Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Немаш право на мислење за мајчинство ако не си мајка...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 4 декември 2022.

  1. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    Абе види вака, има и немајки на кои им е дојдено преку таквото нон стоп да слушаат немаш дете, не знаеш како е, ќе видиш, па ќе те видам тогаш, ти ли ќе ми кажуваш немаш родено и сл.
    Ама реков јас, со тек на време научив со такви да не влегувам во дискусии :D
    Оти стварно преку таквото ми е да слушам дека детето било немирно, не можела глава да дигне, било истоштувачки... И тука доаѓа момент кога ќе си помислам што си го раѓала ако не си способна да излезеш на крај со сите обврски околу него. Што викаше баба ми, Господе гледаш ли на кој даваш деца.

    Крај краева, најчесто тоа дете има и татко кој рамноправно треба да учествува во обврските околу него.
     
    На sj *O*, mode-kristina, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Шо знам, може пример ако родителот бил екстровертно дете цело време и популарно меѓу врсниците и има дете кое е интроверт и повлечено. Па ако е загрижен дека не се социјализира доволно, да даде некој совет према лично искуство за периодот кој го поминал. Пример каков пристап би сакал да имале тогаш родителите за него, што помагало, што не помагало, што пречело.
     
    На mode-kristina, Angie1432, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Ставање искуство на пиедестал е непродуктивно кога збориме во конекст на дискусии. Значи зборам за искуство кое те довело до некој животен став, а не искуство во врска со кашички. Тоа го тргаме на страна.

    Зошто е нерелевантно искуството во дискусиите? Едноставно, бидејќи сме различни луѓе. Искуството е скроз анегдотално, не може да се извлече никаков заклучок од него, и варира меѓу луѓе. Да речеме Петка има одреден став за некоја тема. Станка го има истиот став. Откако Петка родила добила искуство што и' го сменило ставот за таа тема. Станка не родила. Петка и' вика на Станка кога ќе родиш, ќе имаш искуство и ќе видиш дека не си во право. Има два проблеми тука:
    Прво, како е Петка сигурна дека Станка ќе се соочи со истото искуство (да речеме хиперактивно дете).
    Второ, и да се соочи со истото искуство, како е Петка сигурна дека тоа искуство ќе и' влијае на ист начин како што и' влијаело на Станка? (да го плеска детето по газ)

    Еве еден пример. Пред неколку години во една тема се збореше што ако вашето дете се омажи за црнец. Имаше членка (или повеќе не се сеќавам) што тврдеше дека поради тоа што е мајка не и' е сеедно да се омажи детето со црнец и го користеше овој аргумент, кога ќе родиш ќе видиш и ти дека нема да ти е сеедно.

    Е сега, несомнено постои мајка која мислела дека апсолутно нема да прифати детето да и' се омажи со црнец, ама кога родила сфатила дека тоа не е воопшто битно и дека и' е битна среќата на детето.

    И двете мајки тврдат дека уникатното искуство на мајка им го сменило ставот. Што можеме да заклучиме? Апсолутно ништо. Ставовите што ги имаме зависат од принципите до кои се држиме и секако зависат од искуството, ама од индивидуалното искуство, а не тоа на Петка. И да, некогаш ќе се сменат, некогаш ќе останат исти. Не можеме да знаеме. И затоа нема поента да потенцираме во дискусија дека можеби, во иднина, некој ќе си го смени мислењето, само затоа што ние сме си го смениле. Можеби сте во право, ама што сте постигнале? Дискусија без поента, тоа сте постигнале. :D

    Или друга ситуација. Некој пишува во сдк како видел ,,невоспитано" дете во маркет како вришти легнато на земја. Мајките обасјнуваат дека се работи за тантрум и сè тоа, ама успат кажуваат ,,кога ќе си мајка ќе разбереш". И тоа е скроз непотребно. Јас сфаќам дека повеќето луѓе кај нас се едуцираат за вакви работи преку искуство, ама тоа не значи дека другите не се способни и без искуство да се едуцираат. Апсолутно можат луѓето да разберат ако им се објасни, затоа постои зборот емпатија. А ако им кажеш дека само кога ќе стекнат одредено искуство ќе разберат, одма го задушуваш просторот за емпатија и само поттикнуваш револт. :) Затоа секогаш навивам да не се става акцент на лично искуство во дискусии, затоа што го тераат секој муабет во слепа улица.
     
    На dayla, Oneo, A94 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Редно е да се направи еден guide тука за најчесто поставувани прашања околу бременост, мајчинство и деца. Пред да кажете не може тоа така нема прирачник само погледнете колку од работите се вртат околу исто.. ако ништо мала едукација и насока ќе спасат многу "конфузни родители", кои после им е крај на свет план за здрава ужинка, избор на количка/градинка, смее/не смее итн.

    Вечна тема - чување дете. Најмногу поради новоста во секојдневието, неспремноста за соочување и морето секакви информации од интернет до потесна фамилија = резулат константно незадоволство.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.625
    Пол:
    Женски
    Од ко ве зачитав гледам сте коментирале за "јадовме, какавме, ојдовме" итн. Не е ултимативно лошо, т.е. знај да е полесно да се изразиш така или да е мајтап. Еве иритира некој ама на кој му е гајле за то веќеее. Ама ако трај, то обично прај "врзани" или умрежени родители и ако не се одврзите совреме ќе напрај одредени потешкотии. Најчесто, родителот кој вака се врзал е подложен на потешкотии после осамостојувањето на детето и пробва да го врати/ задржи дома. Шо нели не е добро. Секој треба да се осамостои и растиме дете со цел да се осамостои, а не секогаш да остани под "наша суќна". Ова се случва зошто односите, искуствата и идентитетот се излезени од контрола и претопени едно во друго од двете страни.
     
    На senjorita-v, sj *O*, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    13.498
    Прво скокни, па речи оп. И точно е тоа кога не сте родители дека не можете да тврдите вака -така. Не знам што се лутите, но така е. Мене ни на крај памет не ми падна дека ќе страдам од постпородилна депресија, но ете на глава ми дојде.
     
    На Oneo и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.167
    Слабо прајте разлика ама пак ќе појаснам.
    Имам разбирање за тантруми, немирни и потемпераментни деца.
    Ама немам разбирање ако го оставиш детето кога има тантрум на друг да се расправа. Не е лесно, океј. Ама пак ти си му родител и твоја должност е да се справиш со тоа, не некој друг.
    И пак, не дека одма ќе го смириш. Ама барем не се прај на три и пол.
    Или не го кривам детето ако е љубопитно или не седи мирно некаде. Ама немам разбирање и апсолутно ќе искритикувам ако не те боли уво за туѓа приватност и раат. Лично ми се случило на јавен простор дете да ми смета вака или онака а родителите никаква реакција и извинување не покажаа. Тука веќе се работи малце за безобразлук и оној став "родител сум и ми се може" кој не треба да ти е оправдан.
    Детето е дете ќе го сфатиш, барем ти ко родител и возрасен зрел човек изреагирај човечки.

    Значи и вакви и оние common sense ситуации ги збориме ко ќотек и тешки манипулации.
     
    Последна измена: 5 декември 2022
    На senjorita-v, sj *O* и IRBBB им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И мене :tmi:
    Имаш репродуктивен проблем?
    Е на луѓе кои се борат со неплодност, апсолутно е невкусно да им речеш 'Ќе видиш кога ќе родиш'.
    Мислам... ова треба да е комон сенс...
    Апсолутно е релевантно, оти сечие искуство е различно и сечија 'вистина' е вистина.

    Ако другарка ти ти се пожали (од таму почна муабетот) дека потешко и' е со дете, тогаш значи дека таа чувствува дека и' е потешко откако го добила тоа дете.
    Не го кажува за да те навреди, туку да ти се пожали... ко на другарка.

    Разговарајте отворено.
    Препрашајте зошто така ви рекле.
    Може не е ич поврзано со вас, туку исклучиво со нив.
     
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    26.977
    Од се’ се добива впечаток дека мајките се повеќе навредени кога ќе добијат совет од некои што немаат дете.
    Интересно… :wasntme:
     
    На mode-kristina, Lady D ❤️ и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.657
    Допаѓања:
    39.472
    Пол:
    Женски
    Затоа и велам дека искуство не е автоматски еквивалент со знаење и тоа важи за секаде, не само за тема мајчинство. Можеш да повторуваш една иста работа и со тоа да добиеш искуство, ама не значи дека си ја правел правилно.
    Мислам дека и за различни работи зборуваме во темава и се губиме, секој пишува според своја дефиниција за како го разбира насловов и мислењава ни се за тотално различни работи.

    Мој заклучок е дека секој аспект на одгледување дете е посебен, за некои работи нема простор за анегдоти и искуства, туку битно е како е најправилно, со факти(насилство е недозволено, не може бебе да бањаш во менструација). За други работи е единствено важно искуството и некој што не родил не може да замисли ниту како ќе постапи ниту како ќе се чувствува( грижа, умор, тешкотија, депресија, обврски).
     
    Последна измена: 5 декември 2022
    На Munchmallow20 и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Епа ај да ја дефинираме попрецизно темата.

    Искуство = Доживување = Чувства
    Нема смисла да се препираш за туѓи чувства.

    Сосема друга категорија е правилен (условно речено) начин на одгледување дете
     
    На senjorita-v и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Имаш право на мислење ако не си мајка... но од искуство, многу работи се менуваат после имање деца, многу гледишта, многу аспекти. Не дека се се менува, и дека кај сите е исто... ама ете, многу работи што сум ги рекла од глава ми се чукнале.
    Првите неколку месеци после пораѓај се емоционален ролеркостер и не постои ниту една книга, ниту едно претходно споделено искуство што би можело да те подготви. Исцрпеност, телесно заздравување, хормонални промени... Децата си ги сакам најмногу на свет, ама во тие моменти некогаш ми доаѓаше да се пикнам во некој ќош, да се стуткам во фетална позиција и да си плачам. Муабети од типот ако не беше спремна за деца, што раѓаше, се тотално непотребни, затоа што никој не знае како ќе мавнат хормоните, и дали ќе имаш бебе што ќе спие по 3-4 саати или ќе станува на 15-20 мин. Дали ќе имаш бебе со грчеви што ќе пишти 24/7, или мирно тивко бебе. Едноставно тука нема коментирање од никого за никого... секој со своето искуство. Многу тежок период, се заборава, останува само како далечен спомен, програмирани сме да го ставиме тоа некаде назад во мозокот за да не биде траума, ама сепак доколку се потрудам да се вратам во тоа време беше навистина тешко.

    Ако имате другарка, сестра, роднина во таа ситуација, не тријте сол на раната, не трујте ја со 'јас кога ќе бидам мајка' или 'јас кога се породив не бев ваква'... само гушнете ја, кажете и дека ја разбирате и речете и дека ќе помини.

    Кога не бев мајка велев нема да си ги тепам децата, ќе се грижам да се најадени, да се облечени, хигиена, здравје, ќе си играм со нив, ќе си цртам со нив, ќе си шетам со нив, нема да лажам дете, ќе пробам се со искрено и со разговор да решавам, ќе ги подучувам и ќе им помагам. И си достојав на тоа горе долу, мислам дека тоа што сум го замислила кога немав деца, го правам.
    Ама верувајте има 100 работи кои мислев дека никогаш нема да бидат, па еве ги, постојат. Губам трпение кога 100 пати ќе повторам и ме игнорираат, па некогаш викам и се заканувам (не со ќотек), некогаш сакам да гледам филм и да ме остават на мир, оти до толку сум човек и заслужувам, па ќе викам ако не се разберат од еднаш, кога ќе исчистам и ќе се свртам назад истурени лушпи од сончоглед и 20 играчки на земја (а сум работела 9 саати до тогаш на работа, преморена).

    Не е секогаш мед и млеко, ама некогаш е закон - има моменти кога сум уморна леб со путер ми мачкаат и вода ми носат да сум се одморела да сум поткаснела :D еднаш ме затворија в спална да не гедам, со метли метеле, средувале, расчистувале... сешто имам дочекано... и да ми ја кренат косата, ама и да ми го стоплат срцето.

    Поради таа непостојаност, затоа што се сепак деца, и нашите реакции знаат да бидат различни и многу пати различни од она што сме замислувале. Сепак тука има и надоворешни фактори - дали си или не си во ПМС (колку ти е краток фитилот во превод хаха), дали на работа си поминала ужасни 8-9 саати, дали имаш здравствени проблеми. На крајот сите сме луѓе.

    Затоа мислам дека е ок да имаш мислење за мајчинство ако не си мајка, ама имај во предвид дека за некои работи може и ќе ти се смени мислењето, никој не знае што носи новото, непознатото.
     
    На Oneo, Annath, ane.bella и 10 други им се допаѓа ова.
  13. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.943
    Пол:
    Женски
    Да точно, се може да искусиш на туѓи деца како што набрја
    Ама во начин на воспитување на пример не можеш дури не искусиш. И не е да шеташ, играш, пишуваш домашно од аспект на тетка и мајка. Факт!
    Затоа се употребуваат тие фрази.
    Конкретно за деца еве....
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="WildMk]

    Имаш репродуктивен проблем?
    Е на луѓе кои се борат со неплодност, апсолутно е невкусно да им речеш 'Ќе видиш кога ќе родиш'.
    Мислам... ова треба да е комон сенс...[/QUOTE]
    Да, веќе неколку години. И невкусното овде е што го велат блиски луѓе кои знаат во каква ситуација сме.


    Сепак, од многу аспекти може да се гледа и дискутира овој "проблем". Не е проблемот само кашички и памперси. Ама да си мислиш оти си кој знае што и дека си секогаш во право и знаеш се, само затоа што имаш родено, за мене е недозреаност. Џабе годините ако уште ти лета мозокот. А има многу вакви жени. Кажа некоја погоре, немаат други аргументи и конкретни ставови, не знаат да водат дискусија, па за да бидат над тебе го велат тоа. Или пак, сакаат да ги сожалиш оти родиле и сега мора да го чуваат. Знам и ваква мајка. Кога и да се видиме, муабетот е тој.

    Ете, ова од мој аспект. Мое мислење. И се што сум рекла и помислила, дај боже да ми се одбие од глава. Не само јас, уште многу има како мене што ќе го кажат истово.
    Сите имаме проблеми. И сите мислиме дека нашиот е најголем. Ама ако си доволно созреан и воспитан, ќе знаеш што да кажеш, без да навредиш некој друг.

    @jacqueline.s ова што го кажа, јас кога ќе имам дете ќе биде вака, е исто како ти не знаеш, немаш дете, ќе видиш како е.
     
    На WildMk, deskarada, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.943
    Пол:
    Женски
    Се прашувам зошто сте увредени од тоа што ви рекле " не сте мајка , не давај совети" или како и да беше .
    А пак вас како ви се дискутира за нешто што немате доживеано?
    Секогаш сум за секој да си каже мислење, потенцирам мислење а не да ме убедува во нешто што сум го искусила дека не е така.
    Зошто секогаш не фаќате на тоа-како им е на тие што не можат да родат? Не зборуваме за плодност па да се увредени, за растење, гледање, чување дете..... Верувам ако добијат дете ќе бидат прекрасни родители.
    Исто ко јас што не коментирам како да поправат авион, оти неам авион. Едноставно е нели?
     
    На Oneo, Daydream и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Исто е, оти никој не знае на кој каква ќе му биде ситуацијата, нема универзалност во ова... јас само велам секој да биде подготвен за можни промени на ставови во иднина. Пак ќе речам, не на се може... ама дефинитивно на некои работи.

    Инаку да... сезнајки мајки не се ништо поарни од сезнајки што не се уште мајки... секој што се прави дека ја владее темата родителство гадно се лаже :D :D та имал искуство, та немал
     
    На Oneo, Annath, ane.bella и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.657
    Допаѓања:
    39.472
    Пол:
    Женски
    Епа ако ги читаш постовите ќе видиш де, девет страни има темава.
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.368
    Пол:
    Женски
    Ке пишев доста на темата како мајка на три деца.Верувам имам милион пати поголемо животно искуство од некоја што уште не родила.Ама кога прочитав што си родила ако не си способна да го чуваш, за жена што се жали на умор, ми се одмили и пишувањето, и форумот и женскиот род.Треба да се срамите за некои навреди што ги упатувате од жена на жена.Ама не заборавајте дека обично она на кое се ругате во животот на крај ви иде како бумеранг во три пати полоша форма.
     
    На Ava.84, Emy867, mal.ecka и 22 други им се допаѓа ова.
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Имате право на мислење, кој може да ви го одземе? Колку мислења на мајки биле порелевантни од жени што немаат деца, ехее.
    Тоа дека детето не треба да претура по фиоки или да шета по други соби на гости е бон тон и за тоа да го знаеш не треба да си родител.
    Ама има моменти и ситуации што навистина не можеш да ги доловиш ако не си родител. Пример, се случило изневерена мајка да бара совет на форумов и нормално, советот на сите жени е да го напушти кретенот, ама, тие што не се оствариле како родители не можат да го разберат моментот на останување во брак со мажот ѝ, додека да обезбеди сѐ шо е потребно за неа и детето. Најчесто таквите пишуваат дека треба да замине веднаш, да му ги исфрли парталите и да го заклучи надвор, па преминуваат на тоа како жената е глупава, дозволува некој да ја понижува, па и уште хипотетички ситуации како би постапиле тие. Едноставно таа одговорност кон дете можеш да ја имаш само ако си родител, до тој момент ниедно чување на дете нема да ти ја донесе.

    Родителството е тешко, не само мајчинството, подеднакво и татковството. Ама тоа не значи дека на родителите треба да им завршат кариерите или пријателствата или уживањето во било која сфера во животот. Само едноставно, на прво место е детето, после сѐ останато. Некои луѓе што не се родители го разбираат ова, некои и што се родители не го разбираат.
     
    На Oneo, 1209, Калатеа и 7 други им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.943
    Пол:
    Женски
    Ги читам и се прашувам дали маживе вака се препукуваат за родителство?
    Жена на жена очи си извадија, брееј.
     
    На sj *O*, Bitter-Sweet и Angie1432 им се допаѓа ова.