Se sluci pred 3 godini ubistvo karshi mojata kukja.sin si go ubi tatko mu,dojde policija,beshe nevidna brkotnica.vecerta sinoy go uapsija.pominaa nekolku dena,10tina mozebi i bev vidno voznemiren od toa sto se sluci vo moeto maalo.lugjeo sekako gi poznavav i nekako bev pod neviden stres,nervoza.edna nokj legnav da spijam,pa taka nervozen vo sebe si mislev sto mozelo da trgne naopaku.imav konyrola vrz sebe no pak ne bev miren.naednas gi sklopiv ocite i od sobata od desniot zid,koj sto gleda na istok slusnav silen zvuk,kako veter jak da duva a iako nema prozor i nikogas od tamu ne sum pocustvuval promaja.osetiv nekoja smiruvacka energija sto momentalno me smiri i nekolku sekundi bea potrebni da zaspijam.nz kolku e za veruvanje,no toa cuvsyvo nema da go zaboravam do krajot na mojot zivot.btw ,imam kuce koe toa vreme bese pusteno nadvor i si igrase so neso i duri go slusav deka bese tuka,pa koga se sluci toa,toj jakiot zvuk od veter ,kucevo naednas fati magla.duri i kuceto ja oseti energijata
Neznam dali postojat dusite od pocinatite i ako postojat, zasto bi ostanale? Ama toa neznaeme so fakti i ovaa slucka od detstvoto nekako nemozam da ja zaboravam. Kako mala mi bese malku strav od temnica kako i na sekoe normalno dete, baska kaj baba mi bevme so bratucetka mi preku leto i vo sobata imase kredenec so nekoi ukrasi pa navecer nekako stanuvaa strasni deka dobivaa senka i meseceva, vecerna svetlina i taka legnuvav gledajki gi tie ukrasi i toa bese prvoto sto go gledav koga stanuvav i edno utro, kako i obicno ke stanev prva, i pred toj kredenec imase biro i stol, a na stolot sednata baba nekoja, koja mi zalici na majkata na dedo mi koja pocinala dodeka nie sme bile mali, no se sekjavam na nea ama onaka matno. Se budam i poleka gledam vo taa figura koja gleda vo mene, znaci direktno vo oci i pocnuva da mi se nasmevnuva, ne kaza nisto. Bese oblecena vo se sareno so cvetni raboti, so pleteno elece i so musama na glavata kako sto si bese koga bese ziva. Bese nekako providna no mozev da vidam jasno se so boja..taka se zdrviv od strav i toa traese nekoi 3 sekundi i ja pokriv glavata pod carsavot i cekav da stane bratucetka mi i taka se ispotiv so ladna pot kako nikogas do sega. Stanavme i dvete i brzo kaj baba mi da i kazam no mi rece deka mi se pricinilo no jas ja ubeduvav deka bese taa..sto barase vo taa kukja koga taa zena ziveese vo drugata kukja do nas. Toa mi e edinstvenoto takvo iskustvo i se nadevam i posledno. Nikogas ne sum ja sakala taa kukja i sega znam zosto.
2017 почина татко ми ,никогаш на никој не сум раскажала ,мислев луда ќе ме направат. Можеби ми се причини ,а можеби и не ... Ноќ ,сите заспани јас во полу сон ,ни будна ни заспана ама плачам. Само осетив топла рака како ме гали ,и ми брише солзи ,страв ми беше да отворам очи ,дека чувството ќе исчезне. Траеше две три минути ,пробав со мојата рака да фатам ништо не допирав... Мислам дека тато ме галеше. Недостига преемногу
Здраво дали некој можеби има објаснување на оваа случка и се случила на мајками.Два дена пред да почини дедоми мајками слушнала како нешто и трча на таванот а на таван не може ништо да влезе на тоа не обрнала многу внимание а вечерта пред да почине дедоми слушнала жени како зборуваат нешто но не можела да ги разбере ни да ги види прво помислила дека таткоми го уклучил тв но тој и кажал дека не го укл.и сабајлето во 5 сатот се јавуваат да кажат дека дедоми починал дали некој би знаел што може ова да значи.
Не сум некој што придава многу значење на сонови, но ми се има случено да сонувам нешто и потоа навистина да се случи. Aма си преќутувам неќам да звучам забегано.
Се мислев дали да пишам... Пред некој ден бев сама дома,легнав да спијам. Јас заспивам така што гледам некои видеа на инста. И знам дека некако бев будна бидејќи можев да трепкам на ребрастите завеси на прозор видов мајка со шамија и бебе во рацете. Гледам ли гледам и кога се освестив убаво ништо немаше. Преплашена, му се јавив на дм и тој ајде некако ме смири и сум заспала. Сабајле се чудевме и двајцата што би можело да значи тоа.
Дете бев. Задушница или Духовден вечерта. Дедо ми починат тогаш пред неколку години 3-4. Небитно. Спиев со баба ми таа вечер. Уште чекав сонот да ми дојде. И слушав како столиците и масите во кујна се мрдаат, чекори слушав. Смирено реагирав, си реков ова е дедо. Знам ми имаат кажувано со духот е тука, ова она. Сабајлето и кажав на баба, не знаеше како да реагира, мислеше лажам, ми рече демек глупости.
Баба ми по мајка почина во 2007-ма . Пред да и ставаме 40 дена , јас и мајка ми бевме таму ( јас на распуст бев зимски , па да помогнам ) спиевме во собата каде спиеше баба ми додека беше жива . Јануари месец беше , надвор ептен ладно . Од никаде , утрото кога требаше да и се ставаат 40 дена , од никаде ни дојде вечерна пеперутка . И на вујко ми истата пеперутка му застанала на лице во 5 и 30 наутро , на мајка ми исто , нешто подоцна , јас кога ја осетив веќе беше 6 часот . Сите не разбудила еден по еден . Како баба ми да знаела дека тој ден треба да станеме порано за да спремиме се што треба . Јас прво се исплашив дека во сон осетив дека нешто ми застана на лицето , а јас имам арахнофобија ( страв од пајаци ) па по тенките нозе на пеперутката си претпоставив дека е пајак . Мајка ми ја слушнав , ми рече : не се плаши , пеперутка е . Тогаш станав и си реков од каде пеперутка среде минусни температури и се сецнав , баба е . Неколку дена ни леткаше во кујната , не сакавме да ја убиеме , а не ни даваше да ја фатиме и пуштиме надвор . Сама си замина после неколку дена .
Дечки ве молам ако знаете помогнете ми.. Денес дознав дека татко ми има способност да погодува допрени предмети, значи буквално и да е надвор и да е на улица јас од 30 предмети 1 ќе допрам и он кога ќе се врати ќе погоди.Исто така од 100 овци може да направи една овца да се оддели од стадото. Рече дека му се сонило на 17 години за тоа и дека може да ми ја предаде таа моќ. Може ли да ми кажете за што се работи дали сте имале слична случка. Мене искрено ова ми е необјасниво.
Зошто би се заебавала со вакви работои, ни мене не ми е јасно како е можно, ни јас не верував ама кога видов со свои очи се зачудив и јас, не напишав за да лажам немам ништо од тоа, едноставно ако може некој ако знае нека ми објасни.. Тоа е тоа.