Абе кај нас на Балканов сите жени се ку*ви ако се облечени у минич,нападна шминка,ако имаат богат маж и се тоа....Тоа не се неморални жени....Може била облечена у минич ради некој повод...можеби е со нападна шминка бидејќи така си се свиѓа тој и е стилот,ако има богат маж можеби е дека се заљубиле,а не дека е материјална и лесна женска... Неморални жени се оние кои растураат брак и врски...Иако и тука тие не се криви...Ако ТОЈ не паднел на нејзините финти,таа неможела сама да им растури све...Така да не е крива неморалната жена,туку и неморалниот маж кој се нафатил да си ја изневери саканата И што најмногу ме нервира е тоа што ако машко било со многу женски е фраер,батка,јак и све тоа,а ако женско било со повеќе мажи одма е курва,неморална,дроља,ороспија и све то... Ама криви сме и женскиоте пол и ние кога ќе дознаеме за некоја таква одма ја осудуваме,а машките кога имаат таков у друштво го фаворизираат и им е идол...А да признаам јас не ги подржувам ни мажите шо биле со многу жени,ни жените што биле со многу мажи...Ај доста филозофирам
Имам забележано дека многумина зборот морално го мешаат со зборот задолжително, погрешно мислејќи дека тоа има врска со зборот „морање„ , а нема - на пр. морално ли је оригинал документи али не је морално?) па според таа погрешна дефиниција насловот „Неморални жени„ би значел „Незадолжителни жени„.
Американците форумџии имаат еден израз за вакви ситуации,викаат Thread derailed,односно темата избега од колосек. Темава од Неморални жени стана Дали се машките криви што некои жени се неморални или да? Јасно ми е имањето на различни мислења на одредена тема,не ми е јасно зошто воопшто се споменуваат машки во истата.
Можеби затоа што машките беа тие кои први ги прогласиле жените за неморални Ако погледнеме низ историјата во разни списи, машките најмногу гракале околу целата работа.
Чедо мое,не ми го сфати контекстот на постот. Не сме ние криви што одредени моми забораиле како да си ги доближат нозете една до друга. Нема машко што не бара,има женско што не дава(језда сега се поретки). А кога веќе има одредени неморални жени,мислам дека им одговара таков прекар. Исто како и на машките што не знаат да си го приберат у гаќи,само нажалост не гледам дека на денешните цури им сметаат уопште такви љубавници.
курва или светица..домакинка или спонзоруша...се е тоа личен избор...во која насока ке си го насочите животот тоа е избор на индивидуата...секој за своите постапки си одговара пред себе си и бога.....никој нема право да суди за друг ова или она.....освен ние самите..... искрено во крвта на нас жените а и важиме нели за поубав и понежен пол,да изгледаме секогаш убаво,мило и слатко,а некој ако си има проблем со сваќањата нека си го реши сам со себе си.....а за друго богами жени само напред и ... .ич да не ви чуе за ништо и никого...(стара кумановска изрека)..... сега скоро имаше на фб една убава изрека... .горда сум права грешница за инает на сите лажни светици... .. неморалноста или моралноста тоа е се само ниска свест на размислување.....сите сме светици на еден начин ама длабоко во нас сепак работи онаа грешницата. (сакаме да сме секси,луди,бесни)....самокритичност пред се.....
Неморал - ова нешто налик замислена именка и секој си го дефинира по желба и во зависнот од расположение. Неморални жени, оние кои општеството сака да ги етикетира, веројатно се носители на дејство кое дотичниот етикеташ не го оправдува, но треба да се запрашаме дали неговата нулта точка е морална по која тој се води. Ако за Х особа е морално да флертува со 10мажи - флертувањето со 11 е неморално, а за оние поконзервативните кога флертување со 2ца мажи е морално - се 2+ е неморално, а тоа пак тоа неморалното на првонаведената е за во затвор. Прениско ми е давање епитети за девојки кои имаат муда да прават нешто што јас (на пример) не би се осудила или сметам дека не е во склад со останатата маса. Напротив. Ги ценам што не се плашат и не се устручаваат да го постигнат тоа што го сакаат, независно од тоа што мене тоа не ми е сфатливо. Секој со својата амбиција и нема што тука некој да суди. п.с. Гледам тука се бунат некои феминистки зошто темата била неморални жени...не гледам зошто па да не е. Направете тема неморални мажи, ќе ги коментираме и нив.
Како бе жени само напред ? Се сложувам да не ти е гајле што зборуваат луѓето, но не мисли дека ако живееш неморал другите нема да знаат за тоа. Ништо не останува скриено. И со право ќе те зборуваат и со прст ќе те покажуваат. Има лажни светици, но мислиш дека луѓето не ги знаат и препознаваат? Одма се знае кога некоја е добра, а кога глуми нешто. И ова горда грешница е толку ниско размислување измислено од страна на неморалните, како некој вид оправдание. Но, сепак постојат прави светици, и за жал еве сама кажуваш дека не си една од ретките такви. За болдираново, се гледа дека тоа е твоја ниска свест. Иначе, нормален човек кој знае да разликува морал од неморал има повисока свест. И како тоа сите се светици на некој начин, не можам ни да го замислам тоа. А, последната реченица, дека работи грешницата, кажува за тоа каква си ти, и тоа го кажуваш. Не важи за сите истото. Те цитирав, зошто напишаното ти немаше врска. Кажуваш како живееш неморал и го оправдуваш тоа со преглупави примери. Жално што повеќето се како тебе.
Гледам дека темава долго време не е чепната а таквите ги има на секој чекор жал ми е што ја сум сведок на како да го наречам влијание на таквите врз еден мој близок... Каков ли памет имаат што знаат на тој начин да им ја испразнат главата на некое машко од каде ја имаат таа дресура за да ги лојат што би се рекло... Не знам дали е до воспитувањето да не грешам душа но страшно е како се свртени кон материјалното а уште пострашно што не можам ништо да сторам за да прогледа човеков колку и да зборам... Многу ме интересира како така можат некого буквално да излојат без око да им трепне и да си имаат мирна совест кое задоволство е тоа со туѓи пари да се шеташ облекуваш јадеш и пиеш?
Пред некој ден има кавга со ваква категорија на девојка. И можам да кажам дека многу ниско паѓаат. Немаат свои моралитети и немаат свое јас. Девојката имаше низок степен на облекување, кратки миничи и испакнато деколте. И секој одговор на секој ден различна облека за состанок со некој дечко и гласеше"Па да не му здосадам". За сите зборува и вади муабети, а нејзе никој не ја спомнува воопшто. И за нејзе сите се ситни риби. Ок сфатив. И ме влечеше за јазик, сакала нејќела си доби. И што ќе постигне со тоа? Само да ги договара, значи она да ги бара машките. Кој менталитет еј. Јас се договарам со сите да се видам. А до пред година две, немаше леб да јаде.
Додека ние морализираме, тие газат насекаде. Ѓи имаат најдобрите дечковци, се возат во најдобри автомобили, секогаш имаат скапа облека, одат по одмори на различни дестинации за кои ние само можеме да сонуваме, добиваат подобри работни места од нас и на крај ќе се омажат за некој папан кој ќе ги држи како капка на дланка. Како се постигнува тоа? Со 100 грама смрдено месо. Се додека има овци ќе ги стрижат. На крајот на краиштата имаат и родители кои ѓи подржуваат во тоа.
Факт е дека има секаков профил на жени, но зошто се етикетираат само жените во негативна смисла, кога можеби некој маж е виновен што одредена жена стигнала до такво некое дереџе. Можеби и самата има придонес на патот на градење лош имиџ, но секако дека и други фактори може да имаат големо влијание, така што нема правила и не треба да се осудува. Секој си знае за себе и својот живот.
Ова не значи дека некоја е навистина таква како што ја нарекле. Како што стои и во воведов, можат од завист и злоба да бидат нарекувани така, нема врска со нивниот морал. И моралниот компас е различен. Некоја за мене, според моето гледиште за морал, може да е неморална, а таа себеси да не се смета за таква. И обратно. А всушност, зошто воопшто се коментира за неморални жени, а не за неморални мажи? За мажите немам слушнато воопшто вака да се зборува.
Реално... Таквите жени најдобро си поминуваат. Наоѓаат мажи со пари. Шетаат на егзотични дестинации, вечераат во ексклузивни ресторани, носат скапа гардероба.... Сакаат да уживаат. Па и по цена да си го продаваат телото.
Од причина што се снимаат и не учат како требало да се вежба јога у денешно време. Од сите коментари Далерон има прецизно пишано „ На крајот на краиштата имаат и родители кои ги подржуваат во тоа„
Секој/а што вежбал/а јога убаво знае дека ова не е јога. ..поддршката (конкретно за оваа) е строго од педофили. @Herrera
А оние опајдарки што оговараат што се ..ехее долга е листата едит сега видов дека у друг контекст е темата нвм..
Не ќе да се само педофили. Родителите , кај се тие ? Живи ли се и знаат ли како се снима ќерка им на Јутуб Јас не следам други социјални мрежи, но на Јутуб висам по 24 часа што се вели и затоа од таму земам за пример