Не би рекла дека е некоја паранормална случка, но за целото мое семејство има посебно значење. Дедо ми почина пред околу една година. Предобар човек. На денот кога требаше да се прави ред-9 дена, се погоди датум-роденден на едното внуче. На истиот датум од смртта, месец подоцна го положив последниот-најтежок испит (беше закажан за друг датум, но професорката го премести во последен момент). На денот кога требаше да се прави ред-6 недели, роденден на другата внука. На денот кога се поставуваше надгобната плоча-роденден на друг внук. На денот кога се прави ред-една година, роденден на зетот од внуката. На истиот датум кога почина по една година, ми го закажаа првото интервју за работа. Никој не може да ме убеди дека е случајност.
Се тоа убаво, ама па зошто на никој не му текнува да запали дома темјан, ем ке ви биди поубо, ем убаво ќе ви мириса.
Темјан ... ДА то е уба работа смирва и енергијата е поинаква А зошто темава е запоставена некако баш сакам да читкам случки
И јас сакам да споделам една случка со вас па еве можеби некој не верува во овие работи сепак секој си има свое мислење. Бевме сами со другарка ми дома и седевме правевме нешто муабети и само слушнавме некои звуци кои доаѓаа од горниот спрат обично ги сумвам моите кога ќе дојдат дома ајде решив да викнам да прашам кој е немат глас никој не ми возвраќа а звуците упорно се слушаат ко да тропкат некој и викам на другаркава морат да ојме горе да видам дали имат некој двете се тресиме и само наеднаш престанаа звуците ги проверивме сите соби дали имат нешто добро двете среќни слегвиме по скали немат ништо кога почна пак истото не да викавме се тресевме двете пиевме блага вода и за среќа мојте дојдоа А уште една исто така ми се имат десено додека ги мијам чиниите гледам на плочките ко некој да ме чепкат со рака понизок од мене помислив дека е баба ми или некој друг се потргнав реков нешто сакаат се вртам позади никој
Сега ми текна,пред неколку месеци кога се враќав од школо со другарка за малце ќе не згазеше погребална кола на пешачки
Многумина се смеат тука , ама да преживеат такво нешто , веројатно би завршиле на психолог . @Badd обично кога има мртовец до 40 дена се случуваат такви работи ( зборувам за моментот со звуците на спратот ) , дали во тоа време имало некој починат кој немал направено 40 дена ? Знам бидејќи со 4-ца мртовци на свекрва ми и се случуваа слични работи . Кога почина свекорот нејзин , до 40 дена слушавме звуци , движење , лупање врати , прозори итн . Кога почина мајка ѝ , исто . Во 2017 почина и татко ѝ , а кратко по него и сестра ѝ . Сето ова се случуваше со звуците додека не наполнија 40 дена . Денес таа живее во истата куќа каде се случуваше се ова , и ништо не тропа , не лупа , не се движи ..
Јас мислев изгледа дека се поќе бидени ама ништо два изгледа биле штета... Па искрено дедо ми умре тогаш имаше еден месец поминато само
Језиво е , но јас сум сведок дека се случува . Присуствував на дел од нив за жал . Ете , сепак било тоа . И јас се плашев тогаш , но свекрва ми велеше до 40 дена ќе трае , потоа се ќе се врати во нормала . Така и бидна . Денот кога изнесоа 40 дена на последниот починат ( сестра и ) се сѐ смири . Не се плаши , тие не можат да ти наштетат тебе и на твоите блиски . Со тоа што прават звуци , палат и гасат ламби по дома , или пукаат сијалици ( ова кога почина татко и , се случуваше најчесто ) , тие ни покажуваат дека не сме сами , дека нивниот дух е сеуште со нас . Бараат мир , а го наоѓаат по 40 - тимот ден од нивната смрт .
Па необјасниво, искрено тука во моја близина има една куќа, откако умреа сопствениците куќата беше реновирана ја купи еден човек и смени се внатре и дури и фасадата однадвор и после тоа откако се всели за 3 дена почина. Потоа уште 3ца сопственици се сменија сите после 3 дена умираа откако ќе се вселеа, којзнае од што. Судбина, случајност? Не би рекла. Сега има година ипол ене прекрасна куќа голема на 3 спрата, тазе реновирана што се вели, со огромен двор и парк ама никој не се осудува да ја купи и да се всели после тие случувања...