Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Немаш право на мислење за мајчинство ако не си мајка...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 4 декември 2022.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Епа Вајлд ако не си сигурен дека ќе имаш не прави дете, толку е едноставно. И немој да ми кажеш дека човек има трпение, нерви, толерантен што е енергичен наеднаш за бебе снемало. Ајде може некој период кога ти е ново, промени, шок ама сепак се тоа се карактерни особини.
    Ете и да се менува со дете ко што тврдите ако ти си човек стабилен што решил да има дете, да го чува се ќе направи тоа да го постигне.
    Тоа е родителот е "жртва" за детето.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Демек никогаш нема да ти здосади?
    Ни еден ден?
    Секој ден станваш насмеана до уши, иако претходната ноќ си спала 20 минути оти детето имало температура...
    Yeah... sure... |(

    * Не зборав за праење, туку како ќе се осеќаш.
    Драпај си мео, дека и во тие моменти ќе бидиш пресреќна.
    Нема да бидиш.
    Ќе се осеќаш истоштено, изморено, раздразливо....
     
    На Oneo, senjorita-v и see.emily.play им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Ама тоа е момент, период, денови. Не е вечно се проблем и лошо со децата
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Абе ќе се осеќаш ама се се средува де, како што претходно се си се трудел да средиш така и тогаш. :)
    Едит: многу јасно не можеш да си среќен кога некој има температура, без везе ми е муабетов. Ко да сум ретардирана за глупости ќе објаснувам
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Па то реков и јас.


    Ете го првио пост од кој го почна муабетот, за на крај, пак да се вратиме на то шо прво цитираше:

     
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Па темава е друго, не мајка и мајка мислат различно. Ете гледаш исто мислиме :D
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Од тука почна муабетот.

    Аман читајте со ред

    1.png
     
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Многу ми се темиве за пред спиење долги, можда сабајле. Само ќе читкам по теми:D
    Влагам у тие со мајки, деца, бебиња зошто ме занима нешто не да се докажуваме или објаснувам посекако:)
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Епа шо се надоврза, ко така?

    Вака само се вртиме во круг.
     
    На simona_baby и Anie93 им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Епа пред пола саат беше тоа.(waiting):hai:
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Еве не сум мајка ама ќе пишам.

    Напишав во темата дека секоја работа има своја тежина но не го префрлиле овде.

    Многу се внесувате во улогата на мајки, премногу. Тоа не треба да ви биде работа туку обврска.

    Можеби е тешко да раѓаш, да го добиеш, избањаш, не си спан, бдееш врз него,трчаш по него но тоа е обврска, неискусни ќе речат уф тешко е. Што е тешко?
    Ако сакаш не е тешко, тоа е најубавата обврска некогаш.

    Тешко е да копаш руда во рудник и само пола час да имаш пауза за работа.

    Секој има право на мислење, ние што не сме родители учиме од некаде,книги,форуми благо речено се спремаме,подготвуваме за периодот што следи.

    Ако немаме право за такво мислење тогаш ни вие мајките немате право да кажувате за искуства кои не сте ги поминале. Нели е така :)

    Намалете доживувања има деца кои немаат мајки, има жени кои не можат да имаат деца - така да,секој има право на мислење.

    Мајчинството треба да го доживувате ко искуство, прекрасно чувство а не како тешка работа.
     
    На senjorita-v, Lima24, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    39.481
    Пол:
    Женски
    Не е автоматски нерелевантно нешто што доаѓа од устата на некој што не е родител ама исто треба да се знае до каде може да се оди и што да се коментира.

    Еве на пример мајка вика дека на своето три месечно бебе му дава млеко тетрапак и немајка ѝ вика чекај малку не е здраво тоа што му даваш. Или мајка пишува дека му вика на детето свиња за да го натера да ослабе, немајка ѝ вика дека таа постапка е ужасна и грда. Сега кој е во право тука, таа што има искуство или другава што има разум? :D Дали е во ред немајката да даде совет тука? Според мене да.

    Од друга страна, коментариве од претходниве страни се подеднакво невкусни. Воопшто не е ваше место да коментирате зошто одредена жена се посветила само на мајчинство, па уште од страна да им кажувате на мајките како треба да се осеќаат и да не се жалат. :D Скроз безобразно, впрочем како и за сѐ друго во животот, ако не си доживеал нешто не е твое место да коментираш за степенот на тешкотија. Па и да си доживеал, пак е индивидуално доживувањето на тешко/лесно, така што сите тие муабети ви паѓаат во вода.
     
    На Oneo, ElenaOfRivendell, Guns N` Roses и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервира тоа ,,не си мајка не знаеш” или слични на тоа пошо, форумов е за дискусија, како ќе научиме иначе.
    Башка сите се праиме доктори, психолози, готвачки, правници, шо не. Испаѓа апропо тоа, дека секој треба да коментира у теми за кои е компетентен.
    Ја можам у образование значи само пошо сум студент.
    Некоја што е родител у бебе, или дете
    Докторките ќе ги пратиме у здравје
     
    На sj *O*, mode-kristina, fbaby и 3 други им се допаѓа ова.
  14. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Нема книга, ниту споделено искуство било - од родилка или неродилка, што ќе те подготви на тој страв и немоќ кога детето ти е болно, кога цела ноќ ја бдееш над него, кога сабајлето мора да одиш на работа макар и да се куцнеш и да се вратиш дома, или кога лежиш во болница и чекаш да помине визита да ти каже што како...во главата на мајката постојано поминува што можев да направам за да не се случи ова, каде потфрлив..
    Или некоја што се пожалила дека е потешко со дете домашни обврски, од некој што иде на работа и ги има дома истите обврски. Еве пробајте, дојдете си дома заврзете си ја едната рака и обесете 5-10кг тежина на неа и на половината и со една рака прајте ручек, пружајте алишта, јадете, мијте садови, поминувајте со правосмукалка, чекајте цел ден да се избањате а кога ќе влезете излезете недомиени за 5 минути и врзете си ги рацете пак со товарот. Ова се ситуации кај мајки кај што некаде се секојдневни, кај некои на неделно ниво, кај некои на месечно а кај некои ниту еднаш.
    И не, не се секогаш родителите криви за невоспитувањето на децата зошто тоа дете понекогаш има и баба и дедо кои го разгалуваат до небо и назад, иако родителите секој ден по милион пати им кажуваат дека не треба ама ете не можат да прекинат контакт зошто баба и дедо се за сакање на внуче.
    Искуството мое со првото дете и сега со второво ми се небо и земја а не пак советите и мислењата што ги има некој што воопшто нема деца.
     
    На Oneo, senjorita-v, Anaroz1 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.335
    Пол:
    Женски
    Јас две деца имам па скроз различни совети делев со првото, сега скроз различни со второво, деца децата ми се скроз различни. А што се кажав додека не бев мајка и ме удри од глава истото откако станав и сеуште ќе ме удира па сега кога и да искоментираме нешто со маж ми одма се погледнуваме и викаме ќути си дека се не снајде со сега.
    Смее секој да коментира ама многу често во мајчинството не е така како што коментира девојче од 14 години на форумов. Мене никогаш не ми смета ама скоро секогаш коментарите на тинејџерките се многу далечни од реалноста. Знам добро и јас сум што сум коментирала кога бев дете и дека сето тоа го сфатив откако станав мајка.
    Се согласувам потполно со @buba4e89.
    И се согласувам дека ова од скоро стана тренд МАЈКА. Посебно ме нервира мајка жена кралица лавица... Дај сега на сите медали нека ни наредат околу врат ако не. Ние новите мајки сме стварно посебни, се попосебни. Мислиш којзнае што сме направиле. А мајка е мајка, не е кралица лавица.
     
    Последна измена: 5 декември 2022
    На zuto, TeddyGrey, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.636
    Пол:
    Женски
    Од ко е темата одделена од СДК ќе пишам подетално мислење, не само нафрлани мисли како реакција на туѓи мисли. Мајчинството е без сомнеж тешко. И вервам дека многу се менваш инстиктуално првично, како и емоционално. Брат/ сестра ќе ти се роди и осеќаш нагон да го заштитиш. А не па ко ќе е дете шо зависи од тебе за преживување.

    Е сега пошто темата е поставена како: „немаш право на мислење за мајчинство ако не си мајка“ ќе кажам дека нема смисла и дека е само одреден entitlement и избегнување дискусија, а некогаш и одговорност. Зошто? Во најмала рака има милион мајки и од таму милион мислења во поглед растење деца. Тие мислења некогаш се поклопуваат со „немајки“, некогаш не. На форумов многу пати ми се рекло ова, и искрено не ми менва. Зошто ова само ми дава до знаење дека одредена личност само сака да е во право, и вади „џокер“ за да го постигни то без да премини подалеку од емоции и да почни да аргументира. И то е ... досадно. Ко не влегвај во дискусија ако неќиш. Сериозно, не мораш.

    Лично ова ми било велено во темите за тепање. Извини, како шо некои велеа „плескање по газе“. Скоро па сигурна сум дека ако излези нешто од вагината моја, дека ќе го засили чувството за немање насилство врз деца, а не дека дел од мене ќе најди во себе да го оправда. Прво зошто мозоков не можи да ми сфати како некој е способен да крени рака на дете. Следно зошто знам какви негативни ефекти можи да има врз менталното здравје. И можи немам искуство како мајка која родила, ама и те како имам искуство со траума од лошо детство, насилство и слично. Да не речам, ефектите од то „плексање по газе“.
    Или луѓе со предрасуди кон лгбт+ ( еве не велам хомофоби) ко ќе речат поинаку ќе мислиш ( „а Шо АкО иМаШ дЕтЕ гЕј?“ и одговорот секогаш ми е дека ќе ме боли оти нема да мислам дека е безбедно ради идиоти, а не дека сексуална ориентација било како влијае врз мене) без да земат во предвид дека сме различни луѓе и дека еве, ако наеднаш ти испливуваат скриените предрасуди, дека некој сериозно можеби нема предрасуди. Еве и да исплива во мене некаква латентна хомофобија ко ќе излези нешто од мене, не мислам дека пак би можела да повредам дете, а не па мое, со то шо ќе му уништам ментално здравје за сопствени убедувања. И на двете теми, сум имала мајки кои ме лајкале. Не го велам ова како „хаха ме лајкна мајка“ туку од аспект на, не сме сите исти. И то шо некоја е мајка нема ултимативно право на мислење или негрешено знаење, пошто ако беше така сите ќе имаа исто мислење шо беа во одредена група. Дали то во случајов се мајки, или друго групирање.

    Јас би ја проширила темата поинаку, мислам дека ова многу често кога се вели „или си како мене, или се криеш и лажиш за да одржиш некаква лажна јавна слика“ без да се земи во предвид дека сите сме ... различни. Ама она вистински различни. Да, секогаш има некој кој е премногу сличен со нас и со кој ќе кликниме, ама на крај на ден сме свои, уникатни единки. Ова „шема“ на дискутирање ја сеќавам во скоро секоја тема, не само тука.

    Мене конкретно не ми е велено „не си мајка, ќути“ туку поќе „ко ќе родиш ќе кажиш“, “прво роди па после“ и мислам дека то лично многу ме повредва. Пошто можи ќе родам, можи нема да родам. Не ми е за правото на мислење, не можи да ми е помалку гајле за то. Ме боли то шо јас сакам дете, ама биолошкиот фактор не ми менва ама апсолутно ич и често се осеќам како да е подмолно „само тогаш ќе осетиш“. На некој можи му менва биолошкиот фактор и му се случва некоја промена, уствари апсолутно сум убедена дека многу се менува личноста. Ама то не е случај кај секој. Ми се чини во секој параграф спомнав дека сите сме различни и со различни потреби. То е зошто баш таму го гледам коренот на темата.
     
    На senjorita-v, Ambitious, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.324
    Апсолутно секој има право на мислење, сеедно дали е родител или не.
    Дали и кое мислење, совет, препорака ќе го практикувам или прифатам зависи од мене.
    Не гледам зошто некој да не учествува во дискусија само зошто не се остварил како родител, но проценката дали тресе глупости(што може да биде случај и со некоја мајка) или има издржливи аргументи и совети кои се применливи е лично моја.

    За некои работи да, човек мора да осети па да знае.
    На пример јас никогаш точно нема да можам да ја доловам борбата кои некои жени со години ја водат за да дојдат до позитивен тест, иако веќе со четврто сум трудна. И двете сме мајки, но патиштата биле различни и може да читам, да се информирам, но таа бура од емоции и тон предизвици, во секоја смисла на зборот, ја немам доживеано.
    Се имам соочено со предизвици во развојот на едното дете и сум барала совети од стручни лица, сеедно дали се родители или не. Оти имале што да ме советуваат и што да научам. Во конкретниов случај некоја жена која е мајка и нејзините совети најчесто би ми биле некорисни. Стварно не знам како би и некој кој нема сопствено дете би ми делел совети.
    Има многу вакви примери.
    Беше нешто спомнато кариери, работа, дома седење.
    Секој нека си прави како сака и што е добро за него и неговото семејство.
    Оти не секој наоѓа место во градинка кога бебето ќе наполни 9 месеци, не секое дете има брза адаптација без вируси и бактерии кои траат и месеци, не секој има можност за целодневна и мора на пладне да биде дома за да пречека дете од школо, оти не оди баш ништо по план. Дека си родил дете кое е твоја одговорност и мора да се променат некои нешта во начинот на функционирање од времето пред деца.
    Не е се по план и нештата земаат свој тек кога имаш дете.

    И сосема е ок мајчинството да ти е најголемо достигнување.
    Може да биде кариерата, може да биде остварување на некој сон, може да биде баш тоа мало човече. Секој си знае за себе.
     
    Последна измена: 5 декември 2022
    На Oneo, senjorita-v, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.684
    Допаѓања:
    18.340
    Пол:
    Женски
    Кога не си мајка немаш допирна точка со некои теми.
    Едно е мислење да пишеш, друго е да родиш и 24/7 да се соочуваш со карактерот на тоа бебе. Да го воспитуваш и да израснеш човек.

    Факт е дека бебе треба да седи во седиште, да пие адаптирано а не кравјо млеко, да не гледа мобилен. Итн.
    Ама кога ке станеш мајка имаш предизвици пред тебе. Магично почнуваш да разбираш кога ти велеле дека ти е далеку зимата.

    Кажав не давам мобилен, син ми нејадач до максимум, со мобилен успевав да го излажам да јаде. Кажав ке го учам да спие денски во галама, се будеше на секој звук, па почнав на прсти да одам кога спие.

    Така да, кога немаш родено можеш да кажуваш мислења, ама искуството најверојатно ке ти биде сосема поинакво. И тогаш ке сфатиш дека теорија и пракса во одгледување дете не се иста работа.
     
    На Anaroz1, Bitter-Sweet, Neda997 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.508
    A што правиме со постпородилна депресија? Со дечиња со посебни потреби? Разни други болести и состојби.
    Или и од тие мајки се очекува да стиснат заби и да се смешкаат.
    Жена не се осудува да каже дека и е тешко оти одма некоја најмајка ке поентира дека ете , таа, ужива во се, и не и е јасно што е толку тешко..
     
    На Oneo, Annath, ane.bella и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.508
    Допаѓања:
    21.169
    Ехе во ждм групине што не сум читала за деца:D
    Ми текнува на оној еден пост што вика една дека на бебето му излегле некои брунчиња и што да прави и некоја ѝ пишала доле "избањај го бебето во вода со менструација, ние така направивме и му помина" Мислам уат:rofl:(facepalm)

    Не ти се мешам дали 6 или 9 месеци или година ќе го доиш, нит мене нит бебето ќе му наштетиш ако нема ризик по здравје ама онака па работи кои се надвор од здрав разум...
     
    На senjorita-v, mode-kristina, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.