sluckava e moment samo ama me ostavi zamrznata; si idam nakaj doma od rabota vtora smena i po ulica nadvor se prazno nema zivo pile, ja idam pravo i odednas odpozadi pretrcuva nekoj decko pokraj mene ja se streknav na moment ama ne obrnav vnimanie odma.vidov deka deckovo trcajki vleze levo kaj so ima kjora ulica i ponatamo znam nema kaj da odis,nema nisto,a ne bese temna ulicata imase na kosovite osvetleni banderi i se gledase i vnatre,i koa minav pokraj korsokakot desetina sekundi podocna nemase ni traga ni glas od deckoto,kako da go goltnala zemjata a nemase kade da pobegne megu dve visoki kukji bez vrata od stranata na korsokakot
Можеби влегол во дворот на една од куќите .. зависи од возраста , ако било помало дете ( до 12-13 години ) можеби играле криенка во близина , па се скрил .. ( не ми се смејте , сум видела и денешниве тинејџери знаат да се соберат и да играат криенка има надеж ) .
Ми се има и мене случувано баш истово, порано. Мир и тишина, уличните светилки не работеа и одеднаш од позади грб, на 10 метри еден си џогира и ме вади од памет.
Кога почина мојот внук,сеуште не беа поминати 40 дена од неговата смрт јас бев во својата соба,другите беа во другата соба решив да одам до вц,а вцто ние одма во ходникот каде што е и надворешната врата. Да напоменам дека сите врати ни беа отворени од сите соби дома,и светлата беа запалени. Наеднаш кога се доближив до вратата тропна некој,од прво помислив идат роднините оти тогаш таков беше периодот нонстоп со луѓе бевме дома. Ама немаше никој. Добро реков од умор е ми се причинува,се случи и втор пат,пак чекав да влези или викни некој,немаше ништо ме фати малку страв и ги прашав домашните дали слушнале но негираја и тие ми рекоја дека можно е да ми се птичинило. Ај реков така нека е излргувам од вц и на вратата истата надворешна (со заматрни стакла ние) пак тропна ама овој пат видов рака.. Значи 3 пати тропна на 3тиот пат видов рака.. Ме полазија морници.. Негде низ темава имав читано дека ако слушнете тропкање на врата или чекори а не се поминати 40 дена дека душата на вашиот непреболен е околу вас и дошла да се поздрави за последно .
Уф леле да слично нешто се случи и на внука ми кога почина чичо ми, компјутерот од ништо сам се вклучил, кога таа влегла во соба. А исто не беа поминати 40 дена јас го сонував чичо ми како ми вели Не се секирај ке ве смирам со татко ми, (а како да беше пошол на пат) а јас му кажав Остави ме мене мисли на себе гледај да стигнеш добро таму.
Има нешто.. Душата на нашите непреболени до 40 дена е со нас,не гледаат и сакаат за последно да се поздрават па затоа тоа се дешава
Мене ми се има случено со тетка ми. Почина од рак многу млада. И така немаше поминато ни 40 дена, не знам каде бев тогаш знам дека бев во тоалет и немаше светло. Си вршев нужда и одеднаш видов бела светлина и ликот на тетка ми. Многу се уплашив, имав само 15 години а и ден денес ја паметам случката.
И јас не верувам во такви работи, ама пишав предходно во темава за единствена случка што ми се случила во животот и уште немам објаднување. Дедо ми кога почина бев во Лондон, многу ми беше и тешко и криво што не го видов 7м пред тоа, две вечери по ред сијаличките над креветот ми се палеа сами, без батерија внатре, не можам да сфатам како е можно и ми остана да верувам само дека дедо ми сакал да ми даде знак дека е уште тука и дека дошол тој мене да ме види за последен пат.
Па имало по нешто но не би сакала да пишувам. И јас не верував првите два-три пати. Го припишуваш на случајностите и не размислуваш за тоа. Не знам зошто така, мн чудно.
Падна дрво на 100м од мене од чиста мира. А требаше од под него да поминам со другарите, среќа ми текна од друг пат да идеме. Само што отидовме на местото дрвото си падна.
Што убава тема си најдов пред спиење ...и како да заспијам сега? А, имам и јас вакви случки доживеано на своја кожа, така да, верувам во сѐ што прочитав. Уфф..долга ќе биде ноќтаа