пријател што е крајно егоцентричен, зборува само за него (без разлика што е темата) и не го интересира мене што ми се случува во животот.
     
    На Осе, Maca Macka и A94 им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Мојата другарка никогаш не ми зборела за детето на кафе кога сме иделе,ниту на чет. Споделувала со мене и сум дала совет на ниту еден начин не бил потценет.
     
    На senjorita-v и A94 им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    13.497
    Хаха, сум одела на работа и по 10 часа секој ден, плус со дете, некогаш и прекувремено сум останувала. Ќе сум дала отказ, се насмеав. :D
     
    На Oneo, Осе и Alexandrite им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    А 14,15 и 24 часа имаш одено?
     
  20. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.081
    Ако е таква работата тоа е до самиот човек, не дека станала мајка. Или ако не е тоа случајот, размисли можда немаш многу разбирање за нив.

    Има луѓе што се дружат со тебе само за да ги слушаш, да си се истушат едноставно и не им е гајле за другата страна. Сум ги имала доста.
    А можда и очекуваш другарството да продолжи исто како што било претходно, е тоа тешко, бар првите година две.

    Еве јас сум тазе мајка, уште по малку изгубена, се барам кај сум, не сум се видела со некои пријатели со месеци. Им пишувам понекогаш да ги поздравам и да ги проверам што има ново. Почнав да ги викам на гости кога ќе можам зошто не можам по кафиња уште да шетам. И така полека другарството ќе си фати некој пат после препреката бебе нели, хахаха
     
    На Осе и Alexandrite им се допаѓа ова.