Да до пред неколку години чувавме во подрум масиче што тој го правел, може уште е дома некаде, но одамна го немам видено.
Ми се случи и на мене нешто чудно, интересно и морничаво во исто време. Спијам, и наеднаш ме буди некое студенило, кога отварам очи и пред мене лик ама изопачен некако, издолжена фаца со искривена насмевка некако цинична, со црна коса до под уши и не прави ништо, само си стои , кога трепнав истото тоа нешто, се најде легнато до мене. Јас само се покрив преку глава и се разбудив сабајлето и сега се чудам дали беше тоа сон или јаве. разговарав со неколку особи кои се на повисоко духовно ниво од моето и нивниот одговор беше дека тоа е изгубена душа , односно душа која се наоѓа помеѓу живот и смрт (барем јас така го разбрав). Оттогаш ми се нема случено такво нешто, дали дека го игнорирам и не се замарам околу тоа , незнам
не знам дали треба да се верува во некои такви да речам натприродни сили мислам дека се е до психата на човекот, самата сугестија, сугестијата е лоша работа
Еден ден седев сама во мојата соба. Лаптопот ми беше скроз исклучен и не ни беше приклучен на кабел, само што беше отворен. И така седам и одеднаш слушам звук и го гледам како се уклучува. Значи се скаменив и толку ме фати страв што и ѕвонев на баба ми да дојде горе Цел ден ми беше страв после тоа.
Тато ми е кажуваал кога е бил мал со неговата сестра-близначка си играели со перници на кревет во едната соба на куќата... се били само двајцата таму. Наеднаш се појавила слика на икона на Дева Марија и Исус Христос на прозор како сенка. Се чудели тато и тетка ми како е можно, немало од каде да се одрази, во собава немало икона. Од надвор не се гледало, саму од внатре. Таму била неколку саати, после исчезнала... Се уште тато не мој да си го објасни тоја феномен и се праша, како и зошто?!?
Во месец ноември, јас спиев кај дечко ми, со мене беше и кученцето мое. Си легнавме во 2 ипол ноќта а кучето спиеше до спалната. Само што си легнавме кучето стана и отиде до вратата од собата , како што стоеше се наежи цел како мачка, почна да лае, да урла низ цела соба, се пикна во нас и лаеше, неможевме да го смириме од што беше исплашен. Ке отиде до вратата и пак назад бега кај нас, се крие во нас и лае. Се тресеше цело, неможев да поверувам, ни јас ни дечко ми. Неговите беа дома ама спиеја, никој не мрдаше низ куќа. Кучето едвај го смиривме и си легнавме, да спиеме, извадени од памет. Утредента се јавуваат роднини на дечко ми, починал нивни близок роднина. На Божиќ, бев кај тетка ми на гости со моите и кучето беше со нас (сегде го носевме додека беше помало). Околу 9 саат навечер, кучето пак така лае, како да доаѓа некој, како некој да стои пред врата. Татко ми, тетин ми станаа излегоа надвор, нема никој. Кучето стои пред врата и не мрда, лае ли лае. Откако влегоа татко ми и тетин ми, пак исто. Ке отиде до врата ке се наежи цел, бега кај мене во раце, продолжува да лае и гледа накај вратата цело време. Едвај да го смириме, не збесна сите. Утредента се јавува тетка ми кај нас да ни каже, во истото време додека лаеше кучето, вечерта починала жената на нивен многу близок пријател. И како да кажам дека не е чудно??????????? Неможам да си објаснам, ама ете се случи два пати...
Бејби кучињата и мачките чувтсвуваат такви работи. Кога моите баба и дедо имале сообракајка кучето нивно лаело ли лаело. Мајка ми и тетка ми биле мали, сами дома. Сосетката им рекла дека нешто лошо ќе се случи. И навистина имале тешка сообраќајка! А имам слушнато и дека животните чусвтвуваат натприродни сили, како духови, магии и сл.
Пишав на темата за магии и дали веруваме дека такви работи постојат, ама никој не ми врати. Ајде и тука да прашам да не знаете некој човек кој открива и отстранува магии, итно ми треба!!! ама стварно е итно! Ако некој познава таков човек, број да ми даде ве молам!!!
koga ja vidov temava mi tekna i mene na edna sluchka, jas zhiveam u naselba so mn strari i niski zgradi, so mnogu malce prostor pomegju niv. edna vecher se vrakjav peshki i morav da gi pominam niv da stignam doma. pred mene imashe devojche koe neverovatno mi beshe poznato no okolu nego nemashe nishto a taa uporno gledashe vo mene!!! i koa ja pominav taa pak gledashe vo mene nepomrdnuvajki se (lele koa kje se setam mornici me lazat). istrchav doma a tek posle ne mi beshe jasno kako mozhev jasno da ja vidam koa nemashe nikakva svetlina nitu pak otvoren vlev. posle nekoe vreme sreduvav sliki od mene ko pomala i se stapisav koa vidov edna slika ista ko sho go vidov toa devojcheto, ista kosa isto fustanche i kondurchinja STRASHNO !!! im kazhuvav na site ali budala me praat, iskreno neznam sho beshe toa a i koa se prepoznav sebe si nejkam ni da znam ! [mod-kirilica:131bd0iy][/mod-kirilica:131bd0iy]
Сношти си седам на фемина накај 1 и нешто беше вечерта.. Како седев и одеднаш се изгасна струјата. Отидов да ја запалам неќеше. Си помислив прегорела. Отидов таа во ходникот да ја запалам таа светна. По пола час се врати брат ми и ја запали струјата таа што изгасна.. И одеднаш светна. Го прашувам ја направи ли сијалицата вика не ни беше расипана викам па сега не светеше тој вика кога ја запалив одма светна
Кој ѓавол ме тераше да читам Сама дома.. Страв ми е да отидам во дневна (вратите од собава ми се затворени) Прозорот во кујна е отворен.. А папагалчето ми е во дневна.. Страв ми е!!
Завчера правев палачинки околу 13часот и си реков да си пуштам системот музика, одам да вклучувам но системот не сака да се вклучи. Го изгасив од штек, вклучив во друг штек несака и го оставив. Потоа некаде околу 7 сигурно е било татко ми ми се јавува на Skype (не е дома моментално) и му кажувам што како со системот (тој инаку има завршено школо за електроника) тој вика кога ќе си дојдам ќе го поправам.Се гасам од Скајп и одам да се јавам на татко ми но од другиот компјутер , успат поминувам покрај системот и си викам ај пак да пробам и го вклучувам и тој проработува.Татко ми ми се јави и му кажувам и двајцата се чудевме.
Можеби имало некој спој, се случува. Мене со правосмукалка ми се случи истото. Работеше, престана па по некое време пак проработе. Јас помислив ќе речеш системот се вклучил самиот
Разгледувајќи ја оваа категорија ми текна на нешто што ми се случи пред 3 години од прилика Беше есен се сеќавам и бев на гости кај дечко ми. Ама некаде накај седум часот вечерта решив да си одам, бидејќи требаше да учам дома. Излеговме заедно од неговата куќа и се упативме кон булеварот, за да ме испрати до таму. На булеварот застанавме на една автобуска станица, бидејќи имаше трафика една огромна тука и тој купуваше нешто. После тоа застана до мене и муабетевме и јас го очекував секој момент автобусот да дојде и да си одам дома. Застана меѓувремено на станицата еден приватен автобус (мислам дека беше 22 или 23 ...) И јас така муабетејќи со дечко ми, махинално погледнав во автобусот, кој стоеше со отворена предна врата и се качуваа патници...На претпоследното седиште, од страната на стаклото забележав како седи една девојка, со плава коса, со крупни очи, преубава и забележав дека право во очи ме гледа...Беше многу бледа во лицето како дух...Веднаш му кажав на дечко ми и тој се заврте и ја погледна...Само ми ја стисна раката и рече - Ооо Боже мили каква језива девојка, немој да се плашиш... Ова ќе го паметам цел живот...Нејзиниот лик нема шанси да ми избледи во главата...Јас не велам дека таа девојка не беше реална и сл., меѓутоа беше многу морбидно сето тоа...Личеше на дух...Не знам дали ова мислење припаѓа во оваа тема, но не знаев каде да го напишам.
Инаку еве една моја случка која се случи пред 2-3 години... Имав 14 години и една летна вечер додека бев на распуст кај баба ми и дедо ми (да напоменам пред празникот Св. Илија) или некој друг, само знам дека почнуваше на ''И'' и јас дека останував до доцна во маало со друштвото и кога се враќав некаде околу 1:30 најчесто седнував на компјутер и останував додека не се раздени. Ок, нема везе, битно беше некаде околу 4 утрото кога станав и заминав до дневната да видам што има на телевизија пошто не ми се спиеше некако а и ми досади да седам пред компјутер. И јас се симнувам по скаличките во ходникот и наеднаш светилката се гаси ама ај помислив дека цркнала сијалицата...И среќа телефонот го имав до мене и светам да видам каде е вратата. Таман ја најдов и ја отворам, влегувам во дневната и што ќе видам ...Три бели сенки шетаат со огромна брзина низ целата соба. Седам пет секунди буквално здрвена со подзината уста и незнам ни сама како ја кренав раката за да го запалам светлото. И се вклучи за среќа и гледам цела соба во пареа испарува црн дим од масата и мириса на свеќи. Кога спиштив...абе незнаете цела барака ја кренав во вис! Баба ми дедо ми стануваат трчаат и гледаат нешто чури од дневната! Баба ми веднаш отвори прозор а јас заминав да си легнам откако им раскажав. Ми поверуваа за среќа бидејки потоа ми рекоа дека цела вечер слушале како некој ги тропа вратите. А јас пустото занесена во ова копјутерот ништо не сум чула...А да, и светилката од ходникот бидејки ја споменав татко ми утрото ја провери кога дојдоа да ме земат и видоа дека е се во ред со неа и си работи Чудно...инаку бев 100% сигурна дека не халуцинирам. Имаше и сведоци
Уфф ја да го доживеав тоа ќе добиев мини срцев удар и којзнае дали ќе остамев жива. Иначе и јас да кажам една случка. Па бев мала, околу 5-6 годинки и спиев со мајка ми во ист кревет [спална]. Бевме во Кратово. Така ја сред ноќ се будам и гледам вратата на спланата сама се отвара. После на вратата се појави како црно-бела слика од дедо ми кој спиеше на долниот спрат со баба ми. Мислев дека дошол да види дали спијам или тргнал да оди во WC и го прашав "Дедо, што правиш ??". Тој ништо не ми одговори само ми се насмевна и ја затвори вратата. Утредента го прашав дали станувал или нешто, тој ми рече дека воопшто не станувал таа ноќ. Незнам дали ми се причинило, сум сонувала или вистина било, само знам дека беше многу вистинито.