Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Немаш право на мислење за мајчинство ако не си мајка...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 4 декември 2022.

  1. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Такоџе. Излезена од 18 години од дома. Моите преку 10 години не знаат кај живеам. Се немат заинтересирано да дојдат, да видат. Ни на факултет да ме спремат, нит пак по болници да трчат со мене. Се сама правам. Си имам де некои комплекси и фрустрации повод тоа, ама нејсе. Јас кога ќе пробам да се пожалам некогаш дека ми е преку глава, ми викат ајде бе јака си ти, можеш, што е тоа за тебе, мачкина кашлица. Туку да си родиш едно дете, да има за што да се нервираш и да има парите кај да ги трошиш, и оп темата како дете менува се и колку им е нив тешко :D
     
    На Oneo, dayla, Mnik и 7 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.323
    Пол:
    Женски
    Тешко е да си сам... убаво рекоа, секоја планина своја тежина... ние со деца ќе речеме замисли болен со деца, некоја што е сама ќе рече ами замисли јас сама а болна... самохрана мајка ќе рече ами замисли јас ем сама, ем со деца ем болна. Тоа е, живот. Само да се разбираме една со друга, па и да си помагаме.
     
    На Oneo, Lima24, Mantub и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.920
    Допаѓања:
    177.411
    Пол:
    Женски
    Како па да не. Да си глуп е најлесно. Најтешко ќе им е на тие околу тебе. :D


    Дали муабети за деца и бебиња се досадни? Апсолутно. Не да сме досадни со муабетите за бебињата и децата, предосадни сме. Верувале или не, сами себе сме досадни. Добиваш дете и те пукаат хормони, не знаеш кај се наоѓаш и што се дешава и иако си спремен човек да убиеш за тоа бебе, на почеток се осеќаш дека некој само ти го тутнал да се грижиш за него. Се се врти околу него и поради прилагодувањето само тоа ни се дешава, само тоа ни е фокус и нормално најчесто за тоа збориме. Честопати звучиме како само ние да имаме дете, тоа е точно, ама иако така звучи не се кажува со таква намера, другиот да е ставен скалила подолу. Ние пак, што бебиња гледавме во корона време, уште толку изолирани, сме и најверојатно најдосадната генерација мајки. Во еден момент се фаќаш дека и со маж ти збориш само за детето. И поминува време, детето расте, животот ти добива повеќе слободно време да правиш самостојно некои работи и се менуваат и муабетите. И после дошло друго дете. :D Ама тоа се фази. Бар кај повеќето. Нормално, секако мора да постои интерес и за секојдневието на соговорникот.

    Мислам дека не е возможно некој кога помалку кога повеќе да не доминира во муабет. Секому се случува поради одреден период да доминира во муабет во зависност низ што поминува во тој период. Ако ми е другарка да, апсолутно и ќе и трпам одредени муабети и ќе ми трпи. Затоа ми е другарка. Ако пред неа треба да се пазам или таа да се пази ондак зошто се дружиме? Имавме и двете некои тешки периоди изминативе години. Некој период се дискутираше само мојот проблем, па потоа некој месец се дискутираше само нејзиниот. Затоа ми е најдобра другарка. Нема уште деца, ама ќе бидам најсреќна тетка на свет кога ќе добие. Секој почеток на муабет прво ме прашува како се децата. И покрај тоа што слободно може да оди да шета со маж и, место тоа во Февруари ќе потроши куп пари за да дојде кај мене во Германија и тоа за мојот роденден. Дали сме си досадувале со муабети една на друга? Скроз. Ама тоа не не направило помалку другарки.


    Дека има несмасни коментари од двете страни, апсолутно има. Ама заборавате дека ние мајките еднаш сме биле немајки и еднаш и ние така скроз сме биле на ваше место. И ќе дојде време кога вие ќе дојдете на наше место и пошто никој не е совршен, во еден момент кога ќе ви биде скурчено од неспиење, каки, грчеви, недепилирани нозе и пазуви, и ќе ве притиска гомце на гзот а вц ќе ви изгледа толку далечно, и некоја ќе ви каже - епа што си раѓала не се жали сеа, па вие ќе речете ај ќе видиш кога ќе родиш или нешто слично.. :D А ќе речете. Немојте да мислите дека не, секој барем еднаш ќе рече нешто слично. :D Или баш ќе го погодите моментот кога тој другиот проаѓа низ нешто. И после на форумов на оваа страна од дискусијата ќе бидете. :wasntme:
    Да не речете дека не сум ви кажала. :D
     
    На Dancewere, zuto, Eli23 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Абе ај не ме заебавај. Исто е внуците да ги чуваш и свое дете. Мене ми е топ туѓи деца да чувам, друг им го бере гајлето, друг им мисли кров на глава да им даде, да ги најаде, да ги испере, да ги школува, да ги извади на прав пат, па кивнало, паднало, кашлало, температури, да не редам. Вие цело искуство го добивте за деца со пуштање на твинкл твинкл и бејби шарк на yt пар саати во денот, некогаш и некаде. Какво искуство. Дап. Тоа и ние го правиме, само песнички и смешки.
     
    На Oneo, zuto, Eli23 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    Ќе следуваат банови, смирете тонот и без дрски мислења.
     
  6. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Некој беше кажал само да го повторам. Синдром "мене ми е најтешко" = егоцентричност. Мајка, не мајка, пријателка, шеф, колега, фамилија, ако константно неговата приказна е у прашање, вашите проблеми се минијатурни и небитни и што беше спомнато треба да се чувствувате лошо дека немате искуство како неговото (мојот пораѓај беше мачен твојот лесен).

    Ова се провлекува низ многу теми, имаш финансии да покриеш месецов? Ау, за некој живот мајка, еве за мене маќеа и кредити отплаќам. Имаш помош кој да ги пречува децата? Ау, така е се на готово.
    Си се вработила? Ау, ти се наредиле коцките, јас со мало дете дома да видиш колку е тешко.
    Нема простор за тебе во релацијата, само мене и мене колку ми е тешко.

    Бизерно да се осетиш, не е ова двострано пријателство.
    Главев во такви релации и се дадов себе за да помогнам, од причувување деца, до менување на работа за да одмори, конечно работите се стабилизираа и погодете што? Уште таа страна има потешки проблеми од моите.
     
    На Oneo, 1209, Mantub и 14 други им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.682
    Допаѓања:
    18.339
    Пол:
    Женски
    Јас со другарки едвај чекам да зборам за други теми. Дома ми е се околу син ми, па кафе со другарки ми е психотерапија и да излезам од бубањ.
    Знам да се пожалам, ама се жалат и тие.
    Ама секогаш ке се чудам како некои жени не паѓаат при две деца, дом, ручеци и алишта, со партнер кој не мрда со прст. Ги има такви. Многу.
     
    На Mnik, A94, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Така ти се чини...
    Сите имаат проблеми.
    Невозможно е да оди се подмачкано 70-80-90 години
     
    На Осе и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  9. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Зашто ми ги избришале коментарите, еве пофино ќе ти одговорам. Не знаеш како членката го чувала детето за вакви констатации. Мајка е природна улога, никој не го оспорува тоа, а нема потреба ни да го возвиши. Апсолутно се согласувам дека чување твое и туѓо дете не е исто. Сето ова што го наброја е твоја обврска од моментот кога си одлучила дека сакаш да имаш дете. Баба ми ги исчувала браќата и сестрите зашто мајка им рано починала и истите ја викаа мајче. Така да сепак можеш да ја превзмеш таа улога ако си приморан и да стекнеш искуство ко што наведе членката.
     
    На Lima24, Lady D ❤️, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Членката никогаш не ми вратила кога и реплицирам, од причини за мене познати. Па еве, доколку би сакала да ми одговори, ме интересира, за какво чување на дете се работи? Секој муабет понатака е излишен, додека ти си претпоставуваш за што се работи.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  11. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Вака ќе беше културно да го поставиш прашањето, еве и мене ме интересира пред да си дозволам да коментирам било што поврзано со нејзиното искуство
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    @nextredstyle нека си се изјасни.
     
    На A94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Јас и ти дремеме цел ден на форум. Така? Еве значи сепак имаш слободно време иако имаш дете. Никој тебе не те праша кој и како го чува детето цел ден. Зашто не е културно и вкусно :)
     
    На Lady D ❤️, buba4e89, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Спие на мене. Ако тоа е слободно време, океј, да го имам.
     
    На Осе, Mnik и A94 им се допаѓа ова.
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.171
    Пол:
    Женски
    Накратко, право на мислење има секој.
    Е, кога треба да послушаш нечие мислење, дали тука или надвор, се зема со резерва, било од мајка или не. Бидејќи и 10 мајки да дадат мислење на тема дете, секоја ќе тргни од свое искуство, значи индивидуално е. Оти моето дете, не е исто ко твоето, мојата бременост не е иста ко твојата. Педијатарот кај кој се водев, нема свои деца, па не значи дека не е стручен.
     
    На Oneo, FridaodaMk, 1209 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.682
    Допаѓања:
    18.339
    Пол:
    Женски
    Точно, секој си има свои проблеми.
    Ама некои жени не знам како успеваат. Не знам и крај. Јас ли сум мрза и размазена, којзнае.
     
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    21.944
    Пол:
    Женски
    Факт е дека искуството си го прави своето. Еве мајка сум ама не знам ништо за стомачни вируси, зошто моето дете немало стомачен.
    Не знам како е! Не знам како би се справила.
    Ама затоа знам точно кога ќе качи тт на пример.
    Сум чувала деца, ама никогаш не сум се соочила со ноќни терори, фебрилни конвулзии, и други работи со кои соочуваат родители и не не знаев како се постапува.
    И не само во мајчинство. Во се во животот. Учиме низ искуствата.
    Ниеден доктор не стана тоа што е без пракса. Исто е за било која професија, треба пракса, вежбање, искуство.
    Никој од нас не се родил научен, па ако сретнеме рандом дете на улица да се праиме као еве јас знам најсовршено да се справам со ситуацијата.
    Сите грешиме.
    Сите сме биле во ситуација да не знаеме како треба да се постапи.
    И апсолутно не знам зошто толку тензии и зошто баш се фаќате за ова со мајките.
    Искрено, мислам дека се претерува од двете страни.
    А право на мислење и искажување на истото има секој.
    Ете може некој сака со совет да помогне на некоја мајка, не знам зошто би се сфаќало како ама ти не си мајка не знаеш.
    Колку мајки има што не знаат што е ноќен терор, зошто ете не искусиле.
    Ама секогаш сум прифатила што имале да кажат, иако не, не знаат колку е тешко.
    Имало и без деца што ми давале совет.
    И на крајот, секое дете е различно, има потешко и полесно за чување... Меѓу две деца што една мајка ги родила па има разлики. Не знаеме кој со што се соочува.
    Ама на нас како народ ништо не ни е погодено.
    Ако сака свеки даде совет-неможе нек си роди свое па нека го чува како сака.
    Ако не чува, каква баба е не чува.
    Ако некој рандом лик не родител даде совет, што знае он.
    Ако ќути, леле каква е, не сфаќа колку ми е тешко.
    И така, ај да не забегам.
     
    На Oneo, FridaodaMk, mode-kristina и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Не е точно тоа дека немаш право да зборуваш за дете ако немаш свое.Секој знае дека жена која има дете само детето ја интересира,дека сув леб ќе јаде за да има детето,дека цели ноќи ќе се тресе над него .Нема тука филозофија .

    Уште пред да родам дете бев запознаена со мајчинството т.е со безусловната љубов која мајката му ја дава на бебето.
     
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Пред да станам мајка многу се лутев ко ќе го слушнев тоа ,,не си мајка не знаеш".
    Сега откаоо сум ги сфаќам што сакале да кажат иако јас никогаш не сум го употребила тоа или ептен ретко да не се ни сеќавам. А
    Имам една колешка баш не е мажена и нема дете и сама така почнува кога ќе збориме нешто ,,јас не знам немам дете ама што не пробаш така кога прави да ја удриш по раче" е тогаш знам дека и реков не можам ,после се што поминав за време и после пораѓај (бебе во инкубатор) едноставно премногу ми е жал да си го повредам детето.
    -е де не којзнае колку ,малку колку да биде скарана.
    Тогаш и реков ќути не знаеш како е ,не дај Боже да видиш.
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.548
    Пол:
    Женски
    За членката не знам ама ќе споделам за мене пошто та е поентата генерално. Оти нели, и немајките сме различни. :D Го растам брат ми ( голема разлика) од ко бев тинејџер самата. После раѓање негово моите беа отсутни од дома со работа до пензионирање на татко ми, али тогаш веќе "го пораснав" и тогаш одбив да го вратам воспитниот процес кај нив.

    То вбројваше носење по училишта, кај мојот доктор си го земав пошто одев и со него таму, имам одено на родителски и си имам мој пристап за учење, игра, прокастинација итн, ко шо реков, воспитниот процес го водам доминантно јас сеуште. Од тогаш на се работев со него шо од шо мислев дека е исправно шо низ дискусија шо научив тука и надвор од тука и покасно то шо научив со правецот шо го одбрав за кариерен напредок; и сега знам дека е отворен со мене и знам скоро се шо треба. Сега тој е тинејџер и ако порано се осеќав uneasy и го чекав да си дојди и се плескав по раце да не му јавам оти знам дека не треба пошто и јас сум била тинејџер и знам шо сака и како можам да добијам довербата, са спијам мирно оти знам кои граници ги има и јас му вервам, а особено сум мирна оти знам дека и тој ми верва. Таков однос немаме ни јас ни тој со родителите. Дали утнав многу работи? Ехе. Нема чоек шо нема да згреши со растење дете.

    Е сега дали од дете шо растам дете ме еба ментално, ехе. :D Сите партнери и миленици ги третирам како "проект" шо морам да го чувам и заштитам. Ама то е приказна за друг пат.

    Уф и најболна меморија. Апсолутно болести се мачни, има лежено и на болница во два наврати, болежлив е упм секоја зима иста приказна, нема екстермитет шо нема скршено, ама вервам се то надмина емоционално. Најмногу ме боли ко ни едно другарче не дојде на роденден, прв пат во пицерија, и бевме само јас, бившиот, тој и едно комшивче. Кога и да ми текни не можам да опишам со зборој шо осеќав јас, а не па тој. Са ко ќе го гледам со друштво онака сум ко :clap:.

    П.С. во респектфул бој го пораснав женЦки, да знајте. :makeup: Е са знај многу лош мајтап да сврти некогаш ама покрај мојот "хумор" растеше. Разбирливо е.
     
    На FridaodaMk, MilaSs12, zuto и 18 други им се допаѓа ова.