Беше дождлива ноќ околу 1-2 саатот по полноќ. Јас легнат на кревет во полусон, слушам на прозорецот (пред мене и е огромен, но имам ставено темна завеса, а надвор имаше еден ред дрва и еден чадор оставен). Ми тропка нешто.... ај си велам јолуко штрака... Пак ми тропка так-так-так... почекувам пак так-так-так. Сето беше временски определено, и почна психата да ме мава. Се доближив од страната на прозорецот каде што се слушаше звукот, потоа почнав да го слушам на подалечната страна! Со текот на времето (ова траеше некои си 15 минути), почна да ми се треса нозете од страв, и реков или че излезам или че умрам од страв, али сепак одлучив да излезам, ја запалив ламбата, земам едно сукало, излегувам надвор и нема ништо...никаков звук. Седнав размислував и си израционализирав дека можеби е од ветрот и шаторот што беше тука. xD
Не ми се верува дека пишувам во темава оти многу ретко верувам во вакви работи, ама ова беше многу необично. Кога почина дедо ми во декември лани јас бев во Лондон и немав виза да се вратам, последен пат тогаш го видов пред 7м и многу тешко ми падна смртта, уште потешко оти сум далеку и не ги видов толку време. Над креветот имавме сијалички, еднобојни оти немаше место за ламба а беше доста темно ви тој дел, ама снемаа батерии и јас ги извадив да видам какви се и да купам и притоа не го вратив назад. После три дена од смртта уште плачев и заспав така, се разбудив и сијалчките над мене светеа, се зачудив оти знам дека нема батерии и станав гледам батерии внатре, го прашав мм да не ставил вика не. Си реков ај може јас сум ги ставила и заборавила па вклучени биле светнале, се убедував. Ги исклучив и пак легнав, ноќеска се будам пак светат. И така неколку дена по ред светеа без да бидат запалени од нас. Не знам може несвесно сме ги палеле, ама мене ми даде некој мир тоа дека дедо сака да ми каже да не плачам веќе дека е мирен.
Верувам дека сака да ти каже дека не си сама , тој секогаш ќе те гледа од неговиот вечен дом . Сака да те успокои за да знаеш дека ти простува што не си била покрај него во последните денови , бидејќи знае колку тагуваш поради тоа . Кога ќе можеш помоли се за него и запали свеќа во негова чест . Уште подобро ако си во Мк моментално , да појдеш и да запалиш свеќа на неговиот гроб .. Јас кога го сонувам дедо ми ( годинава ќе полни 9 години од смртта ) секогаш палам свеќа во црква . Си спомнувам дека за него ја палам и ме смирува тоа . Барем јас верувам дека тој ме гледа од таму горе . Бев многу поврзана со дедо ми , и многу плачев кога почина , дури и додека беше жив во постела јас не можев да го гледам така и многу плачев .. тој го знаеше тоа , знаеше дека ми е тешко што го гледам таков .. не пропуштав ни ден да не влезам во неговата соба и со часови да седам таму . Тој си замина , но во моето срце сеуште е жив и весел како пред да се разболи . Ќе живее во моето срце додека постојам . Тој ми беше како татко , и заслужува барем толку . Еден ден ќе се сретнеме некаде во вечноста , кога ќе дојде време .
Атеист сум и прилично скептичен кон вакви “необјасниви” случки но, пред неколку години се случи нешто невообичаено шо малку ме замисли. Имено, како шо кажав, пред неколку години блиски комшии ја уриваа куќата која шо беше доста стара, со план да изградат нова. Во процесот на уривање, во темелите пронашле грне полно со златници кои датирале од османлиската империја. Беа многу возбудени, бидејќи им требаа пари,а ова им дојде како нарачано! Помина време, ја изградија куќата,ја уредија тип-топ, комшијата бидејќи беше месар си отвори месарница на приземјето, си купија кола, еден од синовите инвестираше во ресторан.... Се на се, ептен се усреќија да речам. Но за жал, по неполна година откако ја изградија куќата мажот почина од срцев удар на работно место, а по неколку недели загинаа еден од синовите и жената. Остана само другиот син кој беше и е во странство. Многу, многу трагично, сите бевме запрепастени шо се случи со луѓево во речиси една година. Куќата е ден денес празна, после некое време беше ставена на продажба, но откако се расчу за случкава ми се чини како луѓето да се исплашија и никако не се продаде. Во разговор со баба ми, дознавме дека наводно кога османлиите ги напуштале овие простори,по укинување на империјата и ропството, оставиле многу работи кои не можеле да ги понесат со себе, меѓу кои и злато, а приота ги “проколнале”. Колку и да звучи ова невистинито, од фамилијата речиси не остана ништо, нема празник да не ги спомнеме, а да не се замислиме шо всушност се случи.
Кога нешто ќе се случи, а јас чуствувам дека тој момент баш така, веќе го имам доживеано. И си мислам чекај нели ова веќе беше.
Благодарам што ми кажа.Не користам Интернет, па не знам. Не се случило тоа три-четри пати, туку се случува постојано и затоа го пишав тука.
Многу некако се пронајдов во темава па сакам да споделам нешто. Имено се работи за фамилијата на маж ми. Маж ми скоро остана и без мајка, значи никого друг нема освен мене и син ни.. Уште на времето дедо му бил златар. Неколку пати го краделе и тој еден дел од златото го закопал и ден денес незнаеме дали златото е извадено или уште е закопано. Пробувавме и со апарати свири но свири и на шајки конзерви итн.. Од толку голема фамилија остана само маж ми. Ајде дедо му и бабаму умреле ете од старост, туку татко му умира кога мм е бебе, вујко му исто млад неоженет, брат му умира на 21 год, мајка му исто млада.. дури и брат и сестра бебиња му умреле Од толку народ што живееле тука само мм остана..Има само тетки.. Скоро кога почина мајка му тетката му кажа дека ова веќе не е нормално и да се селиме, затоа пишував во другите теми дека сакаме да се селиме веќе од страв навистина.. А криво ми е убава голема куќа скоро во Центар но тоа е.. Мирот ми е на прво место.. А може и е некоја лоша судбина кој знае
Навистина чудно . Убаво што сте помислиле да се селите , но што е со златото ? Мислите дека има некоја клетва врз него или онака да не остане во туѓи раце ? Мислам , според мене нелогично е дедо му да фрлил клетва врз златото , и поради таа клетва да изумре цела фамилија ( обично клетви се фрлаат за да го заштитат златото од крадци ,но не и од фамилијата нели .. ) . Таа тетката е од страна на твојот сопруг или од твоја страна ? Ако е од на сопругот фамилијата , зарем таа не знае ништо , барем отприлика што се случило со златото и дали е проколнато .. Во секој случај , пребарајте дали има некои записи од дедото останато , можеби ќе најдете нешто ( секогаш прочитајте и меѓу редови ) барем некакви информации околу златото дали е проколнато или не . Секако мирот е најважен , што и да се случило ( и случува ) важно е вие да живеете без страв .
@CrazyGirl15 охх колку имам да пишувам абе не за џабе викам дека се како турска серија. Иначе и они се Турци. Прво незнам колку ќе ме сфатиш хаха Прадедо му ( на баба татко)прво работел со злато. Имал две ќерки едната баба на мм. На едната и дал злато наследство на другата имот. Е сега сестрите си се тужеле си се карале итн околу наследството дури и скарани умреле. Воопшто не ме интересира што било со него. Доаѓал некој човек пред неколку год тоа апаратот свирел ама и на метал. Аман Налет ништо не ни треба . Маж ми ете се наследил како единствен внук но џабе кога за греота човекот што се не му се исподешава во животот дури има желба и да иде во странство за да избега од лошите спомени.. Пак ќе кажам немора да значи ова ништо само кога го прочитав горниот пост ептен се пронајдов.. Сепак не верувам во такви работи.. Лоша судбина ..
Не мора да веруваш за да се случи . Инаку познати ми се тие караници помеѓу фамилија ( и умирање скарани , на мм дедото од 4 браќа со ни еден не разговараше и сите умреа скарани ) .
Кога бев мал почина на Мајка ми (Мајка),за жал Мајка ми неможеше да отиде на погребот во Белград,зошто бевме многу сиромашни тој период.Појма немаше ни како изгледаат гробиштата каде е закопана мојота Баба,поминаа едно 5-6 години,беше летно време,мојот Вујко отишол свеќа да запали ама имало огромни треви (зашто иделе ретко сите од фамилијата,и не одржувале),земал тревата со раце ја корнел,немал ништо со себе,ноже,срп,и морал некако да се снајде а страв му било некоја змија да не има,и така корнел корнел корнел едно 2-3 саата,завршил работа си отишол,после 2 дена Баба ми,и доаѓа на сон на Мајка ми,и кажува да му каже на братот да не и ја корне косата,Мајка ми врска нема што значи сонот,после 10 дена пак исто Вујко ми,иде на Гробиштата и пак со раце корне,уште истата вечер пак кај Мајка ми на сон,Баба ми истото али многу нервозна,да му кажеш одма на Брат ти,да прекине да ми ја корне косата,и Мајка ми веќе тука и бил јасен сон ли кој знае што,му се јавува на братот и му го кажува сето ова,сите беа во шок,како е можно вакво нешто,до ден денеска се чудиме на случкава,која за нас нема објаснување.
Пред неколку години, почина на дедо ми прв братучед. Живееше сам во голема куќа, па откако почина, сестра му се одлучи да ја продаде куќата и нѐ повика да и помогнеме за да ја среди(беше доста растурено). Отидовме јас, баба ми и дедо ми, средувавме, чистевме и после тоа седнавме во дворот да се одмориме, заедно со куќната помошничка шо се грижеше за починатиот додека беше жив. Како шо седевме во дворот, одеднаш од вториот спрат се слушна силно трескање и чукање, како кочии да поминуваа. Сите се сепнавме, бидејќи до тогаш беше мирно и тивко. Кога се упативме кон влезната врата од куќата, која патем беше отворена, уште пред да влеземе, сите забележавме сенка од човек на ѕидот од скалите кои водеа кон вториот спрат, па побрзавме да се качиме бидејќи си помисливме дека некој влегол во куќата без да забележиме меѓутоа, на вториот кат беше се како шо оставивме, ништо не беше поместено/паднато, ниту пак имаше некој. Ептен се зачудивме . Откако се вративме во дворот, и ѝ кажавме на куќната помошничка за сенката и за тоа дека не можевме да најдеме од каде дојде тоа тропање, ни одговори дека последниве дена и таа забележала слични работи.
За последниве две случки има едно објаснување, ама во голема мера зависи од вашите предходни ставови и желба за истражување. Ако сте христијани, неминовно е да верувате дека постои Бог и ангели, но и демони (ѓаволи, паднати ангели). И дека постојат чуда (натприродни појави). Основата на сето ова е во Библијата. Тие случки опишани погоре ги прават демоните со цел да ги плашат луѓето, да заведат многу луѓе да (истражуваат, да изградат цела квази наука) да веруваат во задгробен живот и дека може да се појавуваат мртвите во соништа или како духови, да одат и да бараат одговори кај разни повикувачи на мртви, бајачи, гледачи... Пократко интересно објаснување како тие сили делуваат и што всушност се случува е опипано од лилно искуство во "Патување во светот на натприродното" - Роже Морно и "Спасен од пеколните канџи на спиритизмот" - Илија Ампевски. Втората ни е поблиска бидејќи авторот е Македонец (еден од најдобрите кларинетисти), околу 80-100 страни, но се толку динамични што се читаат во еден здив. Ако сакате инфо. да ги најдете пишете во лп или ако некој знае нека ве исконтактира. Чудни се случките, едноставни одговорите.
Јас гледам проблем во тоа што нема доволно научни студии за ваквите феномени. Колку се инвестира повеќе во откривање на автентичноста и причината за настанување на тие феномени, толку повеќе ќе знаеме за нив, и помалку простор ќе има за 'необјасниви случки'. Се додека нешто не биде докажано и научно потврдено: Зошто е така - тоа 'нешто' ќе биде подложно на секакви интерпретации.
Многу сакам да читам вакви приказни.И не зашто одма верувам во демони, духови и слично туку зашто многу ме копка за колку работи уствари ништо не знаеме.И за сѐ си има одговор, ама џабе ако во моментот немаме капацитет да го откриеме. А и мене еднаш ми се има случено вакво нешто за кое сум 100% сигурна дека нема најобично објаснување, иако беше одамна ете ми останало во сеќавање.
И гравитацијата не е научно докажано зошто се случува и покрај вековните истражувања и очигледноста и покрај сето знаење за масата и густината. Ама тоа не е тема овде. Натприродни појави имало и ќе има, науката може некои од нив само да ги потврди, но не и образложи, како на пример однесувањето на водата. Тие природни закони некој ги воспоставил.