Ако е трудна, ондак бебето е од Дениз, ама можеби и не е трудна. Можеби таа се ова го прави за да биде со Серкан!
Повеќе од половина серија беа досадни епизодите, ама се шлепаа на убавината на актерите и на тоа што ко алва се продаваше серијата во странство, наспроти тоа што имаше слаба гледаност во Турција.
Само првите 10тина епизоди беа интересни,се друго е жива глупост.Ептен досадно. Ја гледам само колку да ми е пуштен тв
Јас ја гледав сосила до крај само поради Ханде и Керем, бидејќи како пар ми се убави и имаат убава хемија
ја сакав по 2 пат да ја гледам ама овие од сител ме изнервираа кога го сменија името, наместо Серкан ставија Еррхан и наместо Мело они ставија Мељо
Прва си што сакаш да ја гледаш повторно серијава. Досадна ми е што одвај ја гледам, колку да ми биди изгледана до крај.
Серкан на почеток не го бендисував ич. Не ми е нешто убав тип. После забележав дека многу е харизматичен и со некои потези, фаци заведува. Таа ја завел и Еда хаха..
Кога се случи ова, кога Еда родила, после колку години и зошто се разделени? Зошто Еркан не знае за ќерката?
Ќе го ставам ова во спојлер зошто не знам до каде се во Македонија со серијава. Ја изгледав лани кога се емитуваше премиерата во Турција. Спојлер Серкан или Еркан во Македонија имал болест и мора да се лекува поради што беше многу арогантен и воопшто не се однесуваше добро со Еда. Во истиот момент кога Еда е бремена Серкан ја исмејува не знаејќи дека е бремена затоа што сака да имаат деца. Се разделуваат. Еда дознава дека е бремена и одлучува да не му каже на Серкан за бебето. Пет години се поминати од нивната разделба.
Ех да не ми текнуваше што точно му беше. Плус работеше цел ден и сосема ја запостави Еда. Се претвори во стариот тој што беше на почетокот. Не го интересираше ништо друго освен работата.