Темава си е сосема на место. Ако некој мисли дека треба да биде заклучена или не му се допага нека не коментира, постојат модератори кои се доволно паметни да можат да проценат дали е за клуч или не! Јас под поимот неморална жена подразбирам жена која: -растура бракови -е во брак и врши прељуба -дава сексуални услуги за пари или материјални работи Со еден збор за мене неморална жена е онаа која прво, нема почит кон себе и своето тело, не го цени истото и е подготвена да го трампува за да го постигне она што го сака, а потоа нема почит и кон другите, како да нема доволно мажи на светов па ке се зафати за некој женет. Од овој тип на жени ми се гади и просто и едноставно да е до мене јас фино лепо би им го стапнала котекот на сите до една! За жал во ова наше покварено оштество голем е бројот на такви неморални жени и девојчиња со по 18 години и помалку кои се огледуваат на овој тип на жени и кои се повеке и повеке гледат пари пред памет, и мислат дека се жени ако се наденат на 300 к*ра!
И то е вистина јас само нејќам да бидам погрешно разбрана зборов ми беше дека таквите стално се жалат од овие муабети вака онака, секој имал право животот да си го живее свој а тие најмногу зборуваат и етикетираат мислам то сите го знајме
Ха, а зашто ЖЕНИ??? Кога го видов насловот прво тоа ми падна на памет? Зашто сите лоши работи, сите етикети и се закачуваат на жената? Што мажите да не се свети, негрешни случајно? хаха Епа не се Има машки курви? Има Има машки проститутки? Има Има машки спонзоруши? Има Не ги оправдувам тоа во никој случај, но да бидеме реални. Сите ги има околу нас, и тоа во многу поголем број отколку што мислиме
Можиш да отвориш тема Неморални мажи па таму ќе пишуваме за нив овде кој сака ќе си пиши ако не го оправдуваме да не го премолчуваме барем нека е и бескорисно и безвеза
Ако шпанските серии нешто ги научија параноичните мажи, тоа е дека можат да направат тест за утврдување татковство. Мене ми е многу криво што вакви погрдни зборови најчесто се употребуваат за девојки кои се поуспешни/поубави/попаметни од нас. Не дај Боже да се вработиш на убаво место, веднаш стануваш ороспија што цело време го поминува на коленици пред шефот, не дај Боже дечко ти кола да има, веднаш стануваш спонзоруша што се пали на богаташи, и не дај Боже да ти се испушти некоја паметна изјава во јавност, тогаш си ги криеш курвинските навики зад елоквентност. Се` додека јас не доаѓам до конфликт со моите внатрешни принципи (што по некоја случајност не секогаш се совпаѓаат со оние на поголемите маси), ниедна етикета не може да ме повреди како личност.
Неморална жена е секоја жена која што растура брак/врска ....Жена која нема свој живот па го пика носот каде што не му е местото.Најнеморална жена според мене е жена која ИЗНЕВЕРУВА,ако не ти чини партнерот остави го немој да го изневеруваш од проста причина што може некогаш и ти да бидеш на негово место..Јас лично сум против сите тие проститутки,курви итн мислам дека сите требе да се казнат сите што ќе бидат фатени (истото и за машките). ЕЕЕЕЈЈЈЈ ДЕВОЈКИ зошто да си ги продаваат телата????????????ЗОШТО??? зарем до толку сте очајни .....................................Машките само го користат тоа.. само незнам што ќе се случи еден ден ,дали сите зени ќе бидат проститутки и мажите ќе можат да ја имаат секоја која ќе посакаат со пари-не со љубов...... Стварно ги МРАЗАМ сите тие..!!! а да за жените кои се прават дека се јагне а се волк,за тие имам само едно да кажам ..СЕ СЕ ОТКРИВА,НИШТО НЕ ОСТАНУВА ДОЖИВОТНА ТАЈНА,ЌЕ БИДАТ ОТКРИЕНИ СИТЕ КОИ ИМААТ МАСКИ НА ЛИЦЕТО И СЕ НАДЕВАМ ЌЕ ПЛАТАТ ЗА ТОА... За крај -Сите знаеме дека ова е демократска држава па така и јас си го искористив тоа право да кажам што мисла. П.С -Вистината боли.. !
Таа шо го вара дечкото со неговиот најдобриот другар за да го направи љубоморен.Се зезам. Тешко е да се дефинира денес што е (не)морално.Не само што твојата дефиниција може да се коси со дефинициите на сите останати,туку и две твои размислувања може да се косат едно со друго во однос на моралноста и она што тебе ти одговара во дадена ситуација. Се работи за личен принцип и внатрешна состојба.Сепак,тешко е да одбегнеш стереотипи кога се работи за оваа тема,затоа што се работи за нешто кое од многу оддамна (барем се труделе) да му дадат дефиниција,да разграничат. Претерано морализирање е стега,а пак и раскалашено однесување е исто така деградирачко за било кого зошто сепак си човек,не животно,а и од други причини е подобра другата опција него ли онака како што во моментот ти наложува желбата и потребата. Нејсе,да не го тупам. Глупаво е да се збори за неморални жени само,може за неморални луѓе,и мажи и жени. Избегнувам да се водам по стереотип ко оди со мажи,дроља,неморална,ко спие за пари,исто неморална (да,точно,во дефиниција тоа е така,но од каде да знаеме која е нејзината побуда,размислувања и сето тоа и уосталом што ме занима мене се додека не го чепка мојот или па мојот неа?!). Поважна ми е моралната обврска кон моите лични принципи кои ги градам не само себично во однос на себе и онака како што мене ми одговара (да првенствена сум сама на себе,но...),туку и кон моите блиски и воопшто како се поставувам како човек во дадени ситуации,улоги и обврски.Све о свему,неморален и неетичен човек е кога гази преку лешеви за свои лични придобивки,хедонизам без граници,несочувствителен и осквернавен по тема осет за останатите (тука имате широка лепеза на повредени емоции,растурени пријателства,семејства,бизнис односи итн итн). Ако ме наречат,можда и ќе се замислам,можеби сум дала навистина повод и се однесувам така.Не е секогаш муабетот,ма пушти ми љубоморат,затоа што и тоа стана стереотип,ако ја нарекуваат дроља и љубоморат...
Не ме нарекле така, делувам примерно и не, не сум испод мира, триста вира. Е, такви цури мразам. Ајде де, ќе сватам да поминала со 50 на 25-6 години, сака секс, не бира. У реду, нејзина работа, се додека има мозок. Тогаш веќе станува работа на психијатрите, кога изгубила мозок и станала нимфоманка. Друга работа е што моралот, како општествена појава е само ограничување, али ајде, тоа е веќе друга работа, да не разглабам филозофии во неприкладен подфорум.
Значи слободно можеме да заклучиме дека денеска во Македонија не постојат неморални жени туку само успешни во работата , образовани , интелигентни и убави па сите други им љубоморат и затоа ги навредуваат. Добро ајде така нека биде Другите сите се грди , глупави и недоволно образувани па се занимаваат со туѓиот живот . Всушност од форумов може да се види дека повеќето жени воопшто и не се мешааат во туѓите животи , сите сме либерални , слободни ги прифаќаме разликите ... А се прашувам од каде потекнува се она надвор од виртуелниот свет Спојлер И се прашувам зошто никој не се осмелил мене да ме нарече така в лице и покрај сите мои успеси во животот
Вакви жени нема само во шпанските серии, кои јас и не сум ги гледала, туку ги има секаде околу нас. Во комшии имам пар кој имаа три деца и кога се разведуваа, мажот барал старателство над децата и тогаш се дознало дека средното дете не е негово. А во Австралија станува толку раширена појава што веќе се размислува за задолжителен дна тест за секое новороденче.
Па,можеби и требаше да се вика темава Неморални луѓе,но тогаш ќе беше еден многу поширок поим. Има и неморални мажи не велам не,баш исти како овие жени и тие идат со кој ќе им текне ама нели де мажи се тие си ги личи нив,има и такви кои за парички даваат сексуални услуги (жиголо мен ) а и онакви кои гледаат да фатат богата девојка за да им се подобри начинот на живеење и угледот. АМА,ајде де на кој му се зборува за нив? Ако имате што да кажете слободно нека се преименува темата или нека се избрише. Сепак мислам дека овде во Македонија ваквите жени се на мета најчесто,дури и оние кои не се такви.Мажите добро си се држат,затоа што не се кокошки ко нас да си штетиме една на друга. Паметност и трка овде не сакам,која ќе има повеќе лајкови нека не гледа не е ова фејсбук,барам само искрени мислења од вас и без замерки едни кон други,сепак ова е само форум.
Во Муслиманските земји за неморална жена се смета онаа која покажува голи раце, нозе или во некои области дури и устата ако ја покаже и се лепи етикетата неморална... За нив сите ние тука сме неморални... Скраја да е ако не прочитаат низ темиве. Сакам да кажам дека се е ствар на лични ставови и мислења... И никогаш нема да имаме исто мислење за оваа тема. Јас едно сметам за неморал, друга смета друго за неморал, трета за трето...итн. Ќе кажеме курвите се неморални жени, но всушност и најчесто излегува дека некоја го продава телото за да заработи за леб... и за да ги нарани децата дома, трета е присилена да го работи тоа... и разно разни причини Луѓето се сложени... Да ги знаеме вистинските приказни кои се кријат позади секоја личност можеби дури и ќе сфатиме дека и не постои неморален човек! Многу од вас што тука набројале што е неморал сигурно многу често ги користат изреките... Секој си има своја приказна и За се има причина... Така да, сите тие особи (курви, дрољи, спонзоруши...) си имаат најчесто и приказна и причина... Како и секогаш, од ова што го кажав има исклучоци...
Се си е така како што ќе се каже освен тогаш кога не е така што не мора да значи дека е а не мора да значи и дека не е така меѓутоа би требало да биде така само во случај кога не е ама и тогаш има исклучоци јасно е све претпоставувам како и целава тема .
Права штета што кај нас нема јавно стрижење на косата како на овца како што им прават на проститутките во Индија па фино лепо ќе си знаевме која е неморална без да се препукуваме тука. Пуста македонска женска потреба да се мери моралот на другите жени е непресушна, како да ги обединува водите и на Дунав и на Амазон и на Волга и на Нил и на Мисисипи, не само на Вардар и Пена. А најчудно во оваа појава ми е што истакнувањето на туѓата неморалност со вперен прст и закрвавен поглед не ја намалува ни па анулира сопствената бидејќи не е само сексот во основата на неморалот, има невини ама прилично неморални на професионален или друг план, кои има да те силуваат анално во здрав мозок прашувајќи те колку ти е слатко притоа ама нејсе, важно најзначајно е да се етикетира континуирано и производството на трачеви и полувистини да е во тек, бидејќи секоја со три дечковци веќе е во некоја од горенаведените категории. И јас сакав првиот да е принцот чарминг, и да сме во еврластинг стори, ама нејсе, не ми биле наклонети некои планетарни констелации ми се побркале куќите. И дури кубеме коси и грицкаме нокти и го гмечиме нервозно целулитот на копанчето убедувајќи се која Е и зошто е неморална цел психолошки профил со целосна мотивација се прави за миг море милисекунди се во игра, да имаме во вид дека најголем непријател на една жена се секогаш другите жени, мажите станале само добри фалсификатори на оваа тактика и го свртеле оружјето против нашето масовно уништување. Друг аршин е за фригидна, друг за нимфоманка и не дека првава докторирала по етика туку таква природа е макар што ова е крајно неприродно ама тоа ти е друга тема, повеќето лебдат во некој просек измеѓу али сатисфакцијата да ја наречеш некоја понеморална и тоа најчесто неосновано ти е непроценливо искуство и триумф на плиткоста. Јас би и рекла скру ју на цела етика во замена за тоа да не сум фригидна и тоа - најсериозно. И бројчаникот на било кој човек кој мери со колку луѓе интимно општел ни ми бил ни па ќе ми биде мерило за карактер во целост. Секоја жена веројатно има онолку колку што и биле потребни дали тоа ќе е еден или десет или ниеден не е ни мој избор ни па сум надлежен етички судија да и пресудувам.
еее ама добро ќе беше повеќето да имаа висока свест и да беа доволно социјализирани како тебе па да го делат твоето ,односно нашето мислење, пошто и ја мислам исто ко тебе. Дробат зелени за морал и етика...а појма немаат што е тоа.Темава не е Неморални мажи туку Неморални жени каква иронија...каква патетика у живо. ќе си се сексам со кој сакам и со кој ми се сака и ќе си уживкам (нормално да бев слободна) поарно тоа него да сум како некоја фригидна теткица која седнала пред компјутер и ги напаѓа девојките кои знаат да уживаат а притоа истовремено зеленее од љубомора зашто и она не може така....жал ми е ако некој се навреди од текстов ама ја немам намера никого да навредувам само ми е жал и срам од сопствениот пол ....
Уште една тема за фолирање и за правење на Тошо гледам... Мислам дека сите добро знаеме кои жени можат да се наречат неморални, само што некој очигледно не сака да знае, и немам намера да седнам и да расправам за тоа, само ќе се цитирам себеси од една друга тема
Неморалноста не е само курвање и проституирање, растурање бракови и подметнување деца, содржи и друго тотално непочитување на подзаборавени вредности
Токму за тоа и зборувам, но темава е во друг контекст поставена, не се мисли на неморални луѓе и неморални личности, туку само што подразбираме под "неморални жени" .
Бре бре,ајде гледам пак поделби светици,калугерки,а од друга страна сатани и грешници... Слушајте бре ваму..Не ви реков да ги напагате жените и да правите поделби,само муабетиме зошто и како некоја жена ја нарекуваат така и дали ви се има случено така да ве наречат.. Нормално дека жениве си се забавуваат без срам и перде не е*ат жива сила,ја боли неа уво што ќе зборуваш тука за неа..Туку онака отворив јас како честа тема на разговор на денешната младина мислев ќе тргне...Ама не бре,одма препукувања. САКАМ МИСЛЕЊА КАКО НА ТРЕНДАФИЛКА! ТАЧКА.СЕГА ЈАСНО Е ШТО БАРАМ ТУКА? Само надоврзете се,не е тешко,туу да му се сневиди.
Слушај сега, прво смири живци, не знам што толку те боли некој ако си го кажал мислењето. Ти шо бараш е една работа, кој како сака, така ќе си ја разбере темава, ова е форум ако ти се свиѓа и толку го САКАШ мислењето од таа Трендафила а другите не, само нејзиното и читај го, и не не ми се случило така да ме наречат, барем не во лице, ова сакаше да го знаеш? Ако некој ми го рече тоа јас знам што да направам. И зад грб да дознаам дека ми збори, ќе си сноси последици. Тој некој не би имал ни повод ни аргументи, па би испаднал будала со самото тоа што би ме наклеветил. Јас неправди и клевети не трпам, исто не трпам ни јавно пропагирање на неморал, а не трпам богами ни лажен морал. И не подигај го тонот. Како сакаме така ќе коментираме. Има админи ако некое мислење не е за тука ќе го избришат. А форумите не се место за едноумие ова сакам да слушнам, ова не може.