Буквално. А, мислев не може да смислат полоши сцени од делот кога ја изгуби меморијата Еркан. Ама ова е тотално бесмислено.
Еркан од интелектуалец во првите епизоди го направија ко да е ликот на Ердем уствари. Какви глупи дијалози прави за бременоста на Еда. Па тоа шо нејќеше деца, а сега најсовршениот татко демек. Исто и мајка му, од таква жена одеднаш у тие години да се лигави по свекрвата. Ништо со ништо не е поврзано и нема логика скроз.
Вчера по долго време гледав епизода од немирно лето. Колку е различно кога ќе се спореди првата и вчерашната епизода.
Серкан многу ми е антипатичен и одвратен, некако многу се лигави. Уште толку ми стана таков во оваа серијата викенди што играе.
Ханде не го следи и на инстаграм веќе јас не верував во нивната врска ич, многу вештачки ми делуваа, сите од сам почеток коментираа дека врската им е ПР маркетинг поради серијата. Мислам дека Ханде сеуште го сака Мурат Далкилич, оној пејачот, со него имаше подолга врска и се караа и смируваа, секогаш на слики и видеа изгледаа многу позаљубени од тоа како изгледаа Ханде и Керем. Инаку сега тој Мурат е во врска со Ситаре, онаа што во серијата ја глумеше Фифи, другарката на Еда, Ханде и Ситаре исто се отследија @nextredstyle Како не им траат врските, кога Керем со Серенај беше во врска 3-4 години. А Ханде со Мурат околу 3.
Во серијата "Траги во огнот", улогата му е одвратна, се занимава со криминал, безобразен е кон девојките, заведе и напушти девојка која забремени од него итн.
Јаката трајност со прекини, карај се-смири се. Ханде си е позната по нестабилност во приватен и професионален живот, а Керем по тешкиот карактер.
Со Мурат јас мислам се сакаа искрено. Исто и Керем и Серенај, тие три години важеа за складен пар, ги запознаа и семејствата, ама како и да е, не знаеме никој со сигурност, не сме со нив. Ханде е убава, ама многу ми е вештачка и слаба глумица. Керем ми е антипатичен скроз, само во оваа серија го сакав
Керем е одличен глумец, физички одлично изгледа ама многу антипатична појава ми е и мене не знам зашто... Ни во оваа серија не го сакав многу, не знаеше што сака.