Dietata na Zan Mitrev e mnogu efikasna ,a e i spored krvnata grupa,moze da se najde vo klinikata Filip II
Јана... Сигурно не си правела нешто како што било напишано.Нема шанси... Јас диетава ја држев кога бев 3то одд. Ја држев цели 6 месеци.На почетокот крвта ми беше многу слаба.Кога завршив и направив крвна слика крвта ми беше многу јака. Инаку диетава е според Дајмонд (ако ви е по познато).Нема теоретски шанси да ти се случило да дојдеш до тоа да одиш на инфузија од оваа диета можам да ти гарантирам со сигурност.Всушност диета е здрав начин на исхрана и ова е начин кој треба да се практикува во исхраната (да не се меша храната). Инаку кога станува збор за диети. Диетата не е начин на гладување.Доколку некој помислил дека со гладување се слабее тоа е многу погрешно мислење.Кога си гладен телото зема од вишокот маснотии кои се предтоа внесени и доаѓа исто како да си јадел.Најубаво е да се слабее постепено.Најпрвин да се отстрани лебот ( доколку неможе целосно барем да се преполови пр. Ако во глобала јадете по 3 кришки денеска 1 ипол за 2 дена 1 потоа половина и без леб),потоа благото мрсното и прженото.За доручек да се јадат житарици,а исто така и за вечера.Во текот на денот обавезно една шоља трици со јогурт бидејќи содржат диетални влакна и се мн корисни за столицата.Со ручекот да се јаде паралелно и салата Доколку неможете да издржите без благо има житни благи на биона - мене лично ми се допаѓаат и се одлична замена Веќе 2 недели ја држам диетава и ослабев 3 кила.За 2 недели и не се нешто многу меѓутоа доволно ми се и сакам постепено да ја намалам тежината а воедно и да си се привикнам на овој начин на исхрана за да не ги вратам килограмите.Најважна е мотивацијата,поддршката од најблиските и вољата - кога се сака се се може !
Ќе си го кажам мојов проблем и јас Значи со сета радост го чекав школскиот ден и кога го дочекав со солзи ! класов е ужас невиден ! никој не познавам и 5 девојчиња сме во класов /ууф ке пукнам и згора на се не даваат префрлување во друг клас значи тотално ја изгубив желбата за учење и многу се разочарав и незнам сега што да правам а и не сум за префлање во др школо пошто си имам други цели поставено за натаму и таа струка што е во др школи не одговара на мојата замислена професија ....вие што мислите за ова? совет ?
Немој да се префрлуваш бе девојче.Не можиш уште на почеток да се познаваш со сите,да другаруваш со сите...Зарем сите сме се познавале со соучениците кога сме почнале со школо? -Не! Па почекај малку,приближи им се на сите,направи муабет,спријатели се,биди човек! Целото пријателство ќе дојде постепено,имај малку трпение.Поздрав.
епа да де. земаш калашников и се е решено после некој ќе ми вика тешко било.. решение има секогаш, ама прашањето е кое да се одбере. кое е помало зло. секој пат е полн со пречки, кои треба да знаеш да ги тргнеш. А ќе знаеш само преку искуството. Затоа добро е да се учи не само од своите искуства, туку и од туѓите.
За другите кои ќе имаат ваков проблем. И кај нас во школо не даваа, па среди директорот на крај дека до тој и тој датум смееш да се префрлаш. Тоа што станува збор за мал број на женски ич да не ти е грижа. Како јас не имав таков клас. Од прва не можеш да ги засакаш и да ти се допаднат. Треба да поминат денови и денови, додека добро не се запознаете и не видите кој е кој. А тоа што не познаваш никој, по мене е добро. Ќе си рашириш познанства и ќе го зголемиш кругот на пријатели.
Девојчиња, имам еден проблем, повеќе би кажала како дилема, дали да прифатам или одбија. Мислам дека темава е соодветна за мојов проблем. Значи вака, можеби повеќето знаат дека сум редовен студент на ПМФ, 2 година. Средно имамм медицинско-сестра. Е сега ми нудат екстрааа работа, во ординација кај доктор. Моја работа е да издавам картони, на компјутер да пишувам рецепти..... и апликација на лекови. Смената е фина од 8ч до 13ч и од 13ч до 20ч. Плата 11 000ден. И ке треба да работам до септември. Инаку имам прилично доста за полагање, што мислите ке стигнам ли да научам и успеам и на двете полиња, и на фах и на раб.?? Дали вреди таква жртва....???? Helllpppp.....
Од моја гледна точка ТИ треба да го знаеш одговорот на ова прашање колку и да звучи сурово. Ама еве ја ќе ти олеснам. Најпрво види дали ќе можеш да ги искомбинираш заедно и работата и факсот во однос на тоа колку време ќе имаш за учење и колку време ќе имаш слободно и дали се ќе можеш да постигнеш. Од тебе зависи и ти ја правиш жртвата никој друг. Ако ти требаат пари и знаеш дека тоа е вистинската шанса, а си повикана зошто да не ја искористиш. И секако прифати да работиш само ако бидеш запишана во центарот за вработување на црно ни под разно не прифаќај. Види како ти е сега и како ќе ти биде ако прифатиш, седни и размисли и донеси ја вистинската одлука и направи си го вистинскиот чекор. Само да ти кажам дека жртвата вродува плод некогаш и се исплати, а на тебе е дали ќе се жртвуваш или не. Ти посакувам многу среќа и успех како и да е.
Не е невозможно да се успее ако си силна личност.Многу зависи од карактерот твој.Ако си самоуверена и упорна тогаш прифати.А ако се отажуваш брзо од работите и си нестабилна личност,неорганизирана и неодговорна тогаш можиш само да се зафркниш и на двете полиња. Иначе во странство секој трет оди на работа и студира.Се зависи до тебе.
Јас мислам дека ако си доволно силна и упорна личност ќе успееш. Секако, ќе немаш исто време за искачања и социјален живот како порано, но мислам дека ќе вреди. Ама сега ти одлучи. Сепак не тe познавам доволно да ти дадам конкретен одговор.
Ви благодарам девојки на одговорите. Инаку прифатив, пријавена ке бидам и се тоа комплет осигурување здравстврно, пензиско.. Ова ке бара поголема жртва од мене, убедена сум дека ке успеам!!! Ке станам и вооедно поодговорна личност, многу повеќе ке си ги ценам парите (не дека сега се расфрлам со пари). Од вторник почнувам со смена, деновиве одев по 2-3 саати да се уходам со програмот, да видам што како е... Фала ви уште еднаш, фала на убавите зборови.....
Ригорозните диети може да бидат и многу штетни по здравјето, така што подобро е да се избере здрав начин на исхрана, кој ќе даде поголеми ефекти на подолг рок.