И во двете серии главниот женски лик е лошо смислен и глуп.Девојка која се однесува како мало дете,а не како возрасна личност.Девојка која смета дека само она е во право,а другите не се во право и која не му верува на саканиот,а ѝ пречи кога тој не ѝ верува.
Буквално! Иста како Романтичарот. Најсмешно и мене ми е тоа, дојде Еда да работи во фирмата и испадна најпаметна од сите. Па ајде после и нејзините другарки завршија таму.
Истото го помислив дека Немирно лето, Романтичарот, па и Вљубениот ерген, базирани се врз иста приказна, каде што сиромашната Пепелашка, се вљубува во богатиот недостапен "принц" и по многу периперии и бесмислени ситуаци, тој и' ја возвраќа љубовта и си живеат среќно до крајот на животот.
Глумиците што ги играат Ајфер и Ајдан во скоро секоја серија во која играат имаат улога на мајка/тетка што не ја сака другата страна и што се меша во врската на детето/внукот/внуката.
Романтичарот е прва снимена, не ја гледав таа серија, читав по нешто понекогаш и знам дека има доста сличности, од иста продукција се снимани двете серии. Патем во серијата со Еда и Серкан, понатаму во епизодите на плажа ќе најдат писмо во шише напишано од Санем до Џан(ликовите од Романтичарот) и ќе го прочитаат
e uste ova falese Ama sega mi e jasno, znaci namerno se taka povrzani, isti napraveni stom se ista produkcija.
Моја грешка, сега проверив не биле баш од иста продукција, ама имаат некоја поврзаност сепак Серијава е лимонада со убави глумци и со по некоја небулоза, ама најтешка небулоза им е тоа што Серкан ете има 35 години а упорно кажуваат дека брат му кој починал бил голем веќе а Серкан помало момче кое му одело на свирки, е сега ме мачи тоа што мајкава Ајдан треба да има некои си 70 год за да се поклопи се, а таа ко сестра личи да му е на Серкан, знам дека е серија ова, ама сепак голем пропуст им е ова
Во повеќе серии има утки со годините.Мајка/татко и ќерка/син,а нивната разлика во години е ко да се сестри/браќа/сестра и брат.
Има утки во повеќе серии да, ама ова е ту мач, рачунај Серкан има 35, брат му да бил жив ќе бил над 50, а овде види ја Ајдан, дефинитивно тежок пропуст во сценариото
Dobro mislam deka ova vo vecerasnava epizoda so avionot i gubenje na sekjavanjeto e vekje videno i dosadno i skroz ne potrebno spored menee
Имам чувство ко да ја гледам истата серија со малку изменето сценарио.Како да е приказна од алтернативна реалност.
На сител искрено не ни преведуваат како што треба. Мање више сценарио и сличноста, сите филмови веќе се исти на иста база правени. Јас ја гледав и Птица раноранилица (или пак Романтичарот) и Покуцај на моја врата (Немирно лето) на турски, без синхронизација. Девојката која ја синхронизираше Санем ја синхронизира и Еда, а тие две немаат допирна точка. Еда е многу по мила и понежна на турски, а за Санем беше баш погодена. И нашиве не обраќаат баш внимание дали одговара тоа што го прикажуваат со тоа како што треба да биде. Малку внимание на глас, емоција тие ништо.
Да не беа преведувани сериите ќе личеше на нешто, вака како да се губи смислата на целата серија. Не може во никој сличај да се долови тонот на гласот, начинот на зборување. Ги имам гледано сериите на нет, ама баш ми се одбивни на сител со тоа гласовите.
Прво,Сител направи огромен промашај со името. Ерхан,бе. Иако ликот е Серкан и им пишав дека грешат они продолжија со Ерхан.Ко да не знаат да читаат или ко да не провериле на Гугл.Различни имиња се,ама инаетот нивен.... Следната утка на Сител е со преводот на насловот оти нема некоја врска со лето со авантури,па да е немирно.Јаките авантури што ги имаат во фирмата и кај Серкан дома и тоа поголемиот дел од времето во алишта што не се соодветни за деловен свет. Го кажав ова претходно,ама не можам,бе.Живцира. Иако смеењето на дел од глумиците не е баш пријатно,на нашите е малку кринџ. Целата серија е веќе видена приказна и ја упропастија.Втората сезона не беше потребна.
А кога звони на моб пишува Серкан на моб. тие што не ја гледале серијата нормално ќе се збунат кој е овој Серкан , ама толку им сече на овие од Сител, дали сакаат да се направат интересни не знам.