Необјасниви случκи има и постојат. Можеби не можам научно да ги објаснам а, можеби и ниκој не може па, затоа се необјаснети. А, можеби затоа постојат и објаснети...
Здраво. Само што се разбудив цела преплашена. После еден саат спиење наеднаш се разбудив и видов црвена светлина во собата( а нема од кај да дојде црвена светлина) и наеднаш ја снема, но почна да се тресе креветот и траеше околу 2 минути. Потоа кога заврши станав ја вклучив ламбата и така си седам и слушам гласови, а потполно сум сама. Дали на некој му се има случено нешто слично?
FrauS ти ептен не исплаши сега. Кај мене врне, грми...како ќе спијам јас сега? Да дојдеш да ме заспиеш.
Јас последниве 2-3 дена откако ке задремам и таман кога треба да заспијам чуствувам како земјотрес да има и цел кревет ми се тресе. Не знам што би можело да биде ама сега за сега не дигам паника.
Почна да ми се допаѓа зошто се чуствувам како бебе во колевка Затоа веќе не ме ни интересира што е и од што е
И јас еден париод така чувствував. Појма немам зошто, веројатно е нешто подсвесно. Бидејќи се случуваше неколку дена, секоја вечер, па одеднаш престана.
verojatno e strsno iskustvo no ne e neobjasnivo imam citano za ova kolku sto se sekavam se slucuva vo faza koga covekot spie i sonuva , vo toj moment site muskuli miruvaat (ko paralizirani se , toa se slucuva sekogas koga spies , REM faza mislam taka se vikase ) i dokolku vo toj moment se razbudis teloto seuste spie no ne i svesta i nekolku minuti dodeka se razbudi i teloto ostanuvas ko paraliziran vo tie nekolku minuti cesto doaga do halucinacii probaj ako ti ssluci pak (ne ti posakuvam sekako) da ostanes smirena i da ne se plasis , deka brgu ke pomine , ne e nesto sto ke ti zagrozi zdravjeto
Јас не верувам во парализа во сон. Тоа народот го вика "те гази сенка" искрено не верував ни во тоа ама еднаш што осетив и доживеав не може ниедна наука да ме убеди во парализата во сонот
А зошто не веруваш? Мозокот може да ти приреди доживување кое шо не можиш ни да го замислиш, верувај ми. Некои ендогени активни медијатори можат да ги модулираат самите неврони исто како некоја халуциногена дрога. Конкретно во однос на парализата во сон, во ЦНС постојат два типа на невротрансмитери, ексцитаторни и инхибиторни. За време на будност во ЦНС се создваат, ослободуваат и преовладуваат во главно ексцитаторните невротрансмитери кои се насочени кон мозочната кора и други делови од мозокот со шо се одржува состојбата на будност, додека за време на сон е обратно каде инхибиторните невротрансмитери преовладуваат. Парализата во сон обично се случува кога човекот запаѓа во сон или се буди и тоа обично во т.н. РЕМ фаза кога и се сонува, со шо мозокот испраќа во текот на целата фаза инхибиторни невротрансмитери и кон моторната кора со што мускулатурата е во една вид на реверзибилна, привремена парализа, а и другите сегменти од мозокот инволвирани во свесната, волева активност се под инхибиција со што личноста активно сонува но, истовремено и мирно спие. Во моментот на будење, при парализата во сон, се смета дека мозокот се уште ја одржува мускулатурата под силна инхибиција, а воедно ихибиран е и сензбилитетот за допир, но лицето е будно или во полу-сон и притоа чувствува сензација на вкочанетост на рацете и нозете, а воедно може да чувствува гушење, да има визуелни халуцинации(често, луѓето кои доживеале вакво нешто, забележале човек облечен во црно, со црна шапка) и сл.