Убава серија, ама преводот е нешто катастрофално, ја уништиле целата серија, каков нежен глас има Еда, а каков иритантен, циничен глас и ставиле тоа е чудо некое, не ми се гледа серијата на сител, катастрофа.
Прекрасна серија ја гледав цела на интернет ретко гледам на ТВ баш поради синхронизацијата сменето името на серијата сменето името на главниот лик иритантни гасови
Не само што и го сменија името на серијава, туку и Серкан го преведуваат ко Ерхан, а Мело ко Мељо, а тоа што им е утната цела синхронизација е ептен иритирачки, посебно за нас кои знаеме како оди оригинално се Инаку серијава има 52 епизоди, и пред некој ден го завршија снимањето во Турција, и уште 4 оригинални епизоди има до крајот.
Глумицата што ја толкува Еда, многу е мила, симпатична и убава. Гледав слики кога била помлада и дете, навистина била слатка. Убава е без операции, ботокси и филери. Како помлада била пополна, ама и тогаш била убавка. Во серијата глумицата што ја толкува Мело е покрупна и симпатична, ама добро е што и на пополна девојка и' даваат улога, оти се избегнува оној стереотип на глумици со идеална градба и пропорции.
На Ханде и е сменет описниот лик од пластични операции. Баш на серијава е целосно пластифицирана, претходно воопшто не изгледаше вака ако ја имаш гледано во други серии. Како и да е убаво е средена, ама дека е природна не е.
Нити пак е мила.Однесувањето не ѝ е за пофалба. Кај глупа улога има,па и лошо ја облекуваат.Дел од облеките ѝ се тесни и кратки. Сценариото е глупо станато.Како да снемале идеи,па го лупнале она што прво им паднало на памет.
Точно, и мене ми е преубава ама секако има правено пластични операции. Погледнете како изгледала кога глумела во серија што се снимала во 2016та година. Тогаш била и пополна.
Значи стварно се прекратки и претесни алиштата што ги носат. Никогаш нема да ја разберам оваа логика по филмовите, во фирма каде што треба да има кодекс на облекување, они кусо, да мрнеш се да се види
И мене тоа ми е малку чудно. Тоа сепак е фирма, работно место, тие ја облекле Еда во краток шорц и кратка маичка. Со облеките малку утнале во некои сцени.
Спојлер Ептен кратко ќе бидат заедно, Ферит ќе трча цело време по неа а таа едвај ќе му даде шанса и после ќе ги снема од серијата без збор. Серијава првите десетина епизоди е интересна, после од небулоза во небулоза ќе оди, требаше да ја прекинат, ионака гледаноста во Турција и беше слаба, ама странство се продаваше ко мед и затоа ја издолжија. Ханде е убава, далеку од природна, ама врска си нема со глума, на тажните сцени ни солза знае да пушти, ни емоција, ни бутур, ама ете се шлепа на убавина и на 24 милиони фолоувери на инстаграм Инаку за кратко Ханде ќе оди во Америка на часови по глума, т.е на "усовршување"
Спојлер Во првата епизода од втора сезона Еда кажа дека се земале и живеат во странство али само кроз муабет, не ги покажаа. Мене па Ханде од други серии ми беше млитава со глума, сега у серијава ептен извештачена ми се виде, дури на прв поглед не ја ни познав дека е истата особа... На лепота се вадат у серијава со глумциве, безврска е сценариото, права лимунадица, само за тепање слободно време вака е океј. Имаат вложено буџет доста за местата кај шо се снима, глумата е испод просек според мене. И стилот на Еда ко лик во серијава не ми се свиѓа ни мене, Џерен, Селин и Пирил се преубаво облечени.
Јас редовно ја гледам серијата, ама не ми текнува такво нешто да кажале дека се земале тие двајца знам Џерен не ја кажаа воопшто последната епизода од прва сезона, само спомнаа дека била со мајка и нешто, и после во втора сезона не ја покажаа ич, едвај еднаш ја спомнаа неа и Фифи ко другарки на Еда.
@Rama Спојлер Кога беа другарско кафе ко цивилизирани бивши да испијат Еда и Серкан кажуваа кој шо направил и каде е сега после толку години. Нели и дека Пирил и Енгин имале син, па Еда му кажуваше и Ферит и Џерен се земаа и живеат во Америка, среќни се... Толку беше, 2 секунди ги спомнаа.
Незнам која серија е попрво снимена дали Романтичарот или оваа ама скроз исти ми се, едната е римејк на другата. Значи до толку исти лимонади, тој со фирма богат недостапен, со бивша што ќе се плетка, па оваа сиромашна се наоѓа да работи кај него во фирма и најспособна испаѓа од цел персонал, па го зашеметува до немајкаде... Исто така другарките ( во романтичарот родителите) нонстоп во фирмата како да е кафич тоа, се се прави само не се работи. Имаа еден пореметен во фирмата и Романтичарот и овие имаат тука сега и тој никако не е отпуштен понатаму нешто успеав на јутуб да видам, па као ќе губи помнење овој главниот истото и во романтичарот се случи, па не се видоа 1 година исто како овие што нема да се видат 5 па како времето да застанало... незнам толку ми се исти, не слични, исти ми се двете серии скроз... ама пак тепам време гледам шо да правам
Слична беше и Вљубениот ерген, со Дефне и Омер, ама пак некако повеќе логика имаше. Таа ми беше најубава од сите! Ова така-така, ѕиркам, ама нешто не сум баш воодушевена!