Во последниве две недели, не знам што е, само ми тропа нешто Прво претходната сабота бев на гости кај тетка ми, и седев на пц околу 10 и нешто, и викам ај доста, ќе поглеам малце тв и ќе си легнам. И уклучив тв и кога почна нешто да тропа, цело време, викам прво ај од тв ми се причинува ама не прекинуваше. Таман ќе намалам глас-не тропа, ќе пуштам-тропа. И добро си легнав и одозгора ми се слушаше како некој да оди на таван и цееело време така, не спиев додека не се врати братучедка ми од искачање. После исто пред една недела-две доаѓам од школо, идам у вц, и слушам како некој по креветот да ми скокаше а сама бев дома. Оваа недела беше, си легнаа татко ми и сестра ми, мајка ми беше на работа а јас гледав тв во дневна и ми се слушна како некој да отворил врата од спална, и си викам ај сестра ми до вц иде, ама после како вратата од ходникот да се отвори, а никој немаше. И завчера околу 12 навечер гледав тв и ми се приспа и си легнав и таман кога легнав, бидејќи креветот ми е како фиока, јас спијам горе, а во фиоката спие сестра ми, и не беше пуштена фиоката и ми крцна како некој да проба да ја влече, ама само 2-3 секунди.
Пред една недела,вечерта околу 2 часот појдов до купатилото откако го догледав филмот.Сите спиеја и во тоа сум 100 % сигурна.Само што влегов,седнав да мочкам,а вратата не ја затворив целосно.Погледнав надесно и во лименката парфем видов фигура на човек како се движи.Така недомочкана станав да видам некој да не станал ама немаше никој.Сестра ми си спиеше во истата позиција како што ја оставив,моите не се ни помрднале.Се пикнав во кревет целата стресена. Утревечерта сестра ми отишла во кујна по сок и слушнала јасни чекори и крцкања по паркетот.Ми вика нема шанси да се моите пошто спијат.Целата беше видно потресена кога дојде во собата. Баш пред некој пред овие настани правев муабет со другарка ми дека сакам да ми се случи вакво нешто,а сега ми е страв.Внимавај Баге што посакуваш...
Можеби ќе ти звучи глупаво и пагнански но овие се некрстени денови. Особено пред Велигден и ,,нормално'' е да има вакви појави. Инаку некрстените денови се сметаат како пред раѓањето на Исус, па се до Велигден ќе траат и се смета дека дотогаш секакво зло шета по земјава Незнам колку е вистина но и мене почна се да ми паѓа (каде и да погледнам) и да ми се крши нешто. Пред некој ден утрото накај 3 часот чув звук на виолина. Се зачудив од мелодијата, станав, излегов на балконот од мојата соба и звукот јасно се слушаше дека доаѓаше од под нашиот стан (дека живеам во зграда) и се зачудив бидејки таму не живее никој моментално. Човекот кој живееше умре минатата година летото. И се мислев дали да ја разбудам мајка ми ама ми беше страв да не испаничи и затоа го викнав татко ми И стоевме јас и тој на тераса едно добри 5-6 минути слушајки го језивиот звук од виолината кој не беше воопшто пријатен (за некое чудо) гледајки се со оној ироничен поглед како wtf?!?! Утредента татко ми за секој случај заѕвоне (мислевме дека е таму ќерката на починатиот) но немаше НИКОЈ! Татко ми за да ме утеши ми велеше дека можеби ни се причинувало дека звукот доаѓа од долу, но луѓе АЛО кој нормален свири на виолина во 3 наутро? И сега до Велигден светлото ќе ми биде упалено, за секој случај...
Кај мене дома додека чекориме на одредени места патосот крцка. Ако остане во таква положба, по извесно време и без да чекориме по него си се мести во првобитната положба и самиот си крцка. По природа сум многу плашлива и изминативе две ноќи не сум во состојба да заспијам до раните утрински часови, а ми се спие ми се плаче. Секогаш ја затварам вратата од мојата соба, не можам да заспијам со вклучен телевизор или запалено светло никако. Првиот ден, беше 2 часот по полноќ. Гледав ТВ и ништо не крцкаше се додека не го исклучив телевизорот. Таман ме фати сон и како некој да газеше по патосот. Рипанав од кревет, го вклучив телевизорот и ни К од крцкањето. Го исклучув телевизорот и пак се случи истото,повторно го вклучив, чекав половина час, пак ништо. Решив да го исклучам ТВ и да ги држам очите отворени и да гледам што се случува. Е ова претпоставувам дека беше плод на мојата фантазија иако беше многу реално зошто навистина не верувам во вакви работи. Крцна патосот и помина некаква сенка. Толку ми требаше, се усрав од страв. Станав ги запалив светлото и ТВ и приморана бев така да заспијам. Синојка ми се случуваше потполно истото, при првото крцкање станав ја оставив вратата отворена и го запалив светлото во ходник за да влага минимална светлина кај мене во соба. Така заспав. Што и да било, не е воопшто пријатно. Додека ми бешее вклучен телевизорот навистина ништо не се случуваше. Барем еднаш да крцнеше патосот тогаш, ќе бев по спокојна.
Јас сум многу голема плашливка особено од овакви некои необјасниви работи иако досега не ми се појавило ништо за среќа, освен што чат-пат имам она Sleep paralysis Мој совет е да оставате минимална светлива во собата, било да е тоа од ТВ или од ходник, сеедно. Јас нема теорија да заспијам сама со скроз изгаснато светло и во затворена просторија, ПОЛУДУВАМ ако се разбудам а да е затворена вратата и е изгаснато светлото! Имам читано дека т.н. СЕНКИ, гушења и парализи се случуваат кога нема ниту еден зрак светлина! Затоа јас спијам со минимална светлина во собата, во спротивно полудувам многу си верувам во некои такви работи, нема шанса навечер да оставам откриено огледало, зашто си верувам дека ако во собата има "нешто" ќе се отслика на огледалото. Може ви е смешно и налудничаво, ама јас сум тешка параноја за овие работи. И Трендафилка е сведок Ја терав да го покрие огледалото од плакарот со нешто - во спротивно нема да заспијам, или ќе заспијам ама ќе имам кошмари како производ на мојата потсвест.
за сите кои уживаат за листаат вакви работи, http://www.iluzionist.com.mk/ е вистинскиот портал за вас, можеби таму ќе ги најдете одговорите што ги барате
Не знам дали да верувам,или не.. Другарка ми има вујна,а вујна и има 2 сестри.Двете сестри често се карале.Една помала,една поголема.Бог да ја прости,помалата умрела.Поминале неколку недели.Секоја вечер поголемата сестра додека спиела чуствувала како нешто тешко скока на нејзиното тело.Поминале месеци,а тоа не престанувало.Еден ден,таа ставила некакви си игли во креветот ( во јорганот ) и кога си легнала,сепак повторно чуствувала товар.Кога се разбудила утрото.....Кога се разбудила целата била со крв исто како и нејзиниот кревет.Не знам дали да и верувам на другарка ми..Кажете вие нешто
Во последно време често ми се случува да слушам како се отвараат вратите од другите соби, а кога излегувам да проверам се си е најнормално. Неколку пати слушнав како се отклучува влезната врата од станот. Толку беше реално! Некој како да го става клучот, отклучува и отвара на кваката. Еднаш беше толку вистиско тоа .. Јас се спремав за легнување, а брат ми не беше дојден од излегување. Секогаш кога тој не е дојден, вратата ја заклучуваме и го подизвадуваме клучот за да може тој да си отклучи. Таа вечер ова отклучувањето беше најреално до тогаш. Го случнав тоа и го очекував брат ми во секој момент да влезе во собата, но гледам светлото не се пали. Почекав уште малку и не знам како собрав храброст да излезам да проверам. И како што веќе погодувате, немаше никој :geek: . А оваа случка се случи пред недела-дена. Спиевме сите и во сред ноќ се разбудив (што ретко некогаш ми се случува). Си лежев така и кога ги отворив очите почувствував нечие присуство. Прво си помислив дека дошла мајка ми, но кога погледнав поубаво немаше никој. Јас никој не гледав, а чувствував како да има некој трет во собата. Не ми е јасно како е тоа можно кога јас никој не гледав, а чувствував како тој некој шета низ собата од правец на вратата од собата до вратата на тарасата од нашата соба. Тоа се од прилика не повеќе од два метри. Го зедов мобилниот и си фатив цагер, баш тогаш. Беше 05:05. Тогаш некако уште толку се здрвив и се завртив на другата страна, се покрив со ќебето и како ги затворив очите веднаш заспав. Утрото кога станавме по ова, му кажав на брат ми и тој ми рече дека слушнал како се отвара влезната врата од станот, но не обрнал внимание. Не знам како да си ги објаснам овие појави .. Посебно ме загрижува вторава ситуација .
Леле, глејте што најдов на форумот на идивиди: Вечер за мене изгледа нема спиење. Има и уште искуства, кој ѓавол ме тераше да читам.
Бесе тоа пред 5 години,се преселивме во еден стан во друг град мирно место ептен пријатно,си запознав другарки многу брзо и една вечер се вратив дома од излегување знам 3 саат бесе,толку бев уморна одвај клучот во брава го ставив.Само сто влегувам дома сијалиците во ходникот и кујната пукаат,веднас се рассонив најчудно ми бесе сто нисто не направив не ја ни уклучив струјата за да има спој,нема веза продолзив кон собата и слусам во кујна некои звуци немозам да описам е сега ептен ме фати страв не отидов да видам право се пикнав у кревет и чекам да заспијам кога наеднас слусам чекори и тоа ептен јасни и гласни во ходникот си помислив татко ми станал да види сто пукна наеднас од сијалиците,до кревет имав ќесиња некои осетив како ми влегува во соба и ќесињата почнаа да сускаат.јас ги стискав очите се правам дека спијам мислев ке ме кара кога одеднас пред мене на прозор сенка на еден стар човек околу 70 години,е тоа бесе врв на се толку силно пискав сто мислам усте се сеќаваат комсиите истрчав во спална кај татко ми и немозев да се соземам од плачење..Утредента татко ми казува дека накај 1 часот слуснал стапки во ходникот и мислел дека јас сум се прибрала порано Комсиите ни казаа дека во тој стан месец дена пред да се вселиме зивеел некој старец кој бил психички растроен и дека два дена мртов во станот бил никој не го надгледувал...јас од таа вечер немав мир после пола година се исселивме никој од нас немозесе да си објасни какви се работи се десија местото бесе како проколнато
Ова што ќе го пишам не е необјаснива случка али тогаш кога ми се случи оваа случка се извадив од памет, а дури после дознав што била работата Си седев на компјутер и вратата од мојата соба беше отворена и има голем ходник и врати од другите соби, а сите врати од другите соби беа затворени освен од кујната. (само мојата врата и од кујната беа отворени). И само седам и си читам нешто на интернет, кога одеднаш слушам чкрап со силен звук и се отвори вратата од спалната соба. И јас се укочив, си помислив како може сама да се отвори вратата И така седам едно 2 минути и само слушам ТРАС падна нешто од спалната е тука штом не добив срцев удар мислам дека никогаш нема да добијам, од памет се извадив и одма станав и ја затворив вратата од мојата соба. И не искачав од соба додека не си дојдоа мајками и таткоми од работа. После неколку часа се вратија моите и им кажав за ситуацијата и баш се зачудија, и влеговме во спалната и видовме како е падната ламбичката што е покрај креветот. Е сега е интересниот дел Наредниот ден од случката што се случи со вратата, јас нешто си чистев и си бришев прашина и баш во ходникот ја чистев комодата и кога одеднаш пак слушам чкрап како се отвара вратата и се вртам и гледам како МАЧКАТА во тој момент ја пушта кваката и паѓа на земја и си влага пак во спална И се згазив од смеење, тогаш првпат ја видов како отвара квака а претходно никогаш не ги отварше вратите. И сватив дека уствари макчата била таа што ја имаше претходниот ден отворено вратата и она ја имаше бутнато ламбата во спална.
беше лето, некаде околу 2-3 по полноќ.спијам во спалната на мајка ми и татко ми зошто собата е ладна и во лето е доста пријатно.никогаш не спијам цврсто па малце ги подотворив очите.на прозорецот имаше сенка од човек со шешир на глава.отпрвин мислев дека прозорецот е во дворот на чичко ми и стрина ми,и плус е ниско веројатно се качило некое маче.но не..ги истрив очите и пак нешто стоеше..отидов до купатило,го измив лицето (не ја пуштив ламбата притоа) и се вратив.и сенката сеуште стоеше.е тогаш кога вриснав..истрчав до собата каде спиеја моите.татко ми веднаш излезе на тераса бидејки ако имаше човек тука не може така лесно да излезе,треба низ дворот кај моите роднини,да ја отвори влезната порта и доколку би бил тука така секако ќе го видевме.и немаше никој..долго време ми беше страв да спијам сама..ама оттогаш вакво нешто повеќе не ми се случи..и не дај боже..
чекај да те прашам си се препознала ти во тоа девојче? сакаш да кажеш ти си била тоа? не сватив. знаеш на интернет читав случка на еден старец, тој во дворот си седел со внуците летен период, никој немало во куќата, случајно се завртел кон прозорецот и го видел своето минато, односно тој како млад човек кога бил, и таа фигура ѕиркала низ прозорецот во дворот, беше сликовито прикажано и се уште се чудам како е можно ... и си викам, ај ова претеруваат колку да имаат што да пишуваат, но читајќи те тебе гледам не е измислица, изгледа постои нешто.
горе доле сите необјасниви случки се вртат околку духови и невидливо нешто, но најчудни случки ми се на ајдабленеј претходниот горе и постот на мона мона за девојката со спратот 12 и детето, дефинитивно нешто најчудно до сега, како на некој хорор филм!
пред 5 години, навечер еден ден пред мојот роденден, легнав и така заспав, случајно се разбудив во 3 саатот (што веќе беше денот на мојот роденден), а секогаш спиеме со изгаснати светла ништо не оставаме, така кога се разбудив гледам од кујната светло кое се гаси и пали само и се слуша како шкрапа, брате мили знам дека беше се исклучено и темно, а гледам се повеќе се пали и гаси, како некој да си игра и тоа некоја чудна седефаста светлина, не отидов да видам, туку станав испаничено татко ми да го разбудам, само што стана тоа престана, отиде во кујната немаше ништо, после си легнавме и двајцата не заспавме, но ништо не се гасеше и палеше, ден денешен незнам што беше, дали нешто сијалицата или нешто натприродно? а лани на одмор во куќата на бабами која е веќе почината, спијам во нејзина соба, беше мирна и тивка ноќ, немаше ни ветренце, таман се наместив да спијам приметив нешто ми се мрда, се завртев и гледам вратата од собата сама се затвара , јас станав ладнокрвно и ја отворив, прошетав низ куќата, а бе воздух немаше, сигурна сум дека не беше промаја, а едно знам баба ми не поднесуваше широм отворена врата, баш се затвори онолку колку таа сакаше да и биде! знам дека беше она и затоа не ми беше страв, за првата случка да, за втората не бидејќи мојата бабичка беше со мене.
Vaka ke vi kazam iskreno samo ednas se imam preplaseno do smrt vo zivotot i toa se desi vaka , pred 4 godini : Bevme drustvo sobrani za zapivka , se sobravme 6 dusi , maski i zenski. Posto ne uspeavme da najdeme mesto kade da se zapivame , resime se da odeme na vilata na eden od drugarite i so sobravme vo edna kola site 6 dusi ,( sreka ne e soprea cajkanite ) . Vilata mu se naoga nadvor do gradot , a po patot do vilata se mine niz gradskite grobista . Taka trgname , praveme galama , muzika ece od kolata i mineme niz grobistata. Posto e prav patot , se vozese so malce pogolema brzina do dozvolenoto. Taka dodeka vozovme po patot do grobistata , pred nas se pojavi , bukvalno od nigde , edna stara baba , tocno pred kolata. Posto nemase vreme da sopre , kolata pomina niz babata , i toa bukvalno niz babata. Drugarceto zakoci jako , site izletame napred u kolata , i koa se svestime so se desava , vrteme se nazad i gledame kako babickata stoe u mesto i gleda pravo u nas . Isto kako koa gledate u vosocna figura ili nekoja 3-d slika , taka izgledase toa , skameneta , ne se mrda , a se osekat emocii u ocite . Zenskite pocnaa da piskat , pa i nekoj od maskite vikaa posilno od zenskite , i vozaco udari na gasta , i letname mu ja od tamu . Po pato do vilata site traeme , bledi ko krpi , da ne bocnevte , krv nemase da kapne . Nekoi do nas bea u grc , izrazo na liceto im bese .. neopisliv. Stigname do vilata , koja e okolu 2 km od grobista i ulezeme unatre . Sedname i traeme site i samo se gledame . Eden drugar prv pocna da zbore i vika : Ne sum ja lud ili pijan , toa so ja go vide predmalce , videme go site , neli ? Ne haluciniram ili sl.. Site traeme , jasno bese deka iskusime nesto cudno , so kola pominame niz babicka , a ne ja ni dopreme .. Posle pola saat pocname da si doagame pri sebe , vrnani se krvta u venite , i pocname da zboreme za duhovi , dali e mozno da videme eden ..Sedevme u soba so 3 prozorci , na site tri imase roletni i site bea dignati. Taka do deka sedeme i zboreme , site roletni , istovremeno padnaa i udarija jako , so dve devojcinja se onesvestija od samio zvuk , od momentalen sok . Site se smrzname , duri i prestaname da diseme , i gledame okolu sebe so se desava .. E sea sobata e povrazana so edna mala kujnicka , kaj so ima casi , sadovi , sudoper itn.. Vrata do kujnickata bese zatvorena i nikoj predhodno ne bese ulegol u kujnickata. Taka skameneti , sedeme , i koa slusame zvuci kako doagat od kujnickata , prvo blago tropanje , pa posle zvuk na srkseni cinii . I zimi se , koa go slusname toa , ja za malce ke doziveese srcev udar ( seea dodeka vi go pisuvam ovoa mi se tresat nozite ) , eden tolku jak grc , so me paralizira , samo ocite mozese da gi mrdam , tesko i naporno mi bese disenjeto. Posle 2-3 min , prekinaa zvucite , od kujnickata , koa eden od drugarite resi da bega niz vratata , ne ne ni prasa dali doagame so nego , samo letna da trce , da bega . Otvorija nadvoresnata vrata i pocna da bega , koa za 10-tina sekundi pocna da vika histericno , da se dere kako da go kolat i odma se vrna unatre i ja zakluci vratata . Celio bese prebleden , on izgledase na duh ebago , tresese se i ne mozese da zbore ( i do den denesen ne zbore normalno , d'tka i mumlja ) , placese i poleka pregrna eden od drugarite i klekna. Prasame go so videl , ama ne ni odgovori , zagliba u zborenjeto samo vikase : nnnnn.... i tolku . Narednite 2 saata bese mirno , nemase ama nisto , ali nikoj ne se ni osmeluvase da se pomrdne od mestoto , 2 saata sedevme u mesto , ni milimetar ne se pomrdname. I koa od nadvor slusname eden silen udar , jak udar , kako bomba i tolku , mrtva tisina . Posle toa nema nisto , ni zvuci , ni udari , nisto . Sedeme skameneti u mesto 6 saata dodeka ne se razdeni , po so zapalimeja kolata i si ojdeme doma . Dve od devojcinjata zavrsija u bolnica , a eden drugar u klinika , pred 5 meseca go pustija , psihlozi , defektolozi go opravaa , ama ne mu go opravija govoro , uste d'tka i mumlja . Utredenta posle sluckata , kazame na nasite so ni se desilo , viknaa pop da ja prociste vilata , i raskazame mu ja sluckata . On ni kaza deka sme i go narusile miro da taa mrtva dusa ( posto praveevme galama po pato pokraj grobistata ) i taa dusa dosla da mi stave do znaenje deka i smetame .Ama trebalo da se izvineme uste koa pominame so kolata niz nea , ama nie posto izbegame , toa ja nalutilo i dosla da ne maltretira. E sea ne znam niso okolu duhovi , gavoli itn.. ama znam so iskusi i znam deka zivoto mi se namali za 100 godini , ja uste imam posledici od toa , cesto gubam ziv i me faka panika i blaga tahikardija , a nitu eden od 6-te dusi so bevme , ne e 100% normalen . --------------------------------------------------------------------------------------------------------Јас оваа случка ја прочитав од друг и морав да ја поставам на овој форум бидејќи навистина е језива. После ова што го прочитав незнам како ќе заспијам