Денешната наука не е наука која се занимава со такви работи и е во служба на уништување на човештвото. Незнам како не ви се здосади како мантра да прашувате за научни студии и факти во секоја тема со која не се согласувате или не верувате во она што е напишано. Науката и етерот го исфрла од физиката од х причини а доколку тоа не би се случило многу прашања би имале одговор... Неможе вашата драгоцена наука да објасни такви нешта бидејќи не се во нејзин домет, плус тоа е презафатена со други работи. Еден сон неможе науката да објасни а не па паранормална случка.
Имаш релевантни документи за ова? Што е она што ги привлекува сите тела кои имаат маса? Бидејќи гравитацијата не е само силата која што нè држи на Земјата, туку тука спаѓа и заемно-дејството помеѓу две тела со маса.
Шо збораш бе? И докажани се и образложени, само ти не си научил, или не си разбрал Еве го и овај... Не ти се смачи да труеш со догми, покрај интернетот и можноста да научиш се' што те интересира?
Сериозно? Производ е на искривувањето на време-просторот, поради масата на телата. Теорија на релативноста... Ајнштајн и тие работи. Цел врек е поминат од тогаш.
Не е сериозно, не знам зошто ме цитираш. Можеби не разбра што напишав. Му побарав документ да ми даде зошто знам дека не е точно тоа што го тврди тој. Не може да тврди таква работа без притоа да има доказ, сам ќе си се побиеше на крај.
Па да не знам не ти го велам тоа. Гравитацијата е само на хартија и се објаснува само низ математика низ бројки и сили. Ниту некој знае што е од каде доаѓа и од што се состои. Тоа се бајки измислени од лудак кој умрел бидејќи се напил жива и мислел дека сите метали може да ги претвори во злато.
Гравитацијата постои, ама никој не знае не може да објасни зошто се случува. Водата под 4 степени целзиусови почнува пак да се шири, тоа е познато, ама никој не знае зошто. И хелиумот има маса, ама килограм хелиум во балон пак ќе лета нагоре, а нема да паѓа надолу (Ќе се објаснува со густината, ама отпаѓа ли овде масата?)
И водата и маслото се течности. Кога ќе ги туриме во кандилото на пример, маслото лета горе, водата паѓа долу. Двете имаат густина поголема од воздухот, но маслото лета горе, водата паѓа долу зашто е потешка. Наместо да дискутираме овдека и да се препукуваме негирајќи ги фактите, да земеме малку да прочитаме физика барем за основно образование и многу работи ќе ни станат појасни.
После толку месеци синоќа имав пак парализа у сон но овој пат поразлична. Обично ми се дешава не многу касно откако ќе затворам очи. Сфатив дека нешто не е во ред и се разбудив, не можев телото да си го помрднам освен очите. Језиво беше тоа што осеќав дека некој ми стои позади кревет и цврсто ми ги држи рацете кај зглобот преку глава осетив притисок и сакав да ги видам рацете што ме држат,пробав да ја мрднам главата не можев. И се помолив во себе и после 2-3 секунди помина и успеав да станам и одма го земав телефонот и видов дека поминале само 10 минути откако легнав,а изгледа како цела вечност. Имав период кога секој ден имав парализа во сон кога идев во школо и бев под стрес ради учење,испрашувања итн. и ич не се плашев дека бев навикната тоа да ми се случува. Само не ми е јасно што може да е тоа? Како може да осеќате дека некој ве стиска за раце а собата е празна нема никој?
Имав слично искуство пред скоро време. Ништо не можев да помрднам и мислев дека сонувам, но сфатив дека е парализа во сон. Почнаа раце да ме фаќаат по телото и ми се чинеше дека ако го тргнам ќебето ќе ги видам рацете. Како да беа под ќебе и ме фаќаа насекаде. Кога ги отворив очите одма го повлеков ќебето, иако знаев дека нема ништо. Не ми се случува ова првпат, но секогаш после тоа ми е страв да заспијам пак.
Не сум искусила на своја кожа ( барем не целосна , еднаш имав делумна парализа во сон ) но од она што сум го проучувала ( ме интересираат такви работи ) , тоа што си почувствувала дека некој те стега за рацете е обично во твојот ум . Не дека има некој , едноставно кога си во РЕМ фазата од сонот , ти мислиш дека си будна ( она што го гледаш во моментот е всушност сеќавање на твојата соба пред да заспиеш ) а не си будна , ти сеуште спиеш . Чувството дека некој или нешто те стега или допира , е само имагинација на твојот ум . Барем така сум читала . Јас имав делумна парализа во сон , не паметам што точно сонував ( одамна беше ) паметам дека срцето ми чукаше многу брзо после тоа , и се разбудив со тргнување ( знаеш како кога паѓаш во дупка и одеднаш се будиш ) , толку силно што и маж ми го разбудив ( а инаку топови над глава да му пукаат не би станал ) и се сеќавам дека ме прашуваше што ми е . Инаку додека траеше парализата , не знам како , ама свесна бев дека е парализа во сон . Само кај мене го немаше делот со имагинациите , а и чудно ми беше што бев свесна за што се работи .
Знам , сум читала многу на оваа тема , дури мислам дека некаде читав исповеди на луѓе што го осетиле ова на своја кожа , што се гледале додека траела парализата , и језиво е дури и за некој што не искусил парализа во сон . Се надевам дека за брзо време ќе се врати по старо и нема веќе да имаш парализа во сон . Веројатно поминуваш низ стресен период , па затоа повторно си имала , судејќи според она што го имаше напишано погоре . Ќе се среди не грижи се , ќе помине периодов , и ќе се врати се во нормала .
По мое вака.. Доколку ти се дешавало често јас ти предлагам да постиш и да се причестиш и молитва пред спиење да си кажуваш. Ти кажувам од искуство бидејќи кај мене беше исто. Јас не верувам во парализа во сон тоа се глупости СИГУРНО СИ Е СИГУРНО, немој да чекаш и да се тешиш со парализа во сон, да си превземеш мерки бидејќи после да не настане нешто поголемо истрашно од кое ќе нема спас. Бев во иста ситуација како тебе почна редовно да ме напаѓа нешто, значи будна ме давеше никој неможе да ме премисли дека сум сонувала кога знам дека нешто ме будеше давејќи ме. И се така две години. На почетокот не си викав на секому може да се деси напати но потоа стана често втората година,секоја вечер, редовно. Дури плачев секоја вечер бидејќи тоа како да стануваше се пострашно и пострашно така што ми се дешаваа и паранормални работи судирање на чаши,удар по чело, слушање гласови итн... Абе лудница луѓе, јас незнам како не полудев тогаш. И од како почнав да постам и кога се причестив се заврши. Бог мр спасил навреме а можело да биде уште полошо исто како на хорор филмовите почетна фаза на егзорцизам. И кога ми заврши постот сонив сон како отворив една огромна дупка во која падна демонот во неа додека ја кажував молитвата "оче наш" и го поклопив со огромна бетонска плоча. И стварно се заврши фала му на бога. ❤️
Секое сабајле и секоја вечер се молам. Од тогаш до сега да не се подречам не ми се десило Кога и да ми се случи само кажувам Пресвета Богородице спаси ме и Господе Исусе Христе смилувај се на мене грешната и во секунда престанува и станувам. Ми се случува само многу кога сум вознемирена и напната или сум имала тежок ден. За постење да не се заречам,но може од наредната година а постам на некои празници Фала ти многу на одговорот